Не мора да си секретарка да вариш кафе, ваљда ако идеш на работа ќе знаеш. Ондак побарај му 50 денари на маж ти кога ќе му вариш кафе, да не се мачиш за џабе
Абе мислите оти сте интересни и оти довека ќе ве пеглат и перат жените Само немој да се изненадите кога ќе останете сами дома и ни џезвето нема да знаете каде ви е .
Генерациски се одгледуваат и растат неспособни мажи кај нас... Пошто нели, „женска и машка“ работа. Испод чест и е на маживе да работат од „женската“ работа. Или па евентуално мрзливи се. Језивко.
Никој не спомна дека е испод чест да се работи "женска" работа. Целиот коментар почна од тоа како членката се смета за роб, што е "језивко" и треба на тоа да се посвети внимание, а не да се охрабрува.
Никој не смее да му "шефува" некому. Нит мажот на жената, ниту обратно. Јас спомнав ДЕЛЕЊЕ ОБВРСКИ, ако за тебе тоа е феминизам, ок. Пореално е жената да ги зема сите обврски? Хахах А што праиме со случајот каде мажот не работи, а жената оди на раб, завршува домашни обврски? А он, буквално ужива. Како ти гледаш на тоа? Не се осеќам ко роб, ама имам баш другарки што се осеќаат така.
Така е, никој нема потреба да шефува некому. Семејството е заедница, и се е ствар на договор, почит и разбирање. Секој си се раководи како сака, нема потреба да се грижиш за нечиј друг избор и начин на функционирање. Нема лошо или добро, ако тебе не ти се допаѓа одбери си друг пат, let them be. Примерот што спомнуваш е добар, вистинит, тука веќе има супстанца за дискусија и е подобро отколку само да пишеш генерализиран коментар како се да е трагедија и робовладение. Сосема друга порака испрати во првичниот пост.
И ти дојде на жена да ѝ објаснуваш како треба да се чувствува преку глупи мизогинистички мимс, иако не го разбираш нејзиното искуство?
Очигледно дека треба да рипаме од радост за да му свариме кафе и да викаме " Господару, чест ми е шо пиете кафе од моите раце".
Пресмешна ми е трад пропагандава жими сѐ. Кај мене на работа (просечна канцелариска) сите кафе си правиме само за себе, со кликање две копчиња на кафемат. Мислам дека ни класични секретарки во 2024 во ниедна сериозна фирма не им варат кафе на шефовите, туку само одговараат на повици и мејлови. Единствено куќните помошнички подготвуваат пијалаци/храна, пеглаат или чистат за шефови на работно место, и токму тоа се домаќинките во традиционални бракови - куќни помошнички и тоа НЕПЛАТЕНИ.
Со години посакував во наредната година освен здрави и живи, да бидеме подобри и на финансиски план. Оваа година тоа ми се оствари. Истеравме супер одмор без да размислуваме дали имаме доволно средства, добив возачка, имавме разни прошетки, дома средивме и имавме пари на страна. Ама тие пари не биле наши. Тие пари ги дадовме за лекување и погреб. Затоа оваа година нема да посакам да имаме повеќе пари, доволно е ова. Посакувам само сите да сме здрави и живи, сите да бидеме на број. Ништо не е поважно од тоа. Пари се враќаат, луѓето што заминаа не се враќаат никогаш
Едно нешто шо маживе не го разбораат е дека не може да постои трад жена ако мажот не е трад маж. Пошо трад жената не оди на работа и седи дома и ги завршува обврските а за тоа да го постигне, треба да има трад маж кој ќе работи, ќе ги плаќа сите сметки, ќе и купува фустани и улошки на жената, и сите потреби ќе им ги исполнува. Ама ко шо гледам, овие мажи се жалат и за едно кафе шо треба да го платат на првиот дејт, а не па да бидат трад мажи.
Не критикувај само колку да се најдеш у муабет. Каде прочита дека и објаснувам како да се чувствува ? Ако не извадите нешто од контекст не ве бива. Ние се разбравме ако ти е тешко да видиш. Ова "глупи мизогинистички мимс" е клачисен феминистички коментар без кој не се може, неопходен како воздух ви е.
Preach Во другите теми се плачат за едно кафе од 100 денари да почастат, недај боже вечера, а тогаш ќе мислат дека им должиш нешто (знаеме што) назад заради тоа. Инаку си бездушна материјалистка. Ама дома мора жената да трча по нив, да им готви, чисти, пере, вари кафиња без збор. Во време кога двајцата партнери одат на работа, логично е обврските во домот да се поделени. Па и кафе да му сварам немам проблем, ако и тој го прави истото за мене. Добро рече, тие што сакаат традиционални жени, треба да ги засукаат ракавите и за двајца да работат, да бидат провајдери на сѐ дома, но кој да разбере, тие сакаат ем принцези да бидат ем жена да им слугува по дома.
И да, на крај ќе заминат кај друга или кај некоја к**ва пошто домаќинката ќе нема доволно сила и за секс, па пак она виновна и не си го гледа мажот. И така Ето, пак ќе споминам пример кај познаничка каде што он и дозволува да излегува навечер само со мажени жени. Др тема е таа, ама ајде да ме биде озборувам.
Не е друга тема, баш се поврзува едното со другото. Ако сите обврски паѓаат на жената, домашни обврски, деца, работа, нема да има сила за секс, нормално. Не сме програмирани машини, секаде да постигнуваме максимално.
Ако може да престанеме повозрасни луѓе со закоравени размислувања да ги правдаме дека толку знаеле, дека во такво време растеле, ама пак не биле они лоши луѓе Оти не е тоа само став за мода и музика и храна туку луѓе со став дека "kuckata mrdala so opaskata", буквално се луѓе што ви посакуваат насилство и малтретирање. Оти како може некој што смета дека силување е океј, да ве цени како човек, да ви мисли добро? Како да правам муабет и да сум блиска со некој што утре ќе грицка пуканки додека мене некој ме малтретира оти смета дека сум си го барала? Такви биле, така растеле. Ме боли патка како растеле, ако не те боли душа прво за свое дете, па и за рандом дете, девојче, жена што се малтретирани, имаш сериозен проблем во главата и не те сакам во близина, како год да си растел. Па маче и куче да ги видиш, ќе им дадеш лепче и ќе ги погалиш, ама они за жив човек, за свое дете ќе јадат говна дека си го барало оти така биле растени. Мајке ми, болни сте и ненормални. И ова вклучува и родители и било кој од фамилија.