Нема никаде таков закон човече. Н е м а. Ќе носам ако мислам дека треба, носам на луѓе општо што знам дека ќе ценат. Бутајте им на децата чоколада секогаш, затоа има дебели деца уште од мали нозе. Затоа се разгалени и се трескаат у маркети ако нешто не им се купи Купи им ти по цели пакувања ако сакаш, не кажувај за општа култура, и дали треба или не. Општа култура било. Мене не ми беше дадено кога највеќе ми требало па еве не.
Закон и општа култура научи се што е прво. И не зборев конкретно за чоколадо туку за било што, ама јеби га толку ти сече. Секогаш кога одам на гости кај што има деца им носам по нешто ситно. И детето ти си го разгалуваш а не гостите што ќе ти дојдат еднаш месечно и ќе му донесат лижавка,смоки или чоколадо. Чао
Накратко, рече таа и излажа, сме општество каде кога одиме кај дете останато е да се носи нешто. Не е дека има „закон“ за такво нешто, ни пак дека „мора“ да се носи. Едноставно општеството креира таква средина и најчесто се носи. Особено ако одиш поретко, нормално ако одиш често е нереално дека секој пат ќе можиш нешто да однесиш. Ама на крај на ден пак вие си одбирате дали ќе носите нешто, и ако одберите да - шо ќе биди то нешто. Јас месецов кај маче бев на гости и од ќеф ми се чини сите награди ми идеше да ги земам и да му ги дам. Не па за дете да се работи. Ќеф ми е. Има толку ситнурии шо можи за дете да се однесат шо не се чоколадо и се под 100 денари - па то чудо. Лично ако знам кој му е омилен лик или животно на дете сакам да му го нацртам и ко ќе одам му го носам. До сега, во мое искуство, ова ко шо ги радвало - ништо толку. Мене ме кошта само 30 минути „работа“. Ако немам време ќе му испечатам. Буквално е банка на обичен лист во боја. Или ќе купам мала боенка. Мали моливчиња. Е сега, децата повторват то шо учат од околината, особено од родителите. Така да, ако некое дете коментира за скапо и ефтино, то е уствари папагал. Мали деца немат концепт за пари. Ако му речиш дека пакетче мастики е 100 денари, ќе му смени? Не. Шо знај шо се 100 денари. 1:44 е на смешен начин прикажано како децата слушат шо зборат возрасните и повторват како папагали без вистина да разбират шо точно е муабетот. Башка не можам да обвинам дете дека е разгалено ако цел негов живот нешто го знај како вистина, и наеднаш кога нешто не е поќе исто и прашва - да очекуваме дека треба да знај подобро. Ама ко ќе дојди тој момент е исто така лекција.
Кај деца секогаш носам ситници, некое чоколатце, сказни има од 100 денари, нешто да не е прескапо, но знам дека дете ко дете ќе се радува. Конкретно кај внуците секогаш носам нешто иако одам често, не дека побарале, не дека очекуваат да им однесам или е морално, кеф ми е мене
После добри три или четири години мое ненајавување на форумот, решив да се најавам и да видам што има, и, на мое изненадување една членка ме прашала (во нејзин стил) дали сум жив, што искрено ме изненади. Вратив на пораката нормално, ама како што гледам членката нажалост не е повеќе толку активна, но, се надевам ова ќе допре до неа и би сакал да се заблагодарам што ме контактирала. За другите, гледам дека доста членки на форумов ја преживеале пандемијата, и многу ми е драго поради тоа, без разлика на тоа што со некои од нив сум имал несогласувања, но, ете, се решив да го прекинам целибатот и да пишам, макар и еден поздрав и порака дека ви посакувам и понатаму да останете живи и здрави, а за другите кои водат било каква битка во животот им посакувам да останат истрајни во својата борба и да не се откажуваат, колку и да звучи клише сепак, после дождот доаѓа секогаш сонце...
Леле, Крсте се врати! По толку време само изолација, легендарно ко ѕвезда после концерт, го проби форумскиот карантин. Во меѓувреме, форумот ни беше вистински извор за преживување. После си најдовме нова занимација и решававме непостоечка трета светска. Да прашам пред да се изгубиш до следна пандемија, собираше позитивни искуства или чекаше предолго ред за вакцина?
Баш ми е мило што гледам и читам мислење од тебе Не знам дали и воопшто ти текнува на мене, ама јас многу добро се сеќавам на тебе како постар член, мислам дека порано имав прашувано за тебе во темата "Каде е". Многу ми е мило кога ќе видам вака постари членови, иако и јас последниве години не сум активна како порано, ама знам да навраќам овде сеуште и да кажам збор-два. И искрено кажано, прееемногу стари членови ми недостигаат, понекогаш ги мислам и се прашувам дали се добри, бидејќи повеќето ги снемува без збор, или пак се враќаат со ново корисничко име и демек нов идентитет, што навистина не е баш најферски.... Поздрав до тебе
Посакувам, во светов да постои помалку себичност. “Модерниве” времиња и брзиот начин на живот, како да го извлекоа најлошото од човекот. Посакувам да има повеќе меѓусебно помагање и поддршка, добрина и искреност.
Не ми е прво маче што го имам у животов ама некако релативно мирна се погоди, мирна во однос на правење бељи, дур ми е чудно . Е за гризењето е друг муабет, може муабетот за мазохисти држи вода , намерно ја "провоцирам" дури, а и секое галење завршува со гризење, тоа е таа љубоФ .
Не знам во која тема да напишам ама мислам тука најмногу одговара. Пред некој ден нарачав од една страна на Инстаграм од Куманово привезок за клуч во форма на албум со персонализирани слики. Многу се израдував дека ќе имам нешто минимално да му поадарам на дечко ми за годишнина пошто не си купуваме ништо, ама затоа се частиме одмор. Тоа привезоче кошташе 500 ден + 150 доства = значи 650 ден за албумче 6,5цм х 4цм. Кога стигна и кога го отворив ми се стемни. Сликите беа наопаку залепени и по различен редолсед, а им нагласив по каков редослед да биде. Мање више редоследот, ама наопаку залепени??? Се изнервирав премногу дури ми се плачеше. Им напишав една културна порака дека не е океј пратката и дека нема да купам веќе никогаш од нив. А стварно многу убава идеја имаа и ми се допаѓаше цела мисла ама толку катастрофално изработено без мерак колку да се каже и да се земат парите. Сега јас треба да го оправам како знам и умеам. Резил. Не нарачувајте.
Жени кои најмногу ја шират својата злоба наоколу, се љубоморни,фрустрирани, нереализирани жени, кои од дома не се помериле. Неспособни ништо д анаправаат најлесно им е завидно да плукаат. Зад сето тоа всушност се крие тага, жал што не успеале. А не успеале зошто не се потрудиле повеќе. Место да се обвинат себе, плукаат по други кои се потрудиле.
Каква нова година ова е пролет надвор... Ми фали времето кога имаше снег до колена, кога ни стигнуваа честитки пред врата, едноставно кога се беше поубаво, а обичен ден, а празник, нема разлика.
Ете пак истото. Не се мешам во лајфстајл и стилови на славење, само ме реално и искрено интересира, шо толку има за славење?
Албанија и Косово кои што се муслимански држави се подобро украсени за нова година и имаат подобро организирани божиќни базари од нас.. Ние еден Зимзоленд имавме, и тоа по инструкции на Данела го затвориле намерно паркингот да не може луѓе да се паркираат, па од кога почнале да паркираат на тротоари им викале пајак служба и никој не оди на Зимзоленд веќе, им праќа цело време инспекција, сака да го затвори.. Сакам да кажам, тешка мизерија сме и ние и тие што сме ги гласале..
Дали има поубаво и попријатно чувство после бањање? Бањање со жешка вода, и трошење на цел бојлер Обично не го трошам цел, но во денови коа се тинтраш себеси, мора