Поентата не беше баш тоа. Туку и родителите, по можност комшиите, па и нивните тетки да прашале како ќе си одат дома. Гостите на синот или ќерката. Во ред е да прашаш, и тоа мислам дека и сите го правиме, ако е твој гостин, ти го каниш, ваљда мајка ти не ти кани гости уште на 18+. Ама е драмење кога си гостин, сите што живеат во таа куќа да ти се припотресаваат како ќе си одиш.
Нејзе и искочило шанса учителка да биде... тој што ти дал диплома барем да те научил основна граматика. Тешко на тие деца
Избришав еден дел. Ама ќе го напишам сега пак. Избришав делот каде пишав дека со најблиските се знајме со родителите. Така да нормално ми е ако, не знам, не чини времето некој од моите родители своеволно да стани и да ја однеси другарка ми дома за да не плаќа такси за џабе. Исто ми се има и мене случено. Ако прво, не знам, бега другарка ми на факултет, па дома, знај да ме праша мајка ми дали положи и стигна дома само зошто била кај нас и знај дека ете се движи низ град. Рандом прашања за другарките како им е периодот и општо енергија дека и тие ако сакат можат кога сакат да пишат на мајка ми. И исто се осеќам за родителите на моите најблиски. Не дека ќе седнам ќе им јавам/пишам на родителите на другарките, туку е енергијата дека им е грижа за мене зошто ете со детето нејзино сме се одбрале за најблиски. И обратно, не е дека другарките ќе седнат рандом муабет да прат со мајка ми или да барат услуги, грижа. Туку е енергијата дека им е грижа на моите за нив, па ако има потреба знат дека е врата на која можат да тропнат. Пак. Мене ова ми е скроз нормално. Не е нешто шо го очекувам или барам. Едноставно е нешто шо под сплет на околности сега кога се навратив назад да мислам - било вистина за мене.
Муабетот почна од тоа кога си на гости кај дечко или другарка дали да очекуваш домашните да те прашаат како ќе си одиш. Не очекувам од нив да ме мислат, бидејќи сум возрасна. Другарките веќе знаат што сум испланирала бидејќи сум им кажала, можат да ме земат и вратат до автобуска на пример, а не да ми го испланираат тие цел пат до дома. Ќе им пишам и дека сум стигнала, ама нив, не на некој трет. Гостопримството е друга тема, очекувано е дечко/другарка/пријатели да те понудат со пиење и јадење кога ќе појдиш, никаде не го одреков тоа. Исто и за помагањето на луѓе во јавност, како е исто ако мајката на другарка ми не ме праша мене, 27 годишна девојка, како ќе си одам, со тоа ако не помогне на некој во јавност на кого му се слошило? Првото не ја прави лош човек, второто да. Никој не е против гестови да ти излези некој во пресрет и кога реално не мора, но пред сѐ ти си должна да мислиш за себе како ќе се вратиш. Помагањето некому е сосема трета работа.
Кажи ми, од која возраст сме отпорни ние жените на манијаци? Ако мајката на другарката не те праша, значи само јебено да те праша, да, лош човек е. Ти може и личен шофер да имаш до дома со лимузина, ако она е човек со емпатија, сака другарката на ќерка ѝ, безбедно да стаса дома, без да се случи нешто. И ако сака, ќе праша. Амели, си одиш? А имаш нешто автобус, кола, како ќе си одиш? Аа добро Амели, ако имаш автобус, ама пази, темно е сега, чувај се по пат, ајде чао. Знаеш колку разлика прави ова во мои очи? Огромна
Чекај малку Пак родителите на другарка ти се криви што сок не ти даваат да пиеш? Никогаш, ама никогаш не сум дозволила мајка ми да купува за мои другарки, при јас, вработена, а живеам со нив. Јас сум таа што купува и понудува. Ако сака мајка ми, нема да ја спречам. Ама ни јас не купувам за нивни пријатели кога доаѓаат на гости. Муабетов ми е, свекрва ми не чини. Не бе, маж ти не чини. Како другарка ти.
Со девојчево се знаеме од 1ва средно, коа више се фати за нив. И да, никогаш не видов никаква љубезност од нив, во сиве овие 10 години И не е дали она ќе ме понуди или они, ама немам нерви да објаснувам. Ете глејте свој газ, и јас ќе гледам својот и ајт.
Дали сум нормална што сеуште го мислам мачорот што ми го снема пред три или четири години, посебно сега на ова ладно време, дали некој го земал, дали е сеуште живо, не знам, само знам дека ми е многу жал
Го чекав овој период кога Spotify ќе ми покаже што сум слушала најмногу во текот на годината. Статистикава веќе од пред еден месец ја има, знам. Нека стои тука што сум слушала во 2024. За најслушаната песна, да признаам, се изненадив што ми излезе. Последниве месеци повеќе ex yu rock слушав ама ете Шакира останала на прво место. Спојлер
@Munchmallow20 бе, чоек, те разбирам сè што сакаш да кажеш и во право си, но претерано многу заглавуваш на туѓите постапки. Океј е за себе да заклучиш што ти смета кај луѓето, каков третман нема да трпиш, да ги процениш луѓето какви се за да се заштитиш, ама толку многу да мислиш на туѓото однесување не е здраво. Се стресираш зошто не можеш да разграничиш дека колку и да е сјебано нечие однесување, тоа е нивно однесување, не твое. Ниту можеш ниту е твоја работа да превоспитуваш други луѓе, не си троши енергија. Луѓето ќе бидат такви какви што се. Секој работи на личен развој колку што работи, има луѓе што секунда не трошат да размислат какви се. Па ти ли ќе мислиш за нив? Светот од увек бил опасен и пореметен, не е умрено човештвото сеа у наше време, туку дека ние го осеќаме тоа сеа на наша кожа, па така ни делува.
Имаше едно девојче од дом што учеше со мене во основно.. Епа вчера тоа девојче дипломираше, многу сум среќна за неа, некако кога ја видов сликата ми дојде да се расплачам од среќа, дека упорноста и трудот секогаш на крај се исплат, и среќна сум за неа, мило ми е дека успеа.
Кога ќе видам или прочитам човек од 20 години нагоре со став дека нечие спротивставување на одредена тема е љубомора, превртувам очи. Едно е кога си мало дете или тинејџер, да мислиш дека секој што не се согласува со тебе за некого му љубомори на тој човек. Друго е кога си возрасен. Во првиот случај, твојата погрешна перцепција се должи само на немање доволно животно искуство и недоволно познавање на луѓето околу тебе. Во вториот случај, таа погрешна перцепција се должи не само на немање доволно знаење за животот и луѓето, туку и на недостиг на зрелост, и покрај твоите години. Некогаш не треба да брзаш со пресудите за оние што мислат поинаку од тебе. Пресудите без (доволно) знаење се како заклучоци без факти – секогаш погрешни.
Ќе одговорам за последен пат. Настрана од тоа дали мајката на другарката ќе те мисли или не. Ама те имам приметено секогаш си вака абе батали, абе остај го, абе не можеш да го смениш. Не знам за тебе ама мене многу ме нервира неправда и себичлук и гледање свој газ во општество во кое сите живееме. И све дур вака се однесуваме со луѓе што не ги боли за другиот, ќе живееме у труло време и пореметен свет. Ќе ти е гад да прошеташ у природа оти на Славица ѝ било тешко да чува ѓубрето до канта. Ќе газиш во анални торти пред куќа оти Славица неќе гомцето од кучето да си го собере. Уонаби родители ќе растат психопати оти им е гајле дали нивното дете е утре твој комшија, доктор или што и да е. Еден ден, невоспитан тинејџер ќе фрли кон тебе или твоето дете петарда, недајбоже ќе завршите без око или уво, ама ќе бидеш смирена зашто ти си поинаква и добра, не си како нив? Јас секојдневно доживувам и сум сведок на вакви работи. И ќе ги плукам, колку и да не менува тоа, барем знам дека не сум апатична на вакви работи
Не сум апатична и не реков батали. Но во ред, толкувај како сакаш. Ти продолжи да плукаш и да се стресираш, јас ќе продолжам да гледам да го правам најдоброто што можам.
Хелоу, како иде новогодишно расположение ? Пред 10 минути е прикачено клипчето на К 15, знаете дека сум НАЈГОЛЕМ ФАН на К 15, ги обожавам и само они можат да ме расположат во ова депресивно време, невреме , опкружена со германци со скиснати фаци што немаат смисла за хумор. Џингл белс Ајде нека ни е среќна новата година ,живелиииии
Дали ви се случило кога одите некаде на гости кај мало дете што има детево секој пат кога ќе одите таму да ве прашува што ми купи и зашто ништо не ми купи, како секој пат да мора нешто да му купите..
Епа сама рече мало дете е, веројатно и си го разгалиле, па ќе бара од секој. Но нема што да му замеруваш, така го имаат научено. Ај, едно чоколадо бар можеш да му купиш, колку без празни раце да не идеш.