овде ми се чини има доста девојки шо сакаат не само да си го платат своето кафе туку и да го частат машкото на прв дејт, еве се пријавувам да ме частите, покано во инбокс ве молам
Не може да е пример за робовладетество затоа што робовите немале права, а она има право на пауза од 30 мин! Инаку преку провокација изнудив реакција, тоа ми беше целта. Пред се затоа што правеше рефлексија на реакцииите и постапките на другите, ако не плателе кафе ќе останеле инцели! Нема цел да продолжам да те провоцирам. За се е потребно компромис и баланс. Работам канцелариска работа, независно од обемот и динамиката на работата, треба да се заврши од 08:00 до 16:00, ако не, следниот ден. Нејзината работа вклучува работење на проекти кои треба да се завршат во определен временски рок, со тоа, иако работи од дома, нема стриктно работно време, често работи и по 12 часа. Секако, варирањето може да опфати и помалку работни часови, но тоа е исклучок, а не правило. Во однос на работните задачи (подоцна ќе напишам и за гестовите), олеснителна околност е белата техника, машина за алишта, за садови, сушара, паметна правосмукална...со тоа домашните задачи се сведуваат на техникалии кои не мора да се извршуваат на дневна основа, со исклучок на пазарењето и готвењето. Не се обемни, не се тешки, може да се поделат, а со тоа ќе се има и повеќе време за нас заедно. Од сите обврски, дневни и неделни, не бришам само прашина затоа што, класично машки, бришев само онаму каде што се гледа, но “останатата ние сме ја дишеле“. Повеќе немам право да бришам прашина! Честењето кафе (пиво, вино или сок) е гест. Нема тука длабока психологија (како што смета другарка ти Нина), гест кој не може ниту да го опише карактерот на човекот. Може е културен, може сака да се чатали со парите, може сака да те искористи, а може и навистина да е стиснат. Затоа треба да се следи динамиката на разговорот при првиот дејт (гестови, манири, ставови, мислења, размислувања, финансиска стабилност, заеднички интереси...), и твоите најзначајни проблематики (т.е. животни прашања) да се произнесат на тој состанок. Едни од позначајните, според мене, се волјата и желбата за потомство, професионалната визија за иднината и личниот миграционен став (селидба надвор од државава или останување во истата). Во спротивно, ако ти претставува црвено знаменце тоа што не сака да ти го плати кафето, не мора да одиш на втор состанок.
Се убаво напиша. Чекај јас да ти кажам нешто. За нас жените многу е битно дали мажот ќе сака да части првите состаноци. Тоа многу ни кажува. Значи не е за частењето или до мочаното кафе ( можеме и сами да си купиме) , туку самиот гест ни кажува ( ако го свиѓаме мажот) каков е он по карактер и каква иднина би имале со него. Дали е стиснат, дали е дарежлив, дали му се допаѓаме, дали можеме да рачунаме на него во брак и кпга ќе дојдат децата, дали е џентлмен, дали има пари или нема... итн итн.... многу работи од тоа заклучуваме. Нормално, некогаш и ние ќе платиме, али сметам како и останатите жени, дека клучно е дали мажот ќе сака да плати на првите состаноци. Ако не сака да плати, тогаш оди во friend zone. За пријател секогаш би платила.
Ах колку ми е смачено од оваа новогодишна "претстава", па лигавења, па славење, па фејк насмевки, слики, хепи фемили, бест френдови итн итн
Како имаат време да се сликаат Јас ниедна слика неам од прославите за нова година, значи максимално иам уживано шо ми нема ни текнато да го допрам телефонот.
Па тие не ни уживаат. Мислам, зависи што подразбираат под поимот 'уживање". Меѓутоа за мене дефинитивно не е тоа да дремам со тел у рака и 3 саати со фотошопирање.
Па уживање со луѓе за нова година шо може да биде. Да се дружиме, да пееме, да разговараме, да плачеме, да се опиеме... Се имам поминато, само тоа со телефонот никогаш.
Толку страни филозофија за едно кафе. Се согласувам околу кафето. Појма немам ни кој платил, ни кој не, тотално ирелевантно е. Ова другово е малку поинтересно -озбилно се тоа успевате на прв состанок? И не е малку премногу ...финансиска стабилност, воља и желба за деца?
Збори за себе. Плаќањето не ми кажува каков би бил како потенцијален партнер, ми кажува целокупната слика, целокупното однесување. Џабе ако сака да плаќа секогаш, а ме третира како куче. Ако можам да заработам и заработувам солидно, зошто само тој да плаќа? Ако не сака да плати е друга приказна, ама искрено, во мои 44 години не сум налетала на маж што не сака да плати кога сме излезени. Јас не барам маж за да ме издржува и дома да чувам деца, барам рамноправен партнер што ќе ме почитува и третира како што треба и заедно ќе градиме дом и семејство. Од такви погрешни проценки често и се прави грешка во изборот на партнер. Не гледајте дали сака или не сака да плати, гледајте ги малите гестови во однесувањето што несвесно ги прави. Може да глуми, ама некои работи и тоа како издаваат, несвесно. Тоа многу кажува каков е човекот навистина, а не каков сака да се прикаже.
Баш. Треба цел живот да не ти купувале ништо, за да му придаваш толку значење на плаќањето на кафето или вечерата. Наредете си ги приоритетите ко шо треба у животот прво за себе, па после за другите. Така нема да ве фасцинира плаќање на дејт толку многу.
Сакам да кажам дека годинава решив сите родендени да ги напишам в планер (има еден календар точно само име каде шо бери). Испадна најмногу Јануари бебиња имам во животот. Седум "бебиња". Изгледа со јарци и водолии ми оди најмногу. Да ја "изладат" оФцата во мене. Ама покрај то решив дека многу совреме ќе спремам многу персонализирани поклони. Реков, или некој не ме интересира ич и имам површен контакт ради-реда, или сум како опсесивен дечко. Нема средина. Првата половина Јануарски бебиња ми е спремна во поглед поклони. И се скроз unserious yet sentimental. Втора половина ми е планирана ама не ми е спремна сеуште. Февруари имам "бебе" шо многу пуши и покрај сите муабети дека му смета (кашла ти се чини воздух не можи да земи), решив дека симболично ќе му купам пепељара во форма на бели дробој. Ама не можам да најдам со темни и оштетени. И обични ќе е ок. Ама ако случајно сте виделе негде ваква пепељара со оштетени бели дробој - ве молам споделете каде. Ве молам. Фала.
Ние кога почнавме да излегуваме, уште бевме средно. Па тогаш на дејт не ме зимаше со кола, не ми ги плаќаше сите кафиња. Ама и со автобус тогаш ме испраќаше до дома, ќе ми донесеше чоколадо и слични ситници А и ако вие го каните дечкото на кафе, правилото вика дека вие плаќате. Али знаеме оти круната ќе ви падне со такво нешто така да разбирливо
Токму така. Сте се запознале во средно. Очекувањата и стандардот ти биле пониски. Сигурно допрва да бараш дечко, нема да сакаш да те испраќа по автобуси дома. Или тој ќе те носи, или сама ќе си возиш кола. Мислам, какво доживување да искочам на 25,30 години и да дојде дечково на Рекорд да почека 22ка со мене. Аман, не е до кафето. Брука е да немаш пари, а работиш и да чекаш друг да ти го плаќа. До гестот е. И до џентлменството. Нешто што полека сакате да го изумрете. Не е дека ако ми го плати кафето, ќе сакам да го мажам. Но, е иницијален убав гест во создавање на една комплетна слика, дали сакам да продолжам или не.
Па тоа истото го зборам де. Многу работи можеме да научиме за него на првиот дејт. Каков е како човек и дали би бил добар потенцијален партнер. Незнам ти како ме сфати. На дејт никогаш не сум отишла да се најадам и напијам на туѓа сметка.