Овој период само на едно нешто ме асоцира, а тоа е руска салата. Не знам зошто, ама чим се спомнат празници одма на салатава ми текнува. Руска салата си има фиксен рецепт, и се прави со мајонез. Посен мајонез, павлака, и остали варијации значи не е руска. Чисто информативно. И така, последно мислење во годинава, за руската салата.
Среќна нека е и од мене. Бидете насмеани, весели, среќни колку и да му ја мислиме и однапред и одназад, тоа што треба да си дојде ќе си дојде, тоа што треба да пројде ќе си пројде. Убави претстојни празници на сите !
Кога сме веќе кај салатите, само да кажам дека јас сум спремна од вчера, руска, француска, пилешка, таратур.. Спојлер: Салати
Во новата 2025 на сите посакувам прво здравје, после се друго. Да ви биди годината интересна, динамична, по желба и мерка. На секој шо сака да му се исполни. И се надевам дека бар дел од резолуциите ќе си ги исполниме.
Па тоа купување па тоа буткање со колички па тоа пазарење пазарење мислиш крајот на светот доаѓа. Кај ќе го ставите толку јадење просто се чудам!
Кога ќе почнеме да си честитаме бе? Се осеќам ко фамилија да сме сите нешто нерасположени и намќорести спремни за кавга на овој голем и преодреден ден за најсочни кавги. Не знам некој што не се испратил у пичку матер со најмилите на овој ден...
Какво фрлање на руската, бе? Тоа само збеснати го прават. Се знае дека салатата има да се јаде 2-3 дена.
Нова година не е нова година без да се искарате дома едно пет шест пати. Истото ти е и ко ќе тргнувате за на гости.
Само кај нас е срамота сок или вода да се пие. Не знаат дали некој пие терапија па не смее алкохол да пие или едноставно организмот не му поднесува алкохол, ама мора да се искоментира за жал.
Најнеквалитетна година во моето постоење, мислам дека на внуци ќе раскажувам за годинава. Нит традиционален тренинг не направив на последниот ден од годинава... sorry gym Иначе некој овој период го асоцира на едно, некој на друго, а мене само ме нервира што сите зборат за дебелеење. Јадете и ќутете
Какво фрлање руска, грев е тоа. Најубавата салата што постои. Се знае, Нова година значи руска салата треба да има на маса. Додуша ние на Балканот така си ја викаме, Русите си ја викаат Оливие, и таму не се замислува Нова година без неа. Годинава покрај стандардната руска, експериментирав и со друга, "шуба салата", слични состојки ко руската само има и риба и цвекло, и состојките се редат на слоеви со мајонез измеѓу. Ја ставив во фрижидер па ќе видиме што ќе излези после. Инаку Среќна Нова ви посакувам на сите, многу љубов, здравје, среќа, успех и исполнување на сите желби. Денеска сум баш работно, ем што работам од дома ем растрчана со спремање на јадење, додека проверувам колку мејлови ми стигнале. И еден поздрав музички
Како што пишав и пред тоа, руска се знае со мајонез се прави, тие со павлака се други салати. Мене од мајонезот многу ми е тешко и затоа правам други салати што се прават со павлака. Еее Нинче спремна си за мажачка, ајде во Новата година.
Дечки, Сакам да ви ги честитам Новогодишните и Божиќните празници. Искористете го периодов на густо збиени празници да бидете со најблиските, малку да се одморите, да прошетате некаде, па се опуштите, да прочитате некоја книга или да изгледате некој филм или серија. Во новата посакувам поквалитетни дебати, помалку нервози, тензии и кавги. И да, сакам снег!