Конкретно за веро зборав јас. Не дека кај македонец не се работи Во кам гледам дека не работат барем на 7 ми
Ни еден Кам маркет не е лоциран во мол затоа не се работи. Маркетите, бутиците и сите останати продавници што се лоцирани во било кој мол работат сите празници и недели во годината освен на први јануари без разлика од која националност е газдата.
Не е точно. Барем во мојот град два Кам маркети се во склоп со молови. Како толку сигурни рипате да кажите нешто?
Ниту знам од кој град си, ниту ме интересира па сега да барам по нет за локации на Кам ама ако го рачунаш тој мол како Кам во ГТЦ што е, тогаш ок, така е.
Ти рече дека ниту еден Кам не е во склоп со мол. Не сум од Скопје, јас избарав за тебе и гледам дека пишува неработен ден за СИТЕ. Без разлика дали во мол или не.
Ајде ќе ти нацртам чим мора. Кам нема ниту во Сити мол, Ист Гејт, Рамстор, Дајмонд, Капитол. Во истиве овие од маркети има Тинекс, Веро, Рамстор. Во било кој од овој мол сите продавници мора да се отворени секој ден во годината освен на први јануари. Јас не знам што не е јасно. Ако сакаш работно време имаат стваено на ФБ и инста, ме мрзи да прикачувам тука. И ГТЦ иако е трговски центар е скроз нешто различно од моливите затоа незнам како се водат тие молови од твојот град.
Кам има во молови, во Скопје и Битола, мислам дека има и во трет. Во Скопје е во Ѓорче, во молот К-Мол. И тој во ГТЦ, ама ај да не го рачунаме. Трет Кам во мол има на друга страна во Центар, ама тој мол уште не е скроз отворен и маркетот не работи во недела.
Јас мислам дека треба да работат нонстоп и недела и празници. Понекогаш ми требаат некои работи баш се нусенс овие неработени денови. Порано беше подобро.
Тие што треба да работат нонстоп се луѓе. Имаат фамилии, празници, им треба одмор едноставно. Како бе така размислувате? Ако ти треба нешто ќе си купиш пред време, ако не, нема да ти дојде крајот ако почекаш еден ден без нештото што ти треба.
@Stark симнете си ја Flightradar24 апликацијата од PlayStore, со неа во реално време може да го следите било кој авион од било која компанија и аеродром, каде е моментално, кога полетал, на која висина е, за колку точно минути слетува итн. Прекорисна апликација.
Твој проблем. Купи си на време. И што ако ја одбрале таа професија? Треба да работат дури не паднат на каса? Има нешто што се вика приватен живот.
Не е убаво ова со неделите. Ако не сака да работи во недели нека работи друго. Јас може да работам трети смени за добри пари ама одбив. И тој или таа може да одбие.
Зошто си одбил? Оди работи. И ти одбери друго чим не ти се работи трета смена. Или тебе не ти се работи ама другите мора? Не оди тоа така бе другар. Многу игнорантно размислување. Ти си имал избор да одбиеш, многу други немаат. Да не се правиме наудрени, никој не бира работа на каса пошто сака, туку најчесто нема избор за подобро. Па и да не е така, и да сака да е касиер, МОРА да има одмор, слободен ден, ден за празник.
Тоа ,,некој мора" не е баш дека мора. Споениот викенд (зборувам за неделава) значи и штедење на електрична енергија за фирмите. Плус, сите по дома со најблиските. Пред години многу ретко беше некој да работеше или работеа, но со похумано време. Сега е безобразлук, плус и тие во последен момент што пазаруваат (посебно кога по дома имаат и од пиле-млеко, ете да излезат и придонесат за гужвата).