Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.380
    Допаѓања:
    20.542
    Тоа што немал банкина е да, лошо.
    И не знам за оваа сообраќајка, ама преку таквото од тоа дека лоши се патиштата, за секоја сообраќајка. Океј, ни фали инфраструктура да, ама не возиме ни по некои земјени патишта пола гз широки ко у Индија или Бангладеш.
    Ако возиш со летни гуми, брзо (кај што не треба) дрифташ на остри кривини, ни ограда ни ништо не те спасува.
    Да не правдаме идиотско возење све со лоши патишта, ако може.
    Ако немаш искуство по такви патишта во нормални услови преку ден, поарно дај на поискусен.
     
    Последна измена: 4 јануари 2025 во 11:35
  2. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.484
    Допаѓања:
    12.540
    Пол:
    Женски
    Точно дека и неискуството си го направоло своето, колку што разбрав, 23 годишна била девојката што возела, ама сепак, да бил патот ограден со банкина, немало колата да летне во провалија од 30 метри и да заврши во река..
     
  3. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    10.885
    Цела недела сум под паничен напад, на сон ги сонувам авионите :(

    Морам да си пишам на темава, како споменар ми е, онака да си ја олеснам душата.

    Има еден заедничи детал кај последниве 2 несреќи.

    The airplane then appeared to make a 180-degree left turn and flew the left downwind for Runway 24 and ultimately crashed about 1,000 feet short of Runway 24. It struck a furniture building and immediately caught fire."


    At 08:59, the pilot reported that the plane had struck a bird, declaring "mayday mayday mayday" and "bird strike, bird strike, go-around". The pilot then aborted the original landing and requested permission to land from the opposite direction.

    [​IMG]


    Најголем процент од коментарите на Јутуб се зошто е изградена таа структура одма до пистата , да не беше таа, немаше авионот да се запали кога удри во неа.

    Но еве цела недела си го поставувам јас прашањето зошто пилотот не го спуштил авионот кога веќе бил спремен за слетување ?

    Значи , пистата ти е празна , точно дека птици удараат во моторот на авионот , но ЗОШТО не го спушти, секако биле спуштени тркалата за слетување.

    Кој ѓавол го натерал на пилотот да ја одмине пистата и да заврти 180 степени да се префрли во сптотивна насока , на скоро сред писта слетува авионот БЕЗ ТРКАЛА, без да ги крене клапите на КРИЛАТА и слетува на стомак на авинот, со ненормално голема брзина , се лизга на пистата, излегува од неа и ....

    БУММММ , удира во структурата, се запалува авионот.


    Не можам,,,,, значи не можам, психички сум оптеретена, пиена сум и апчиња за смирување ....но не можам, барам одговор зошто бре пилоту, зошто не го слета на првичната фаза авионот , ах бреее, чиста писта имаш пред тебе.

    Јас често споредувам :

    Значи, лично имам доживеано, се враќавме од еден лет и кабината е спремна за слетување, сите сме врзани за појасите и буквално авионот допира на пистата и одма во секунда се крева нагоре.

    Одма луѓево паничат, што се дешава, зошто се предомисли пилотот...

    После ни кажа пилотот дека на пистата имало автобус со патници, па за да не удриме во него, мораше одма да реагира и да го полета авионот, и направивме круг и слетавме.



    А овој од Кореја има чиста писта пред него и самиот си комплицира и го крева авионот и се дешава
    КАТАСТРОФАЛНА несреќа.

    Оффффф, не можам да се помирам.

    Не можам :(
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.059
    Допаѓања:
    55.498
    Пол:
    Женски
    Тоа што возат многу луѓе брзо возат, но и патиштата не ни се најсјајни, далеку од тоа се. Овие вакви несреќи често се во комбинација од двата фактори.
    Не знам дали имате видено какви општински патишта има во помаливе места, ваму на пример кај што сум направени се тесни за една кола само место да има, плус високи. Па при секое разминување со некој од спротива мора да намалиш, а често и од пат да слезиш за да ве собери. Патишта со дупки колку сакаш има, треба да ги научиш напамет за да не си ја искршиш колата.
    Сега еве банкина немало на место каде што има провалија. А се можи да бидни, дури и да возиш прописно: некој друг не внимава, животно ти излегло, ќе се зализга колата ако е подмрзнато итн. Не е секогаш ради брзо возење, ама патиштата ни се дааалеку од какви што треба да се.
     
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.380
    Допаѓања:
    20.542
    Сум возела по таков тесен локален пат, а ме возеле по патишта со многу лоши кривини и угорници. И затоа прилагодуваш брзина на патот, не возиш брзо чекајќи патот да го оправат. Како толку не излетуваат од булевари, туку се повеќе директно судири? Оти кога не се во град, нема никој да ги кочи на раскрсница, повеќето пуцаат гас до максимум, иако патот не дозволува.
    И тоа што реков, ако немаш искуство со возење на лоши услови, не вози.
    Со дм планиравме декември да одиме на викенд на едно место ама баш се работи за терсене пат што зимно време е преопасен и не ризикувавме.
     
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.059
    Допаѓања:
    55.498
    Пол:
    Женски
    Прва сум што ќе речи да се казнат оние кои возат побрзо од пропишаното, треба и тоа многу построги казни. Но, сакав да кажам дека и патиштата кај нас не се ко што треба.
     
  7. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    22.156
    Пол:
    Женски
  8. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.884
    Допаѓања:
    15.781
    Пол:
    Женски
    Ако на 30 години не сфаќаш дека не е културно дур збориш со некој на мобилен, во исто време не е вкусно да си дофрлуваш муабети со друг ( освен ако не се ептен битни).

    Сеа зборвев со една познаничка, а бе се утепа зборење со 3 годишната внука.. Срцка моја лепотица моја, на тета шеќерот... Нз што.... Не беше сама имаше луѓе... После со др почна да збори.

    Сите си ги сакаме внуците, ама фокусирај се на разговорот бре.

    Па бев директна, и и реков ако имаш гости иди со нив само кажи ми време, па и се налути бе?!

    Која дрскост.

    Друг пат се слушам со една другарка, идеа со дечко и Охрид, јас бев на работа, и само ми ѕвонеше, ма ме пукна. Само да ми кажи дека стасале.

    А јас кога ќе ја барам, пази НИКАД не крева прва, и со 1001 изговор. Па како она готвела, чистела, машина пуштала...

    Е нема, крај!

    Кој сака нека се лути, не ќутам.
     
    На FridaodaMk, eliesaab и Authentic им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.380
    Допаѓања:
    20.542
    И кога ќе ми каже некој мачките биле злобни и не покажувале љубов значи...
    Еднаш со страшна главоболка отидов кај дм после работа. Не можев ич да стојам, ми се лошеше и вртеше ептен и легнав во дневна. Како што легнав на страна, мачето негово ми рипна, се пружи до мене, главчето на рака ми го потпре и така почна да си преде. Инаку мачево си има свое местенце за спиење и скоро секогаш оди таму или седи кај дм ама сега не ме остави цело време додека лежев. :inlove:
    Мачка да те сака е шитот.
     
    На Miss666, Thirlwall<3, hermosa и 7 други им се допаѓа ова.
  10. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    5.462
    Пол:
    Женски
  11. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.660
    Допаѓања:
    19.042
    Пол:
    Машки
    Wish me luck и некој совет плус - ќе возам вечер до аеродром Скопје да земам едно другарче..
     
    На FridaodaMk и Billy Idol им се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.167
    Допаѓања:
    39.800
    Пол:
    Машки
    Совет плус - не вози брзо оти коловозот знае да биде подмрзнат ноќе и да има магла.

    На аеродром имаш 10 минути стоп пред влезот, за повеќе мораш на паркинг.

    Паркингот е 100-че од час. Па имај ситно ако веќе ја оставаш колата таму. Се плаќа на автоматите, ги има и пред излез и влез.

    Arrivals е на крајот откога ќе влезиш. Прво е departures на првите два влеза.

    Откога ќе слета авионот уште пола саат минимум треба да се помине пасошка контрола. Така да не брзај. И каиш обавезно, зимска опрема, резервни ламбички итн. итн. :D
     
    На tambelina, Amellie13, FridaodaMk и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.926
    Допаѓања:
    179.405
    Уклучи навигација и вози поспоро да не го промашиш исклучувањето за аеродром, сто години е така ќоро напраено со никакви знаци:|
     
    На Ava.84, tambelina, FridaodaMk и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    3.884
    Пол:
    Женски
    IMG_9552.jpeg
    Сериозно?
     
    На eliesaab и TrueToMyself им се допаѓа ова.
  15. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    11.439
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на Били за паркингот, ако веќе ја поминеш рампата од паркингот и другарчето е заглавено на пасошка или чека багаж, а тебе ти истекуваат бесплатните 10 минути од hug&fly, можеш да излезеш, да направиш кругче и пак да влезеш на паркинг со нова картичка.
     
    На Billy Idol и Stark им се допаѓа ова.
  16. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.660
    Допаѓања:
    19.042
    Пол:
    Машки

    Nee ce platam parking duri de izbacime ce pomoni polsat :rofl:
     
    На MarigoldA му/ѝ се допаѓа ова.
  17. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    Можеш да го следиш авионот каде е на интернет ако е на Визер, ако е на друга компанија-не знам
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TrueToMyself

    TrueToMyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    284
    Пол:
    Женски
    На eliesaab и Selena01 им се допаѓа ова.
  19. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    3.884
    Пол:
    Женски
    Тоа е оти сопственикот е Грк а тие слават Божик 25.12 а Велигден заедно со нас… тоа што е Веро кајнас небитно
     
    На TrueToMyself му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    Нема врска муабетов.
    И кај Македонец сопственик се работи.
     
    На Waverly Raven, eliesaab, Selena01 и 1 друга личност им се допаѓа ова.