Ич не ми се свиѓаат ха ха хе хе досетките на бабата дека внучето и било црно, од нејзина фамилија децата не биле такви, бели се раѓале..
Да бе, по тие женските групи, со фејк профил истото што и тука го пишала, дека има другар солиден, со добри примања, па нека навалат заинтересираните. А друга жена се пожалила, вајда не се договориле и спогодиле, барањето било уствари за тројка со маж и, никаков другар не постоел. Претходно го тупеше со тие прикаските дека маж ѝ ја варал, бил насилен, децата ќе ѝ ги зимал бла бла, а сосема поинаку било. И членки замарала со тоа следењето на маж ѝ, на фб исто си барала жртви. Шо рече Старк пред некој ден, пациентела сето.
Аааа ок е Нинеее, весела си, се си е ко што треба Па домаќинка годинава што следи изглеа, те припремаат за тоа Добро бе како какооооо не ни текна на никој за ова можно сценарио???? Па тоа е.. 200% е тоа, жената све си има испланирано, ама на кој да му текне. Така мажот ќе го фати и доказ црно на бело ете ти. Има логика и тоа како има. Ајде што и да е, со лесно нека е само..
Ме спремаат за мажење јас мислам сакаат да ми кажат време ти е Оваа година и јас купив нешто минимално, па не ми е криво, една рамка за слика од 150 денари, и еден лампион од 49 денари..
Дупливе профили човече како зајци се котат… толку многу сакаат да се на форумов, што на секој бан одма нов прават.
Во локална група на Фејсбук некој напишал пост за сите оние кои имаат стари ќебиња, јамболии или облека да се соберат наместо да се фрлат и да им се дадат на бездомните кучиња. И одма тука Славици се насобрале во коментари се бунат како тоа на кучињата да им се помагало а на луѓето не, кучињата се сметале за побитни. Полни злоба фрлаат отров, а тие јадни ни на луѓе не помогнале, не па на кучиња. Како да нема организации што помагаат на луѓе, се нафрлаат на тие што се трудат индивидуално на кучињата да им помогнат. А никогаш не се запрашале дека можеби тој што помага на бездомните животни без проблем би помогнал и на луѓе, ама не е до кучињата, туку до злобата во вас, Славици.
Честит Божиќ на сите кои го слават денес! За женскиот пол една специјална феминистичка честитка од мене и Miley Cyrus https://vm.tiktok.com/ZMkhHq1MG/
Никогаш нема да разберам да ти дојде дома на твој син/ќерка другар, девојка, дечко, уатевр, и кога ќе си оди да не го прашаш дали има како да си оди. И да не се понудиш да го однесеш или барем малце да се загрижиш дали дома ќе стаса жив и здрав. Или да имаш свои деца, и да видиш дете или повозрасен ама што можеш да му бидеш родител по годините, како е малтретиран физички, сексуално и да не реагираш. Или да си возрасно магаре, да имаш ќерка, а онаму да коментираш за пост за девојка што ја силувал дечкото дека сама си го барала, што барала дома да му отиде. Не, не можам да смислам, помислуваат ли овие дека нивните деца ќе се утре нечија жртва, дека нивните ќерки може "сами ќе си го бараат", дека нивното дете за некого е туѓинец. Како се некои родители ако малку не ги боли душа за секое дете, и тоа што го виделе еднаш, и што го гледаат секој ден, и што не го виделе никогаш? Сум се нашла во ситуација поканета кај другарка на кафе, навечер ме испратија нејзините со едно "чао". Како ќе си одиш, имаш ли за автобус, такси, ништо... Јас па на секој викам пишувај ми, јави ми се кога стасаш, и пари за такси сум нудела, и на дм што е толкав маж, а не девојче да испратиш навечер. Јебига, превише се нормализира себичлук.
^ Ednas vaka uz muabet poso rabotevme jas toj i uhste eden i zheni. I celo vreme komentirashe za zhenite. A doticniov doma ima 2 kerki i sin, i mu velam: kako ne ti e sram zenive so gi ogovaras se na vozrast na tvoite cerki, ne ti e malku sram? Zede se iskezi i mi veli ama so se lutis ti pa heehe.
Колку години имаше, 6? А и без разлика, да си мое дете, моја одговорност е да мислам како ќе се вратиш. Дали имаш пари за авобус, такси, итн. Или ако немаш, зошто си прифатила да одиш? Особено, ако се работи за здрава, полнолетна, работоспособна индивидуа што оди на гости, мислам дека имаш преголеми очекувања. Од туѓи родители.
Не, возрасна бев. Имав и за автобус и за такси. Ама не е тоа поентата. Туку дека за секого што излегува од твоја куќа се грижиш, не само твоите деца. Зошто и твоите деца се за некого гости, и туѓинци и непознати ама сакаш некој да има барем малку жал и емпатија и грижа за нив, колку и да биле години. Или ако сум малтретирана и вознемирувана, дали треба некој да ме одмине оти сум здрава и работоспособна? Светов е ужасно место и за жени и за деца, како да кажам поинаку.