Марија луиЗа си пеј, тексто не го знај а пеењето гревничко ама сепак 100евричи од напалено баце Ех скопјенце….какви опинчиња те газат
Се надевам дека многу луѓе, во 2025та, ќе разберат дека близок човек, психолог и психотерапевт не е исто.
Го гледам клипот со авионот што падна во Казахстан и им се чудам на смиреноста на патниците. Па почнав да ги читам коментарите кај клипот каде што велат колку е голема верата што ја имаат муслиманите и дека оставаат се во рацете не Господ, она ко ќе се помириш со судбината , така требало да биде. Еве линк од видеото : https://youtube.com/shorts/vK6qDwuHBmM?si=Ov4jb5J7wX6wd4lb Е сега, јас како бивша стјуардеса до душа и ден денес работам со патници и туристи но сум спуштена на земја, не сум во авинот повеќе , во вакви ситуации според тренингот што го имавме, симулации кога се тресе авионот , кога паѓа во воздушни дупки и се поврзано со оган, запаливи материи што може да се дешава во авионот сме тренирани...не за џабе 8 недели имаш интензивен тренинг за да ја билдаш психата како да се понашаш. Така да, за мене и паѓањето на авионот ми е рингишпил, а овие ко ги гледам обичните патници колку се смирени, без да паничат, без да се дерат , а паѓа авионот човече , готово, нема друг избор, паѓа , и овие си се молат на алах, смирено , се помириле со ситуацијата. Јас од мое искуство , секогаш ко се тресело авион одма квичат деца, паника ги фаќа патниците, урлаат, аууу мауууу, викаат, хаос настанува. И кон летовите кои сме ги имале со муслимански патници пример ќе земам летови кон Египет, Мароко, Тунис, и тука се тресе авионот и луѓето у паника викаат, урлаат. Значи алал да им е на смиреноста на патниците од клипот, останав без зборови, колку е тивко, почнато е да паѓаат маските за кислород, ма паѓа бе авионот, овие мирни, тивки , алал да им е на смиреноста.
Нова година, треп треп и дошла. А мене уште и оваа старава ми е нова. Се изреализирав во некои области, поштено си ја зедов дипломата на која сум толку горда. Горда затоа што толку многу се плашев од исходот, а во себе знаев дека ќе успеам. Кога ќе чуеш од еминентен доктор дека тоа било еден од најдобрите испити што ги чул во својата кариера, е огромен буст на самодовербата. Иначе патам од комплекс на нижа вредност . Последните години со короната, беа толкав удар, Маријана тренч длабок. Се враќам полека во нормала. Се трудам да бидам најдобра вррзија на себе, за него. Сакам да порасне без трауми од детството. Да биде горд на мама. Ете, и мајчинството ми е ново. За мене е нова, старава година. Новава на праг, се надевам на нови победи и успеси, многу љубов и насмевки, гушкања и мир. За добро да е само. Среќна нека ни е на сите.
Никогаш нема да можам да сфатам како може луѓе што немаат леб да јадат прават по 10 деца.. Абе устата на глад ви мириса, немате каде да живеете, која ви е потребата да правите деца толку, стварно не ве разбирам, како ви е до секс кога немате основни услови за живот..
Прекрасно напишано, прекрасни желби! Се надевам дека ќе ти се исполнат и дека 2025 година ќе ти биде уште поуспешна од оваа! Биди си горда и понатаму, имаш и за што да се гордееш. Никогаш не заборавај колку вредиш, дури и ако си во некој тренч симната. Среќна Нова Година и на тебе и на сите феминки!
And with that the 2025 season comes to an end - нова добро платена работа - две другарки шутнав од животот - кажав се што мислам на секого - не излегувам со луѓе кои ми стварат негативна енергија само колку да имам со кого да излезам - колегите не ми се пријатели - фирмата не ми е фамилија - изучување на нов јазик е must - некои членови од фамилија заслужуваат да ги плукнам во лице - немам почит кон постари доколку и тие немаат почит кон мене - не делам со никого облека, шминка и било што мое - не позајмувам книги - сакам да ширам познанства но не очекувај дека ќе сум овде за тебе во 3 сабајле да ми плачиш за бившиот, се со граници - не кажувам лични работи на никого - мачки > кучиња
Видов reel во кој девојката зборува како ја нервира кога луѓе гледаат на излегување на журки и слично како нешто површно и незрело и !!! многу се согласувам. Не сум баш party animal, но излегувања кај што има музика, играње, пеење го прават животот многу позабавен и ми придонесува кон генералниот левел на среќа.
Луѓе што цело време се во движење, патуваат некаде секоја недела и цело време ставаат слики од различни места - how??? И не само тоа, цело време имаат некој со нив што патува. Или се ултра богати или имаат среќа да имаат таква ремоут работа што до толку им овозможува да се флексибилни, и не само тие, туку и пријателите исто (овде не мислам на луѓе чија професија едноставно е таква ко стјуардеси или туристички водичи). Па сега на крај година како recap ставаат милијарда слики од патувања низ целата година. Е секоја ви чест најискрено, ако имам само една желба што сакам да ми се оствари тоа ќе биди ова, да не можам да се приберам од различни патувања.
Многу толерирав до сега ама не можам повеќе само да слушам и да ќутам,од големото добро утро сте ама да ве части некој друг на секое е не може така... што повеќе ќутиш си прост така да барем нека сум лоша ама не можам да пречутувам повеќе на луѓе кои ми згрешиле во животот и тоа премногу ,уште премалку ми треба да го кажам последниот збор што ми тежи барем ќе сум раат....
Љубов е кога ти ја чисти калинката за да не ти се извалкаат белите нокти. Нема ни дечко ни бели нокти
Ми вика кај ќе одиш за Нова година, викам дома, вика и јас дома, епа ај да не сум сам ќе дојдам кај тебе за Нова година, и јас му викам лани беше ти кај мене, сега јас ќе дојдам кај тебе.. Ми вика ама ти имаш конзола за играње, да играме игри, викам ако де, ќе ја ставам во торба и ќе дојдам кај тебе да славиме со се конзолата, и таман и ќе спремаш нешто за јадење, и ми вика ај ама чекај да видам прво дали сум слободен, и го нема да ми пише..
Јас најмногу се чудам за колеги, кои се на специјализација и го прават ова. Едноставно им се чудам како имаат време оти тука нешто не штима, а за парите јасно ми е, бидејќи повеќето се на приватна специјализација, а од тоа пари нема… Ех, животе…
Ова го мислам и јас во последно време. Многу ме нервира што стана популарно мислењето дека журки треба да се асоцираат со недозреаност и луѓето кои не сакаат да одат по дискотеки да се ставаат себе си на некаков морален пиедестал. Наеднаш како да е криминал да сакаш да внесеш забава во животот.
Ќе се изненадиш до која крајност одат луѓе само da im dupe vidi put, што би рекле србите Влечат лаптопи со нив, сосе кабли, слушалки, глупости, работат од хотелски соби (као), одат по плажи со лаптоп, навечер и во барови имам видено... Јас пробав 2 пати така и никогаш повеќе, никаков аир не видов од тие патувања, ама што знам јас...