^А ти да не си и портпарол? Ја браниш Тики, ја оправдуваш смајли... А воопшто нема да ме чуди тоа да го мислела навистина, зарем не постојат злобни и гнасни луѓе насекаде околу нас? Скриена зад анонимноста на форумот, тука си го покажува вистинското лице.
Од каде пак ти заклучи дека јас некого бранам и некого оправдувам? Многу ниско од тебе. Од која реченица виде оправдување мое? јас ти пишав да не се шокираш од измислици кои се чисти фантазии. Сега ти како си сфатила тоа е твој проблем, едно пише, а ти читаш сосема 15-то. Еве ако ти е полесно ја оправдувам Тики, Смајли да и умираат внучињата итн и сите измислени глупости во кои ни самите тролови не веруваат. А, ти слободно не спии навечер ако прочиташ некоја приказна која напросто те шокирала.
^Да можеби е трол и негативно лице но зарем вие верувате дека некој ужива да измислува такви грди приказни и упорна да се кара без да попушти а секако неговите ставои да немаат врска и од 100 луѓе што мислат дека тоа е океј само нејзините сваќања да бидаат обратни од тоа ? Јас не верувам дека е трол туку сигурна сум дека е човек кој без грам мозок реагира така и си ги покажува само лошите страни,и упорно тврди дека црното е бело, Незнам какви се тие луѓе кои никогаш се немаат насмеано и заплачено од среќа а сигурна сум дека секој колку и да има лоша среќа и неубав живот има барем по некој момент во животот кој го натерал да се насмевне вистински и од срце. Знам,свесна и сигурна сум дека постојат многу лоши луѓе кои се полни со злоба кои попрво би останале сами отколку да поделат љубов и среќа со некој друг. Јас не гледам причина зошто да не ја искажувам среќата која што ја чуствувам и таквите луѓе како Тики неможам да ги игнорирам затоа што таа и понатаму ќе продолжи да сее омраза и негативна енергија околу неа а ако и во приватниот живот е толку негативен лик како што се покажа овде верувам дека животот ќе го помине сама. Затоа што да бидеме релани никој несака до себе да има човек со такви сваќања и такви размислувања,никој несака до себе да има некој кој гледа само негативно ...
Јаооо не сум го проследила муабетот и враќајќи се назад стигнав до почетокот на муабетот на тики Господ на некој кога давал све му дал, а на некој па ништо. Неможам ниту да коментирам. Туку што сакав да кажам леле Viktoriaaa баш ми е мило за другарот, исто и јас имам другар со кој бевме неразделни, и кога фаќаше девојки и кога се пијанчеше и кога му беше тешко секогаш со мене разговараше. И кога реши да се ожени мене прво ми кажа, дури малку се двоумеше па јас и го убедив да не размислува многу и да ја побара. Кога се роди девојчето исто прво мене ми кажа, кога бев кај нив дома на повојница женаму мајкаму таткому толку ми се израдуваа пиевме кафе сите заедно и не оставија на тераса со него да сме си изнаправеле муабет на раат. Е тоа е другарство од срце, а онаквите како онаа погоре што пишувала не се сакаат ни самите себе а не пак некој друг да ги сака за другарки или слично. и како се изнасмеав на хаштагот на Cka
Ако ова не е оправдаување, не знам што е. Колку и да ти е досадно, нема да и се ситиш на девојка која тажи по починат дечко. Тоа го може само некој кој има многу грда душа.
Спојлер Не мора да го читате мислењево, едно од најглупите ми е, ама чисто за мене е, за мотивација. Само што си дојдов од оној саемот за вработување, од школо не носеа. Случајно застанав до штандот ( или како и да се вика ) што бараше вработување на фармацевти, баш професијата што сакам да ја учам во иднина. Онака си земав и проспекти чисто да разгледам и одеднаш добив воља за учење, зашто стварно ми се допаѓа таа професија. Епа видете сега тука сакам да кажам т.е сакам да си ветам на себеси, дека оваа година ќе учам повеќе од минатата, минатата година ми беше катастрофална , а оваа година мора да се вратам во ред и да се потрудам малце повеќе. ( #Исповед ) Секогаш кога ќе ме мрзи да учам баш ова мислење ќе си го читам чисто за инспирација и мотивација. Инаку повторно ми се потврди тоа дека после дождот доаѓа сонце, better days are coming. Одамна не сум била вака среќна, а и не сме свесни дека секој ден запознаваме нови личности кои може да ни го направат животот поубав. Во училиште, за некои на факултет, на работа, на автобуска, во маркет...и токму запознавањето на некоја таква личност може да те смени од корен, одеднаш се да стане поразлично. Ај да не мудрувам многу, одам јас книгите да си ги фатам, се ближи тромесечие мора оценките од старт да бидат добри.
Што нема човек да прочита. Значи ова не е нормално... Ова што си го пишала има за цел некаква провокација на која сите ние ке наседнеме. Срам да ти е, толку ке ти кажам. Вики, нека е живо и здраво бебенцето и големо да расте. Не се грижи за вакви безцелни зборови од уште понебитни да не кажам глупави лица.
Некои предмети и ретро фотографии ги чувам затоа што во себе носат приказни. Приказни кои имаат душа Не остарени, не избледени, и по толку години се онакви какви што беа. Во која боја ќе го обоиш денот зависи од твојата уметност. Играј со боите, нека светлината ги разбие облаците Не знам што се замарате со пролазни неидентификувани суштества. На некои такви не вреди да им посветиш време, а во случајов ни напишани редови. Живејте го животот на свој начин.
Од толку другари со кои сум и блиска и добра и се по ред, само двајца ми останале лојални до крај и не ми се пуштиле, ни ја пречекориле friend zone ниту еднаш. Е тоа се за мене другари, браќа А од животот ако имам извлечено некоја поучна лекција тоа е дека кога се преминува границата на другарството со некој другар, на крај не завршува добро. И губиш и најдобар другар а и личност што ја сакаш и ти била драга. Затоа од сега, ако некој другар проба да ја мине границата, ќе биде шутнат назад во friend zone
вракајки си го филмот наназад ми текна на една серија Un paso adelante-се емитуваше на МТВ па ги најдов на you tube
http://www.youtube.com/watch?v=AzDFeVvjWOY Колку е “боље“ риба уште повеќе мисли дека е паметна, вредна, подобра, поуспешна, затоа што уште од средно училиште е научена сите да и плаќаат пијачка, да ја возат и развезуваат до дома, момците и удоволуваат само затоа што сакаат да ја “возат и развезуваат“! Глупача!
^ (се надоврзувам на видеово и на твојот коментар за госпоџицава со којшто се согласувам, немој да мислиш дека ова подолу се однесува на тебе) A интересно е што не мал број на машки на таквите им плаќаат пијачки и им обрнуваат внимание и им пристапуваат и би дале се` за еден ден со нив затоа што им се позабавни и повозбудливи од девојчиња што се со скромни очекувања, па после лелекаат како сите се спонзоруши. На таквите би им рекла: „Hе, не се сите жени спонзоруши, но на некои мажи спонзорушите им се баш нивен тип на девојка. Е сега што не можат да се носат со пикантериите на нивниот животен стил, тоа е нивен проблем“.
Јас ли сум ептен олд скул,или светот скроз забегал. Немам навика да слушам радио,освен кога сме на пат на подолги стази,но редовно на работа е пуштено некое радио и си тера во позадина цело работно време. Сабајле се запрепастив од радиото кое го слушавме,односно од водителите за кои незнам дали беа премногу напалени,откачени,пијани или незнам што веќе,ама прв пат слушав некој во текот на работен ден да се занесе и сто пати да спомнува к*рови,е*ења,секс...Сто пати ги повторија овие работи,се смееја ко недораснати тинејџери,и демек го забавуваа народот кој ги слушаше ? Мислам дека беше Метрополис,некаде после 9 ч. Немаше да биде чудно и невообичаено ако таква емисија оди некаде во ноќта,ама во време кога е голема веројатноста да слушаат и дечиња кои се втора смена на пример,но пред се луѓе во фабрики и канцеларии,школи и секакви институции. Можеби сум остарела,може е до мене,ама и да е така,такво непристојно однесување на радио во текот на денот,не би го дозволила.