Целава ситуација ми станува смешна. Не знам зошто. Тики, срцка, ако имаш мака кажи си ја, не прави од мравка слон, пошно како што гледам си имаш тешки комплекси и и сама не знаеш што зборуваш. Ај киска и фаќај пат. Феминки, едно вакво нема да е на одмет : Вики, со среќа нека му е, големо да расте бебенцето.
Вие што при отварање чоколада успевате да се задржите само на еден ред, или пак јадете грицки една по една... од која планета сте и какви тоа супермоќи поседувате?
Само една насмевка може да разубави нечиј ден. Ќе звучам ко реклама но подарувајте насмевки. Бесплатни се
Во рок од 3 дена, 4 пати слушнав дека сум се сменила И во право се, затоа што се сменив... и уште се менувам. А, не на добро. Најверојатно на луѓето околу мене им недостасува таа Јас, што беше весела и цело време насмеана. Имав поставено неколку цели. И не сум блиску до исполнување на ниту една. Една од тие цели беше и да станам подобра личност. Само ако се стануваше подобра личност со менување на полошо
Каде си две недели? - Па види, 8 саата спијам а другите 16 од деноноќието дремам на скајп и тебе те чекам Ете така, на закачалка. Лејдис, ви ја претставувам генерално народната маса. Секогаш е јас јас, јас, мене, јас, моето, мене, јас. Како си, и што има ново, не се лажете, не е прашање, едноставно заменува добар ден. Инаку. Ок сум фала на прашање, во духот на здраво и како сум. Повеќе од ОК сум. Освен двете модринки на левата нога и ме болат. Од хобито ми е, помалку болат така. Не сум тепана
Кој филм последно го гледаше? Не би да осудувам, ама штом си земаш за право да осудуваш други феминки овде, а не знаеш ништо за нив, тогаш не ми е непријатно и јас да те осудам тебе, иако не знам во каква ситуација се наоѓаш. Очигледно не ги сфаќаш работите. Не знам дали е до тебе и твоето старомодно размислување или па со сила будала се правиш. Сигурно не мислиш дека мажот и жената сами ќе си прославуваат и ќе се радуваат на новороденото дете. Споделената среќа е дупло поголема. Му се пушти на девојчето како којзнае што да направила. Читај убаво. Ако не знаеш да читаш врати се во прво одделение. Не можев да издржам. Посилно беше од мене. Вики, честитки. Нека е здраво и живо.
Ај и јас да се вмешам за крај ако не... Да се зачлениш специјално за да лечиш комплекси на нечија радост и да ја користиш таа споделена радост за расправање? Искрено и мене ова не ми личи случајно... но како и да е, трол сигурно е или пак тинејџерка која нема попаметна работа и лечи комплекси. Вики мила, веќе ти кажав но еве повторно, со среќа нека му е, па и на твоја глава.
Пак не знам веќе по кој пат ми ги бришете коментарите, дај блокирајте ме засекогаш. СДК добра ноќ ,мили мои феминки.
Можам да зборувам, но се уморив од објаснување! Затоа кога ќе се насмевнам ,никој незнае дали е тоа тага или среќа!...Наивност или Искуство....Иронија или Знаење...Слабост или Сила!.... Само тогаш ги ставам во дилема...да не знаат ништо, а да се сомневаат во се!...да зборуваат, а ништо да не знаат!!!
Само што прочитав дека Специјал е дел од саемот за вработување и нуди работа. Прекрасно, нели. Ние младите со завршено високо образование заедно со тие што се магистри, и кои седиме дома, треба да идеме на саем за да дадеме си-ви за во Специјал?? Дали се нормални незнам? Сега разбирам зошто е задолжително присуството - демек Специјал ни нуди работа а ние СО ЦЕЛ ПАМЕТ ја одбиваме -.-
Ти си може бубачка, но не ти дава за право да кажуваш за лице што не го го знаеш лично и персонално. Па-па, па -па.
Не знам навистина на кој начин веќе да му кажам на шоферот на автобусот дека не доликува оној календар со гола жена, ставен до календар со Пресвета Богородица , а најдолу слика од Тито и Јованка Броз и тоа во школски автобус. Се обидов низ шега да прокоментирам дека не доликува.Ама ништо, си стои сликата и секој ден се повеќе ме нервира.Се си мислам кога ќе нема никој да фатам да ја тргнам . П.С.и онака го остава автобусот отклучен без никој внатре. и календарот е од далечната 2000 година.
Tiki22 ме потсеќа многу на една членка на која не и го памтам името ( а скоро можам да се заколнам дека станува збор за истата само со друг ник) која пред извесен период на форумов пишуваше вакви бљувотини и ширеше негативна енергија до недоглед.Буквално истиот начин на пишување со истите негативности кои доволно е човек еден поглед да фрли и да му се стужи цел ден. Ако не се лажам баш ради тоа беше банирана ама ете изгледа си нашла нов пат до форумов за да ја шири својата негативна енергија на другите. Иначе на темава, сфатив дека секој сам си ја гради својата перцепција за среќата. Кога длабоко во себе осекаш среќа и исполнетост никој друг нема да може да ти го зеде тоа чувство. Се е состојба на умот,и убаво рекле нашата среќа зависи од нас самите а не од некој друг. Убав ден.
Мене не ми е јасно како си дозволувате да потпаднете под влијание на некои тролови. Да се трудите да им објасните некои работи на лица кои имаат за цел да си поизгруваат со измислиции, фантазии. Тоа се првенствено ЗАПУШТЕНИ деца чии родители немаат никаква контрола врз нив. Едноставно се за на лечење, но нема кој да ги однесе. Тоа е трагедијата. Луѓе, игнорирајте вакви лица и не се спуштајте на нивно тролско ниво. Не заслужувате подолно ниво од она што го имате.
Абе донекаде ја сфаќам Тики. Не оти и` го оправдувам ставот, не ме сфаќајте погрешно, ама за воља на вистината се` повеќе луѓе од страв да не добијат нож во грб од надвор, се вртат повеќе кон семејството, а штом и брачниот другар може да го сметаме за дел од семејство... и тука очекуваат да најдат секаков вид на љубов, другарство, близина во комплет. Така и треба. Треба да се има пријателски и отворен однос во семејството, како и близина. Мошне важна работа. Е сега, се материјализира светот, секој гледа да те зезне и некој си е учен пријателство и другарство, од оној поблизок аспект да бара исклучиво во рамките на семејството, па и од партнерите го очекуваат истото. Кога очекуваме нешто од луѓето, прво поаѓаме од себе. Еве имам познанички што не сакаат ниту на еден одмор да отидат со друштво, друштво имаат вон семејството, да, но имаш чувство дека во најголем дел им е колку да пополнат некоја социјална норма, но најчесто ги гледаш со братучеди, со тетки, со внуци, со мажот... Секој со своја приказна. Некој кога ќе се разочара поригорозно реагира. Затоа не ја осудувам, затоа што ваквите не мора да значи дека се лоши луѓе. Не ја осудувам ни постапката на Викторија, Боже сачувај, немојте да ме сфатите грешно, но кога Тики би ја отворила душата повторно како да не била повредена во животот и почувствува повторно едно искрено и чисто пријателство во кое плачеш од радост за блискиот, сигурно би го сменила ставот. Кога би сфатила дека таквите пријателства попрво ќе ти го спасат одошто уништат семејството, би сфатила. Ние сме обична глина во рацете на животот. И тоа од помеката. Вики, само за убаво нека е. Да не те подречам, само со убави вести не` посетуваш. чук-чук-чук да не чуе тој што не треба...
SuperGirl24, ја памтам дотичната, смајли/мајли + некој број и беше никот. Исто вака и се нафрли на една форумџика на која и беше починал дечкото, плус многу добро и ги памтам постовите во темата `Разлика во години`, каде тврдеше дека, ако син и се ожени со постара од него, nea нема да и биде галје и да и умираат внучињата (ова е дискусија од пред нова година, јас само што се зачленив на форумот, но толку ме шокира и ме запрепасти што ете, уште ја памтам). И мене тики многу ме потсеќа на неа.
Стварно мислиш дека таа искрено го пишувала сето тоа или си одела од измислица во измислица колку времето да и помине. Во иднина не се шокирај од измисени приказни, мој совет. Знаете дека цело лето имаше безброј измислени приказни и тролови на секој чекор.