Реално, понекогаш и мажите биваат изгорени од жени. Па, потоа ни кафе на прв дејт со нови не им се плаќа. Подобро е некои очекувања да се расчистат уште пред тој дејт.
Јас сум традиционален тип и романтичар што сметам дека како гест и внимание би платил прв. Исто така се водам по второто силно правило тој што поканува плаќа. Се трудам гестот да е природен и без притисок, доколку инсистира девојката за да платиме пола-пола во ред. На крајот на краиштата не би требало да е напнато за кој како да плати и слично и онака се запознавате и можеби утре други ден ќе бидите во врска па некогаш ти, некогаш таа ќе плати. Ќе бидам скромен и ќе речам подарете си внимание, почит, разбирање и слично... се друго е минливо парите ги имаш ги немаш (иако од дома сум воспитан секогаш со пари да сум, ако немам не канам девојка и не излегувам, или пак другари ). Не ставајте на кантар се, уживајте...
Многу ценам кога девојка ќе се понуди сама да си го плати кафето, не е до парите до гестот е (дали јас ќе одобрам тоа е друго). Брука е да немаш пари, а работиш и да чекаш друг да ти го плаќа. Не е дека ако сака да си го плати кафето дека ќе ја женам, но е иницијален убав гест во создавање на една комплетна слика, дали сакам да продолжам со неа или не. Ако не мрдне со прст, сигурно во иднина ако снемам, пак не би мрднала со прст да помогне. Ми го зеде зборот. Па хипергамија е реална ствар, таа повеќе ја практикуваат жените. Мажите не се замараат дали жената ги има истите работи. Ако мажите беа такви, 80% од реализираните бракови немаше да бидат. @Adidas888 Те читам и не можам да те сфатам, често си контрадикторна сама на себе. Да не трошам време и да ти реплицирам на 40 коментари вака на кратко. На секој аргумент, враќаш со експремна паралела само за да докажеш некоја поента. Пример некој спомна дека не сака цвекиња, ти викаш епа ако никад ништо не ми купува не ми треба таков. Ако жената сака сама да крева и да си го носи ранецот, на тоа враќаш епа што жената да носи, пере, чисти, готви а мажот само да седи на каучот и да си го држи. Ако не платил кафе, епа што само жената ли да плаќа, до дома да го испрати разгалениот? Си го гледаш патернот ? Во моите очи спред сите што пишуваа до сега, ти си нај дипендент жена во реалноста, а тука со ставови играш улога на индипендент, ваљда дека имаш позитивен фидбек од некои и така ти е најбезбедно да си тераш. Устари сакаше да си дипендент.. не ми е јасно или сакаш 50/50.. за секоја претпоставка може да ти најдам коментар.
Можеш до утре да ме проценуваш ако сакаш. Немам проблем. Јас зборев општо за дејтовите. Сега да ти кажам за мене, кога веќе те интерисира. На секој прв дејт шо сум била, и јас сум се понудила да платам. Баш да видам како ќе реагира машкото. Фала бого, до сега не ми се погодило некој да не инсистира да не плати. И тоа колку толку ми давало зелено светло за да сакам да го видам пак. До сега, никој не ме направил неспособна или да помислил дска сум неспособна сама да си платам. Секогаш сум носела пари со мене на дејт. Посебно за прв дејт. Ама мислам дека џентлменски е првиот дејт да го плати мажот. Самиот гест е битен за да жената добие некаков заклучок за него. За цвњќињата да. Сите си имаме стандарди, и јас си имам свои. Да помине некој шо нуди цвеќиња, а мојов потенцијален партнер да не сака да ми купи ( не ми е до цвеќето, туку самиот гест ми е битен), тогаш повеќе никогаш нема да сакам со него да се видам. За жал, не живееме во некоја модерна држава, туку во патријахална каде што некои жени едвај добиваат и " среќен роденден" за нивниот роденден. Каде што мажот заборавил на нивната годишнина, роденден, било што, и никогаш не и подарил на жена си нешто. Иако таа жена вика дека се е во ред, можам да и видам во очи дека чезнее бар за една ружа или дека ќе се радува и на дездоранс од 100 денара. Не е за парите, туку за гестот. Јас не би можела да живеам со маж шо не ми посветува внимание, било тоа за роденден или нешто друго. Имав бивши маж, шо не сакаше ни 8ми март да ми го честита, и не планирам истото да го доживувам. Фала бого, најдов маж шо ме сака и почитува, шо ми посветува внимание какво шо јас сакам. А од тоа внимание, јас имам дупло повеќе респект спрема него и дупло повеќе го сакам и почитувам и се трудам на секој начин да му го докажам тоа.
Не ме фаќај за терминологија дали сум рекол дозволам, одобрам ,инсистирам или било што. Може она истото (одобри,дозволи,инсистира) да го проба, нема да се љутам. Од цела поента за тоа се фати? брао
Во ред, сега е појасно и те разбирам. Само до сега ниту еднаш не видов мислење како жената е добро да покаже респект, гест, манир спрема мажот. Се што прочитав е критика за патријархатот, мажите и што се очекува од нив. Ако он даде нешто добро, може ќе вратам, ако не даде не добива ништо од мене. Го нема моментот дека од старт треба и двајцата да понудат, барем да го има актот.
Не ми се допаѓа генерализацијата за жената и цвеќињата. Не секоја ги сака. Јас сум од тие. Купувам за други и понекогаш да се освежи изгледот на дворот или терасата. Но, се нервирам кога некој ми дава. Мене тип да ми даде рози без да ме праша, а бре, по фаца ќе му ги истријам. Спојлер Не, не се шегувам. Сериозна сум. Нема да ме воодушеви со нешто што го гледам како „shut up“ симбол. Повеќе сакам да гледам како типот се однесува кон луѓето и милениците кои ми значат.
„Алгоритамот“ за „филтрирање“ е сосема промашен... Вакви гестови се „елементарни“ и ама баш ништо НИШТО не докажуваат и покажуваат за личноста, само дека не се симнала од „планина“ веројатно (не, овде не мислам дека луѓето што живеат на планини се некултурни). Никого не му текна дека плаќање сметка на дејт треба да е ЗАЕДНИЧКА одлука, договор и комуникација, а НЕ „тестирање“. И „машкото“ и„женското“ се луѓе веројатно... Ме честеле и сум честел, или сме делеле сметка.. Тотално небитно....Важно е што има пред и после кафето,... Сосема е промашена целата поента. НЕМА конечен број на „индикатори“ (намерно технички израз) според кој некого ќе тестираш преку едно „кафе“ или „џентлменство“ (што за секој/а значи различни нешта всушност и може да си прави секаква приказна за другиот...Па, оној бесконечно ступиден муабет дека денес „немало џентлмени“. Немало џентлмени ни во викторијанска Англија ако гледаме така...) Комуникацијата зближува/или оддалечува, не однапред направената претстава за претставата во мојата глава и како другиот „треба да задоволи“ икс или ипсилон „критериуми“
Па тоа е проблемот на патријахатот. Мажот само да носи дома, а жената да прави се друго. Не не окривувај нас жените, не сме ние криви за тоа. Криво е општеството и културата и традицијата. Во дамнешно време, мажот само работил за да донесе дома а жената работила дома. Но во денешно време, и жената работи, и пак може да постигне се сама. Така да, треба и мажите да се ангажираат во домашните обврски, за ако сакаат еден брак да опстане. Бракот не е само слугување на жената спрема мажот. Туку е партнерство. Едниот го прави едното нешто а другиот другото нешто. 50- 50. Трубам на темава оти има многу мажи шо ни сакаат да придонесуваат дома ни домашни обврски да завршуваат, а во исто време очекуваат жената да иде на работа и да прави се од домашните обврски. За жал, такви се пола и повеќе од македонците во Мк.
За жена како тебе цела градина е малку, најди ми бабичка од таму цела планина цвеќиња ќе дадам Баш ми заврши пералната да земам да спружам шо има
Ако не го гледавте документарецот на ИРЛ гледајте го, го има на youtube. Станува збор за измама на луѓе за брзи кредити… Внимавајте на кого давате лични податоци
Па ли за кафето кој ќе го плати е тема Дали уште ќе продолжиме да го игнорираме фактот дека повеќето луѓе ја заработуваат сумата за која треба да се плати кафето за време колку што е потребно да ни го донесат, на која планета тоа може да значи дека некоја е спонзоруша или па дека тој е богат затоа што платил кафе. Плаќање на кафето е мал гест, според мене бонтон би било машкото да го плати ама ако не се согласува девојката како некоја погоре што спомна,сигурно нема да се расправам за тоа, ќе се согласам со како она ќе сака.
Го гледав сега, какви преваранти човече.. Земале 7 кредити на име на жената со лажна лична карта, извадиле број во А1 за да го остават во банка и кај тие лихварите, и уште сметка во банка и извадиле за парите таму да ги пуштаат парите.. Жената две години по судови оди, уште кредити враќа и плаќа, ја заглавиле, плачеше на камера, ми падна жал за неа.. Рече дека 6 кредити и избришале, за еден уште се влече по судови, чека пресуда и за него да го избришат..