Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    1.645
    Пол:
    Женски
    Доволно е само “пиши кога ќе стигнеш дома”, а искрено ниту јас не сум прашувала дали имаш како да си одиш дома бидејќи скоро сите што ми биле дома им ја знам ситуацијата како стигнале до кај мене. А тие што немаат пред да дојдат ми кажуваат на пр, “немам пари или немам превоз”, па тука е молење ајде јас ќе ти дадам битно ми е да се видиме и слично. Со тоа што пред да си оди јас го покривам трошокот зошто сум се наканила тоа да го направам од претходно. Ова кога сме имале по 20/25 години.
    Сега веќе сите сме вработени и никој никого не прашува како ќе стигне дома, дали има и со што ќе си оди.
    Како што пиша и Арабела нема причина зошто да те мисли ако си возрасна работноспособна индивидуа.


    За другото - Имам кажано - не секој заслужува да биде родител! Познавам и личности што тотално му е сеедно ако не го види детето по цела недела..
     
    На MeowMeow, Biljarkata и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.416
    Допаѓања:
    20.699
    Тами, пред 2 месеци беше, си тргам дома и минував по мала уличка по која жив човек немаше, навечер у 12. Покрај мене успорува кола, застанува на средина на раскрсница (по која секако морав да поминам) на 20тина метри пред мене и стои упалена. Никој не се симнува, качува, не пушта 4 жмигавци, ништо. Фати да ми лупа срце 200, застанав настрана и чекам. Колава стои упалена цело време. Поминува празно такси што оставаше луѓе, одма се качувам, тргаме, колата што стоеше случајно трга по друга улица во исто време со таксито.
    Да, мојата работоспособност ептен ќе ме спасеше ако нешто планираа.
    Другарки сите ми се скоро врснички и нагоре па сите им викам пиши и јави се кога стасаш.
     
    На TammiB5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    5.894
    Пол:
    Женски
    Да, но ти не одиш кај родителите на гости, туку кај нивните возрасни деца. Ако пример на дечко ти не му текнува да те праша, тоа е друг проблем. И за тоа си во право.

    Друго, ако некој те малтретира, тоа е многу дискутабилно. Во совршен свет, би застанал некој во твоја одбрана. Баш, пред некое време имаше пијана будала што замараше две девојки. Не помогнав, се тргнав. Зошто? Затоа што може има нож, може има пиштол, јас имам семејство, имам дете. Сирак да оставам, за странци, немам намера. А и женско сум, што ќе му направам, освен да се сврти накај мене и да ме претепа. И што ако помогнев, ќе добиев фала и трауми за цел живот. Кога бев помлада, друго размислував, сега моето херојство може скапо да ме чини. Сепак беше прометно место и брзо заврши, не дека не гледав дали ќе поминат полицајци. Не поминаа и тоа е. Сакам да кажам, во денешно време, херојството може да те чини живот или твоето семејство да го чини вечна загуба. Луѓето не се секогаш себични, туку преплашени и свесни колку може да наебат ако се вмешаат.
     
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.416
    Допаѓања:
    20.699
    Мајка му на дм попрво дома ќе ме заклучи отколку да ме пушти да си одам сама. Знаеш зашто? Зашто е жена и знае многу добро што значи да си жена у општествово. На 40+ години ја следеле манијаци навечер, се плашела дома дали жива ќе стаса, мање битно дали била работоспособна или не.
    Порано ѝ се лутев, ама многу добро ја сфаќам и си викам камо сите вакви да беа.

    А во полиција пријави?
    И овие што коментираат оти силуваната сама си го барала исто се исплашени за себе или како?

    И океј, не реагирајте.
    Ама биди свесна дека и за твое дете некој нема да реагира.
     
  5. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    5.894
    Пол:
    Женски
    Кој тогаш не те прашува дали имаш пари за автобус или такси?

    Не пријавив во полиција, си отиде, тие си отидоа. Беше вербално. Немаше друго насилство. Во странство сум. Во друг град бев. Кај да пријавам и што да пријавам?
    За тие што коментираат не ме интересира што мислат. Тоа не е мое мислење. Прашај ги нив дали се исплашени или не.
     
  6. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.297
    Допаѓања:
    12.389
    Пол:
    Машки
    Мразам луѓе шо не знаат да прифатат добронамерна и конструктивна критика.

    Тоа го сфаќаат како да сум ги искарал, се навредуваат и лутат и на докрај, никакво подобрувње во работата. Навистина не знам како да им се објасни на овие луѓе, како да се подобрат… :|
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    626
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Ваков сличен муабет имав скоро со татко ми и тој ми рече: Ама не се сите како тебе и треба да го прифатиш тоа. И точно е, тоа што ти го правиш не го очекувај од другите затоа што секој е различен и различно ги сфаќа работите.
     
    На TrueToMyself, Mumoftwo30 и Stark им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.416
    Допаѓања:
    20.699
    Добро де, ни јас утре не ги фермам ако ги видам да умираат на улица. Ако се возрасни и работоспособни, можат сами да се снајдат ако им се слошило.
     
  9. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    5.894
    Пол:
    Женски
    Ти што би направила, најискрено?
    Не зборувам за слошување. За тоа не сум видела некој некого да одмине. Јас сум помагала. Помагале на мои блиски.
    Туку што би направила ако видиш маж да се тепа или малтретира некого? Како женско.
     
  10. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    1.645
    Пол:
    Женски

    Страшно е со манијаците и со лудаците поправило во ноќни часови! Сум го доживувала и јас истото поправило како тинејџер кога си одев навечер пешки.. но сега, со овој памет никогаш не би тргнала некаде пешки.. викам такси ако е касно или ако се погоди секогаш сум со некој на телефон и зборам додека не стигнам дома.

    се согласувам дека е страшен светот надвор и дека најлошо е да си жена во ваков свет но тоа е.. немаме како да направиме промена на безбедност. Тоа постои во секоја држава и на секое место.. прашање на време е кога ќе те начека некој манијак.
    Но, да се надоврзам не може ни другарка ми од дома да ме спаси од сето тоа.
    Барем сега како возрасна и зошто кажав работноспособна - имам доволно пари да платам такси, но во највеќе случаеви сум со сопствена кола..

    Сум била сведок кај што дечко физички напаѓа девојка. Нормално помлада одма скокнав спрема него - пази девојката што беше настрадана ми се сврти и ми се дереше “Што се мешаш?!”. Од тогаш кажав не се мешам кај што не ми е место, ептен ако видам само дека стварно е потребна помош или некој побара, викне..
    И пак ќе се согласам со членката, многу скапо може да чини херојство а утре ден нема ни да ти кажат фала!
     
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.416
    Допаѓања:
    20.699
    Може да реагирам од далеку, да викнам полиција, да викам за да привлечам внимание. Има начини, ама и да е стварно опасност за мене, значи пак доаѓаме до моментот дека кога можеш да помогнеш некому, ама неќеш (да понудиш превоз до дома) пошто не е твој проблем, тоа е од себичност.
    Другаркава што ја спомнав, со години се дружиме, нејзините ме знаат добро и никогаш не ме понудиле, да бидам појасна.

    За споредба, имав школска што се дружевме кратко ама од нејзините и нејзе сум била секогаш прашувана како ќе си одам, да се јавам кога ќе стасам
    Прекрасни луѓе беа едноставно.
     
  12. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    5.894
    Пол:
    Женски
    А твоите и нудат превоз на другарка ти?
     
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.416
    Допаѓања:
    20.699
    Да:)
    Татко ми дечко ми го возел до дома кога не бил со кола, што е возрасен маж, а не па:)
     
  14. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    5.894
    Пол:
    Женски
    На другарка ти, не дечко ти.
     
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.416
    Допаѓања:
    20.699
    Одговорив со Да
     
  16. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    5.894
    Пол:
    Женски
    Татко ти ја носел до дома?
    Ако е така, тогаш другарка ти е за е....
    Таа треба да им каже на нејзините, дека татко ти ја носи до дома и тие треба со исто да вратат.
    Али мислам секако е дебилно, друг родител да мисли за мое дете.
    И безвезе муабет за полнолетни девојки, што заработуваат и тенчат за превоз. Фати такси, нека фати и она такси и ајт. Шо родителите?!
    Од диско уште ли ве земаат вашите?
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.416
    Допаѓања:
    20.699
    Нејзините се посебна сорта на луѓе што ги боли патка за све освен за самите нив. Имам пишувано порано, и она страда од нив ама тоа е друга тема и не навлагам.
    Не е до парите, таксито, била или не била способна.
    До гестот и грижата е од тебе како родител, до помислата како сакаш некој со тебе да се однесува ако се заменат местата, ако твоето дете утре му треба помош, имало ли 15 или 25.
    Ама чим не сфаќате поентата, не се објаснувам повеќе.
    Не се замарајте за никој, ама никој и со вас нема да се замара. И со вашите деца.
    Светов е срање место за жени и за девојчиња, и малолетни и полнолетни и ако треба тоа некој друг да ви го рецитира и става со инка, џабе ќе зборам.
     
    На bicycle и BraBru им се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.996
    Секако останува на тебе одлуката како ќе се однесуваш во општествово, не си должна да помагаш, но ти одлучуваш што човек ќе бидеш. И јас понекогаш сум се осеќала ко тебе, туѓа некултура и нечовечност ќе ме изнервирала или повредила, и сум си викала, е од денес ни јас не помагам никому. Ама среќа иам сфатено дека не сакам туѓи постапки да ме моделираат и едноставно ќе бидам таа што сакам да бидам, без разлика на другите. Според мене многу е тажно да станеш нечовек ради други луѓе и да си потиснуваш искрени желби за правење добро. Само зошто други не се такви.

    Се надевам ќе ме исчиташ, ќе споделам една случка од пред 3 месеци од која сè уште се опоравувам и потајно се осеќам како да не е зад мене.
    Сабота е, 8 саат навечер, градски парк. Луѓе шетаат, уживаат, топла вечер, прва недела од октомври. Парков мрачен, слабо осветлен само околу чешмите, ќермес и школка. На патеката кај мечето, во полусветло на клупа седат 2 девојки, средношколки. Пред нив, со ногата крената на клупата, стои маж со капче, им зборува нешто. Со мм поминуваме, се наежив, у секунда осетив дека нешто не у ред, одвратна енергија. Метро од нив, мм го кажува истото. Седнавме во близина да пратиме ситуација, да се осигураме. Чоеков не се трга. Се договоривме да седнеме до нив пошо клупата беше дупла, да им помогнеме на девојките. Седнавме, типот им вика, дојдете да одиме наваму. Девојкиве станаа, не, не, ќе си одиме. Со цел памет типов вика, дојдете на светло да ве видам подобро. Ние запрепастени апла го зјапаме во неверување. Ни секунда не почекаа девојкиве, си заминаа, ваљда страв им беше претходно. Педофилов се напизди, брефташе. Пцуе, диши брзо, тапка во место. Вика, вие некои интелигентни фаци... Почна околу нас да се мотка. Нè пратеше цело време, зад нас одеше. Па едно време седнавме на клупа, се изгуби во темницата. И ае тргаме да си одиме после некои си 15 мин., влегуваме во кола, типов ко печурка излезе од помеѓу други коли и ни ја виде таблицата. Ајде некој паметен нека каже зошто.
    Го пријавивме во полиција, меѓутоа не можевме да го опишеме, совршено добро знаел што прави и како го криел ликот со капчето.
    Можеби немаше ништо лошо да се случи со девојкиве. Можеби им помогнавме, не знам.
    Знам само дека ако помагаш биди спремен да си ги сносиш последиците.

    Како и да е, ултра внимателна секоја од нас треба да биде, светов не е воопшто безбеден. Мислам, сите го знаеме тоа. Приморани сме тактички да размислуваме постојано за да се заштитиме.
    Али ко што има предатори, така има и луѓе што нема да помогнат.
    На крај од денот, секој за себе одлучува што човек ќе биде, битно да спиеш мирно.
     
    На Miss666, TrueToMyself, TammiB5 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.416
    Допаѓања:
    20.699
    Тоа не значи дека не треба да критикуваме себично однесување. Оти и против булинг сме сите, ама само на хартија. Иначе сине ако другарчето го малтретираат, ти тргни се, не се мешај. Ама ако тебе те малтретираат јас сите на нозе ќе ги дигнам. Абе ајде?
    Вие сте имале сочувство, желба да помогнете на некој што не ви е ништо, не сте го ни виделе.
    А некој да ти доаѓа дома стопати и никогаш да не го понудиш до дома?
    Тука пак не е опасност за него ако ме превезе, ама за мене Е ако тргнам сама.
    Да не биде многу си ја фалам будуќа ми свекрва ама женава ми е пример како сакам некој "туѓинец" да се однесува со мене. Возрасна сум да, и она е. И кога се видовме надвор и јас ја сум ја прашувала како ќе си оди дома иако е жена од 50+ години. Оти свашта гази по земјава, некој да го знам барем некое време ќе го мислам.
    Мис, маче имаме пред зграда си седи, па да не го видам еден ден го мислам дали е добро, дали му студи, дали денес јадело, му носам храна кога имам од дома или му купувам, а не за жив човек. А е рандом маче што ни дојде летово.
    И мене поентата на првиот пост ми беше друга. Како си родител ако никогаш не те малку боли душа за туѓо дете, за силувана девојка? Нели те учи мајчинството на сочувство?
    Како може родител да пише сама си го барала, а дома има ќерка? Еве родител си, па одговори ми, ако јас не можам да разберам:)
     
    Последна измена: 25 декември 2024
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.996
    За свекрвата будуќа и сличните на неа, да си ги чуваш блиску, пошо реално таквите се ретки, луѓе што стварно се грижат.

    А за другите... секакви недоразвиени во мозокот и душата будали има. Немам одговор како можат. Исто како што се чудам како родители силуваат свои деца (нормално и други, општо педофили). Баш вчера ја слушав женава:
    Неверојатно е низ што има поминато од сопствените родители.
    Не знам, ваљда човекот е пореметено битие, а размножувањето е повеќе инстинкт.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.