У реду е аптека да работи одредено време, јер лекови ова она, тоа е неопходно. Кафичи и маркети не се. На кафе можеш да седнеш и друг ден, исто така и да испазариш. Не е смак света ако недела и празник не работат.
Кој рече дека еден касиер работи 24/7? Абе какви смени, празник му е и крај. Треба да спреми јадење, да се види со фамилија исто ко и ти.
Нема грешка, ќе ви работи некој во недела за една Газоза оти Столе баџанакот ви наминал на гости изненадно.
Не мора да искусиш за да имаш осет и совест, што очигледно кај нас е во минус. А богами и менаџирање на време не им оди нешто баш добро.
Дур растев мајка ми беше продавачка. Шо работеше во Недела. Неработна Недела е благослов за многу семејства. Зошто не секогаш имаш избор, поќето луѓе немат избор да речат: "лол не фала, неќам". И после имаш деца шо родител гледат после часој во Среда, а викенд не можат нигде да одат оти родителот е на работа. Не мора ни да одат негде, едноставно присуството ти фали. Кој измисли слободна Недела - бравос. Ама најсериозно. Сите, СИТЕ, еден ден-два можи унапред да планираме шо пазариме. Не сме толку неспособни.
Секој што работи на празници, недели, втори и трети смени, со тоа е запознаен пред да почне да работи, и тоа го прифаќа, и е свесен за тоа кога потпишува договор. Те разбирам што сакаш да ми укажеш ама не се согласуваме. Во големи градови со голема фреквенција на луѓе и плус туристи од странство кои доаѓаат за празници, треба да работат и аптеки, и маркети, и кафичи. Тоа што вработените не постигнале консензус со менаџментот околу дневници, смени, и сл., не се виновни муштериите.
У реду ако е дупло платено за празник да му работи. Ама не е. Мада, некогаш и не е се до парите, ама нека го исплати што му зема празник. Муштеријата и те како е виновен што на време не си испазарил па сега и еден слободен ден во неделата сака да му го одземе на работникот. Место да седам по форуми да се расправам зошто неделата е слободна, ќе одам ќе си испазарам што ми треба. Јас сум крива што на време не излегов да си купам, не е крива касиерката од Кам што не работи денес. Тоа ми е муабетот.
Јас работам утре, а не ми е платено дупло. Не се согласувам дека на празник или недела мора да работат маркетите или моловите. Порано кога бевме мали не работеа продавниците овие денови. Ако ти треба нешто ќе си купеш ден однапред. И за продавачите е празник, без разлика дали имаат слободен ден преку неделата. Вие одмарате викенд и празник, а они мора да работат Фале уште на 01.01 да работат за да бидете задоволни
Никој не мора да работи на викенд и празник АКО НЕ САКА. Тоа што ти ќе работиш утре а не ти е платено дупло, си се согласила така, и не ти се криви муштериите што ќе ти влезат во дуќан. И јас ќе работам утре инаку, и што да правам сега?
Зошто не ти следува дупла дневница? Мене најмногу ме лути оваа ситуација. Кај си обврзан да работиш во недела, па не ти даваат ни дупла дневница која законски ти следува. Работодавците џабе ломотат дека ќе даваат 2х-3х повисоки дневници доколку се врати недела како работен ден, кога еве сведоци сме дека ни сега тоа не се почитува.
Абе ти да живејш во странство каде еден лидл ти е на 1 сат патување шо ке прајш? Матуфи се тие таму како преживуваат еднаш неделно со план за храна за цела недела? Си патиме ние од нас сами никој не ни е крив
Разгалениве шо бараат маркетите да им работат во Недела и за празник се проблем во општеството. Не дека само за маркетите шо бараат, тој табиет е изграден и на други полиња.
Тек тоа да видиш. Нас маркети уште дома ни немаат никнато, на секој чекор ги има од понеделник до сабота, па уште и се бунат за еден ден.