Па со вакво размислување тешко дека ќе најдеш некој А и никој не кажа дека другарката е побитна од жената.
Феминки , само ја полниме темава со офф-топици . Оставете , гледате дека на некои личности не е вредно да се објаснува , затоа што едноставно не разбираат . Како и да е . Јас денев имав одличен ден . Иако се плашев дека нема се да помине во најдобар ред , сепак се беше ОК . Се надевам и утрешниот ден ќе биде како овој , затоа што неделата , понеделнички добро ми започна . Со мали исклучоци , но и тие можат да се игнорираат . Имајте убава ноќ .
Од кај знаеш дека тој не бил во собата заедно со жена му или надвор во ходник? Можеби се вратил од болница и сакал да ја сподели радосната вест со најблиските, како и што е нормално нели!?
Сами кажувате дека другарката е најблиска а не жената. Инаку фала и слава му на бога што не сум јас бидејки не би дозволила такво нешто.
САКАМ ДА КАЖАМ ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА СЕ КАРАТЕ Тоа што и сооптил на неговата најдобра другарка која ја сака како сестра зар е лошо? зар треба да се крие оо боже што има се по народов,колку погрешно само ги сваќате работите..
Па подобро и да немам дечко. Не сакам. Имав едно говедо доволен ми беше тој друг не ми треба. Го сакав премногу повеке од се и од сите и како да ми врати, да си се забавува со другарки? Кај си? На кафе со колешки, школски, другарки. Епа биди говедо со нив што бараш со мене? Само за мување? Само за секс? Девојката/ жената е за се и за добро и за лошо а не само за секс.
Од толку шо ми е убава вечерта уште толку ми ја разубави ти и навистина фала ти многу Не разбираш и не разбираш ама ај јас пак да си кажам. Значи жена му е најпрекрасната личност а исто и тој не затоа што ми е другар. Вистински другар,сум била во многу тешки ситуации каде што беше единствената личност која беше до мене,за совет за муабет за славење за се сме заедно и се радуваме од срце. Да постои пријателство помегу машко и женско затоа што него никогаш не сум го гледала како повеќе од другар.Ниту во еден момент не сум помислила на нешто што не треба да се случува. Тој ја најде неговата половина и се заколнаа на вечна љубов што тоа ме радуваш уште толку затоа што почнува полека и фамилијарно да си се средува а тоа е најубавото нешто Секоја радост и среќа ја споделувавме еден со друг а оваа е негова најголема радост. Не се секирај нема да имаме интимна вечера двајцата ќе бидеме целото друштво собрени од кои сите сме парови. Изгледа ти сама ќе си останеш како што гледам затоа што си многу себично створење и се надевам дека веќе се гушиш самата,и не нема да ти се извинувам за оваа затоа што упорно плукаш по мене а не знаеш ни една буква за мене за разлика од некои членки овде. Очигледно е дека не си доживеала вистинска радост ниту пак си заплакала од среќа затоа и така размислуваш.
Сериозно за ова дигнавте толкава узбуна? Оставете нека тера инат, рака во огин ставам дека нема ниту еден единствен машки пријател во нејзиниот живот бидејќи кога би го имала не би го напишала ова овде!
Си патиш од комплекси. Е сега више кога кажа морам да ти кажам, мило ми е што те откачил "говедото".Барем сфатил каква си. Buba4e89 - Фала многу пријатно.
Не да го нахранивте тролот,туку го прејадовте Колку што знам во Бардовци нема интернет,а нормална личност никогаш не би помислила на такво нешто и не би ги сфаќала работите така. Очигледно е некое десет годишно девојче кое што ја добило својата прва менструација и е во ПМС,и нема каде да се кара,па ајт на фемина Немојте да си ја труете душата со караници,за глупости. Peace. Вики,нека е живо и здраво,те бакнувам
Знаете што? Во право сте. Немам дечко, немам другар и не сакам. Не. Немам ништо и никој. Никогаш не сум ни имала. Вие и покрај многуте проблеми, знам дека секој има проблеми, сепак сте имале семејство, мајка, татко. Да боли да немаш родители, уште повеке боли и да не ги знаеш ама најмногу боли да имаш ама сепак да ги немаш. Боли сопствениот татко да те вика копиле. Да те избрка на улица а притоа ништо да не си згрешил. Додека го пишувам ова ми потекоа солзи после толку време. Си реков дека никогаш повеке нема да плачам. Нема врска. Туку што сакав да кажам. Знаете, животот е некогаш мн немилосрден. Не барам ништо. Сакам само татко кој ке ја сака мојата мајка, татко кој ке знам дека е тука за мене, кој ке ме прегрне кога ми е најтешко. Татко кој ке се бори за своето семејство. Татко на кој децата му се најголемо богатство. Сакам и јас како и сите деца да се лутам на родителите зошто не ме пуштиле да излезам со друштво, сакам и јас како и сите деца единствени проблеми да ми се учењето и дечковците. Сакам и јас како и сите останате да ги осетам најубавите средношколски и студентски денови. Сакам и јас да имам најдобра другарка. А не најубавите години од детството да ми поминуваат во соба плачејки и мислејки што понатаму. Не да бидам отпишана од сопствениот татко и туку така како да сум му ништо да ме исфрли на улица. Сакам и јас.... Сакам да сум среќна. Сакам да сакам и да ме сакаат. Ама не секогаш има се што сакаме. За жал.
Мразам да се жалам, мразам. Но, тоа го чувствувам. Празнина, болка, гушење. Тие се откажаа од мене, а сега бараат јас да не се откажам од нив. Каде ви се чувствата луѓе? Каде ви е човечноста? Ги нема. Не знам ниту дали некогаш ги имало...