Не ми е јасно зошто мора жената да го " пегла" мажот за на некој настан, за на пат. Плус деца да чува, плус ручек да праи и да средува. Не можам околу мене да ги разберам маженивњ околку мене, пак почнав да се дружам со нив, пошо морав, неизбежно ми беше. И одма добив : Дур не почнеш како жена да размислуваш, а не како дете, ќе зборуваме. Ќе те видиме кога ќе се мажеш дали ваква ќе размислуваш. Дур муабетот ми го свртија демек затоа си сама оти вакви муабети правиш.
Ма, нема да преживеат у провинција повеќе од 1 недела. Да не се разбереме погрешно, не викам дека е океј да се нема вода, струја секој втор ден, ама еднаш снемале вода 24 часа, притоа Е НЕОПХОДНО и претходно НАЈАВЕНО, испадна ко апокалипса да најавиле.
Речи јас не се мажам зашто сакам маж/партнер а не недоквакан само за 140 гр месо и приплод.. ( ако и за тоа ги бива ).
Да, и до некаде во право се шо се исплашени, викаат дека за 15 часа ќе биде готово ама сите знаеме дека нема да го средат проблемот за 15 часа. Џабе е кога нема салам институции. 3 недели оставиле вода да тече низ улиците еј.
Јас би го пеглала од што ми е мерак да оди испеглан, и ќе готвам од што сакам и ми е убаво, а не дека тоа ми е обврска.. Пример ако имам маж што работи тешка физичка работа цел ден, нормално дека јас ќе готвам, ќе средувам дома, ќе чистам, а ако работи пред компјутер, или некоја друга работа исто како мене која не е физичка, него повеќе интелектуална, би работеле се по пола и дома.. Се е ствар на договор, не викам дека мојата работа пред компјутер цел ден е полесна, ама наместо да одам после работа во теретана, ќе земам дома ќе исчистам, ќе зготвам, ќе испеглам, ете ми физичка активност, а ако он работи молер, сигурно нема после работа да му речам ај земи изџогирај зш ти фали физичка активност.. За мене е добро после седење цел ден да се раздвижам ама пак ќе кажам, ништо не ми е должност, се е затоа што сакам.
Еве 21ви век сме, излегоа андроиди више до 15ка и угоре, уште нема начин да ресетираш акаунт на некоја апликација со праќање код на меил само со телефон зошто ако излезеш од апликацијата да го копираш кодот, истата апликација се ресетира на почетната страна и истиот код веќе не важи, па од почеток мора да побараш нов, пак излегуваш за на меил и така во круг.
Еве бе срц јас сум скопјанка, имам дома вода галони ( не пијам чешмовача) за друго наполнив мислам доволно.. не паничам си седам релакс, си терам сабота.. Се дешава и ова. За раце миење има и влажни марамици, има се и свашта. Мене само за болнците и пожарната ми е шубе, за нас и за друго ќе преживееме најнормално.
Пак се делиме на СКОПЈЕ и провинции? Јас мислам на Скопје Центар, провинција Радишани, провинција Драчево, провинција Ченто, провинција Зелениково, провинција Карпош 3, провинцијата Јурумлери, провинција Ѓорче.
За дома ај ќе преживееш. Али се надевам кафани, локали, ресторани каде нема вода, нема воопшто да работат, наместо некој готвач да се исќења, да не измие раце соодветно и после некој да се отруе. Ако немаш вода, треба клуч на врата да ставиш за тој ден. А наводно некои ќе работеле.
Без разлика, мислам и сакам да си делам обврски со него. Баланс сакам. Е па од ваквите ни страда општеството- Мажот сака жена, ку**а и домаќинка. Демек коа ќе си дојди, мажот сака ручек, рилекс и секс, мажот сака секогаш се да му е погодено, кој маж ќе сака жена ништо што не знае. Значи јас ќе сум роб на мажот, куќата и децата. А он треба да си леже со стапот в раце и да работи и да шета.
Не е дека сите паничиме. Има луѓе со мали деца. Има стари изнемоштени лица. Не им е така едноставно да седат предолги саати без вода. А, објектите пак, кај што е битна водата за одржување на хигиена...
А како инаку да го поправат дефектот што постои? Или со магија? Сакате сѐ да функционира беспрекорно ама не дај Боже некој да прави maintenance за уствари сѐ да може да функционира.
Прилично знам за што збори Стеј калм. Немавме 3-4 пати по 3-4 дена вода во јули/август месец без најава или пак со најава дека ќе биде дефектот неколку часа, а беше со денови. До некаде во цела оваа ситуација имате време да се снабдите со вода, ние немавме.
Другарките ти прават влијание и мислам дека е пореално и разумно. Твојот став доаѓа од друго влијание, верувам дека е феминизмот (екстремен) на интернет кој го конзумираш, кој што според мене е деструктивен. Тажно е што у последно време се почесто среќавам коментари вакви како твојот, покрај сите услови што ги нуди модерниот живот т.е. лесен и во комбинација со многу слободно време и маштање по идеали дојде до тој степен да мислиш дека си "роб" само во семејството. Не знам колку години си и какви искуства имаш во животот ама треба убаво да ги разгледаш влијанијата и наративот кој го прифаќаш и да сфатиш дека не е се така црно и бело. Твојот коментар ме потсети на еден мим со кој и ќе завршам тука:
Со магија секако Во ред, ете дефект е, иако фрустрирачко е вака. Ама мора нели се у 5 за 12 да се реагира кај нас. Мора да се чека проблемот да стане што е можно поголем, па да им текне да санираат. Пример еве кај мене у населба, не така ретко знае да снема вода по неколку часа. Без најава секако, редовно стана ова, и доста често. Па шахтите се преполнуваат, вода се излеваше, се поплавуваше еден двор у комшии, ама слабо се ажурни за да реагираат и да санираат. И морало поделби да се прават, и да се потенцира колку сме биле разгалени и нежни. Сите би не фрустрирало коа вака ќе бидне, ај да не се лажеме.
Ама е глупа сликата . На секретарката тоа и е работа, да напраи кафе и да куца тамо на компјутерот. За тоа зема и плата. А мажот дома не е шеф на жената. Ниту плата добива жената за да му вари кафе. Скроз си е способен сам да си направи.