А, што е толку тешко да се каже „јави се/пиши ми кога ќе стигнеш? И да се понуди превоз доколку има можност? Знаеме во каков опасен свет живееме. Сите оние исчезнати и убиени лица можеби немаше да бидат исчезнати и убиени ако тие околу не го вртеа погледот. Ако ја забележуваа и секоја ситница. Ако викаа полиција и инсистираа полицијата да реагира и тоа побрзо.
@Munchmallow20 Манчи, коа ќе сфатиш дека денес никој за никого не го боли, не му е грижа, не се замара, себични си се и си гледаат свој гз само? Во такво време живееме. Како ќе ги смениш луѓево, можеш? Не биди идеалист толку. Убаво си кажуваш, човечно е тоа, сите би требало така, али умрела човечноста и не постои веќе. Од никој ништо јас не очекувам, ни се надевам. Јас се изненадувам кога ќе видам некои позитивни примери за човечност што останале бар малку. Респект за нив, преретки се.
Замисли маж ми на 18+ годишна девојка, да и рече ,,јави се/пиши ми кога ќе стигнеш?" Шо ви е бе. Кај шо си одите на гости, тие нека ве мислат. Малце треба да мислат родители за свое дете, па и за сите што им доаѓаат дома на децава да им мислат за превоз. Тоа се вика такси служба, а не родители на другар, другарка, дечко, девојка.
Да речеме дека ти и маж ти сте салам луѓе. Па, за да не биде чудно можете двајцата да го речете тоа. Што ако девојката има некаква болест и може неочекувано да добие напад некаде? Во таков момент животот ѝ е загрозен од тоа. Или при тоа и некој да пријде и да ѝ одземе паричник или телефон. Зар не би било човечки да се осигурате дека ќе стаса дома? Па и здрава личност да е. Може некој да ѝ се нафрли од некаде, да се обиде да ја ограби или силува. И да умре. Или таксистот може да испадне таков ненормален. Замисли да се случи тоа. После не ви би било криво знаејќи дека сте можеле да го спречите тоа ако некој од вас ја однел до дома?
Зарем некој седи и ги размислува сите овие црни сценарија додека ќерка и/син и имаат другари по дома? Твоите како стојат на таа тема? Тебе на другарките родителите те развозуваат? Дај бе девојче олабави се, сериозно загрижувачки е колку апокалиптични сценарија режираш во главата. Мислам пишуваш трагични работи, ама да пукнеш ме изнасмеа. ПС: Криво...можеби ќе ми биде жал. Но, не е моја одговорност. Нит е мое дете, ниту пак ми дошла мене на гости. Ако родителите не се грижат дали ќе припадне некаде, ќе ја силуваат, што и да изнареди, јас да му ја мислам. Кај пишува тоа?
Да, од утре викам и на трудни жени да не станувам. Маж ѝ ја пуштил да шета по автобуси, јас ли да ја мислам дали има болки или треба да седне возрасна жена.
@ArabellaStarfall Смислувам такви сценарија затоа што ми бил загрозен животот. И ми значеше кога и некој друг интервенираше. Да, туѓо дете не е твоја одговорност. Но, животот може да направи од тебе да зависи дали тоа дете безбедно ќе се врати дома кај неговите.
Ај сеа малце издраматизиравте. Ако ви е страв толку или не знам што порачај такси и то е. Ум за друг пат, нема одење ако толку ти смета. Јас памтам одамна беше, другар мој близок ден денеска се дружиме, ме покани Скопје значи да одам да преспијам кај него за да одиме на концерт и слично. И замислете нити ја стопли собата, а зима беше, нити пак имаше некаков прекривач да ми дај, ми идеше масата да ја преклопам врз мене или во каучо да искинам дупка и да се пикнам во него. И оттогаш значи штом ме покани нешто одма го одбивам инстант, значи смислувам 101 причина како да не појдам.
Нит сум бестрашна, нит бесчуствителна. Туку вие драмите и сакате светот да се врти околу вас. Ако не и комшијата на родителиве да ве праша како ќе си идете дома. Бог да чува. Толкави девојки, земаат плата, чекаат некој да ги праша како ќе си одат. Возачка хелоу, автошкола се слушаме.
А шо мене ова ми го кажуваш? Кај го реков тоа? Ти реков светот нема да го смениш и тоа е тоа. Светот е гаден, многу гаден. Ја само го кажувам тоа што гледам.
Јас за секаде кај што одам, имам план како ќе се вратам. И од кај другаркава со автобус сум се враќала и пешки. И пари за такси имам секогаш. Ама замисли, 10 години се знаеме, и нејзините ни сок не ме понудиле никогаш, а превоз па ич. До гестот е, така беше?
Да, во туѓа куќа. Кога одиш на гости, со храброст одиш, ама со страв се враќаш. Тогаш немаш проблем со стравот, имаш со поделена личност.
Кога си дете/тинејџер појден на гости некаде, скроз е очекувано да те прашаат како ќе се враќаш. Кога си возрасен нема што да очекуваш друг возрасен да ти мисли каков план имаш за враќање дома. Мислам, супер ако праша ама и да не праша не го прави тоа лош човек. Зборуваме за некој што не е личноста каде што одиш, па и да е, иако сосема ценам што се грижат, кога одам кај пријатели во друг град не очекувам тие да ми мислат каков превоз сум си испланирала. Ти треба да си направиш план однапред, како возрасна личност. Автобус, такси, што било. Ако не ти се влечка со ваков транспорт положи си за кола и најраат ќе си. Секако дека има можност да се случат несакани ситуации, ама кога ќе стигнам дома ќе пишам на другарка/дечко, не на домашните или комшиите нивни. И не сфатив како ова има врска општо со помагање на луѓе во јавност, тоа е основна култура, или ја имаш или ја немаш, не зависи од други.
Јас ја сфаќам поентата на @Munchmallow20. Кога иди некој кај мене не оставам на шанса ни за идење ни за бегање. Сакам да знам и со шо идат, и со шо бегат и дали можи некако да се „најдам“ било со нарачвање такси, чекање на станица заедно, подиспраќање (живеам на специфично место и многу луѓе се плашат). Блиските луѓе и ми го нудат истото назад и некако ми е нормално? Не го прат сите блиски ова? Ако живеат подалеку гостите, особено во друг град шо е често случај, многу ми е важно да знам дека стигнале дома. Ама то е за луѓето со кои сум блиска. Ќе велев со тие за кои не сум не би ги прашала, ама па и ретко идат луѓе кај мене со кои не сум блиска. Некако ми е common curtesy. Е сега другиот аспект е дека ова не го очекувам, иако го нудам. Нема да си земам на душа ако некој не ме праша како ќе бегам или дали стигнав дома. Мислам дека сега прв пат размислив дали го прам ова и дали некој го прај за мене ова (и кој не го прај/ за кој не го прам). Ама со најблиските се опишвам како опсесивен дечко. Па можда и моето не е здраво. Не знам. Како е ова поврзано со праење добро на рандом луѓе кои се во неволја во момент или имат некоја мака - не сфаќам.
Не очекуваш друг да ти мисли туку гестот е битен Како да ме викнеш и да не ме понудиш ништо. Ја не ти дојдов гладна и жедна да јадам и пијам ама не е малце непријатно да не ме понудиш ни сок? И има врска со култура, ако ти не мислиш дали јас ќе си одам дома, што јас да мислам дали тебе ти е лошо во јавност? Возрасен си, ако ти е лошо, викни такси, иди у болница, јави се да те земе некој, што има да очекуваш рандом луѓе да помагаат. Бајдауеј, сите се фативте за гостите, за квази мајките што велат оти нечија ќерка сама си го бара, магично сите игнорирате.