Само затоа што си ме изгубил како пријател не значи дека си доби непријател.. Јас сум многу поголема од тоа. Се уште сакам да имаш за јадење, само не сакам да седиш на мојата маса додека јадеш..
Ако не се понуди да плати едно кафе на прв дејт на кој што ТОЈ ме поканил, нема да ме види поќе. Излегов еднаш со еден ваков циција, си извади стотче да си го плати само неговото кафе. И не ме виде поќе, толку беше од нас. Џабе цимолеше оти сме прекинале да излегваме. Е*ати мажот.
Денес бев во пошта да пратам новогодишни честитки до оние кои ми ја одбележаа годинава. Прекрасен филинг ми е, скоро никој веќе не го прави тоа и луѓето секогаш се пријатно изненадени кога добиваат old school напишана новогодишна честитка. Решив да си ја одржувам традицијата последниве години. Бидејќи за мене праќањето честитки ќе е секогаш носталгично и олицетворение на покажувањето колку некој ти значи, за што е и празничниот период.
Не знам оти , ама ми се чини од претерано седење на телефони и со глупи апликации народот станал се повеќе прост, озбилно глуп и туп. Арно ама, ко ќе видам дека кинезите си го тренираат мозокот , има надеж уште за човештвото. Ја читав @1209 која има спомнато дека ги смета за глупи сите кои немаат некое хоби. Пак се поклопува на некој начин со тренирање на мозокот. Браво за кинезите
Сакам да кажам дека како и секоја година претходно, јас си зедов планер. Дали сум свесна дека користам максимум две недели од годината и после земам уште 1-2 нови во текот на годината ко ќе осетам потреба за рутина место да го користам истиот? - Да. Ама да бидиме реални тој е веќе „валкан“ и има „дупки“ и зато не можам да го користам. Дали и покрај то место да земам мало тефтерче и да го користам секој пат ко ќе осетам потреба да имам рутина (и притоа ќе ми трај 10 години со леснотија), јас и натаму нарачвам и купвам фенси планери? - Да. Годинава зедов од Синсеј додуша и толку е едноставен шо пак, како секоја година претходно, имам надеж дека тоето. Овај е форматот шо функционира за мене. This is the one. Конечно ќе бележам редовно се како шо треба. Го купив уште пред некој месец. И сега гледам новиот планер (и календар, кој патем не користам ни то) на Моки и наеднаш сакам. Само 1 година не зедов од Моки и се убедив дека причината зошто не успеав та година да користам планер е зошто не го имав нејзиниот. Па годинава зедов. Мислам дека и две недели не го користев. А пресладок е. Она тефтерчето за благодарност го користев неколку дена околу празниците и толку. Така да нема смисла да го нарачам. Ама дека сериозно размислувам да го нарачам ... ќе излажам ако речам дека не ми оди на таму паметот. Јас секој Декември со нов планер шо нема да го користам:
Легендата вели дека за празниците некои, негде ја изеле цела руска салата, ништо не се фрлило, дури и малку им била.
Неверојатно е како луѓе поради гордост и инает продолжуваат да држат лутина и други чувства кои им штетат на здравје, па дури и стануваат зависници од терапии, само за да не ги пуштат срањата зад нив, пошо мислат дека така докажуваат некому цврстина или самоодбрана. А уствари си штетат сами на себе. А животот отиде...
Само јас не правам руска, правам со макарони и салата со урда и пропржен сусам и павлака, многу ми се повкусни од руската. Премногу ми е тешка руската од мајонезот.
Пилешки стек, јајца, шунка, кисели крставички и мајонез. Превкусна е, нема кој ми ја нема пофалено. Не останува ни три дена од што потоп ја праиме.