Па секако работат во смени маркетите. А за другите...можеш да испазариш преку работна недела ама такси не можеш порано да фатиш за да не ти притреба во недела. Фризери и шминкери исто работат според побарувачката, за викенд се повеќе свадби и прослави.
Штоп и половни делови за Опел имаш во Радишани кај Кардаш, пред самата бензиска на Окта. А нови види на karoserija.mk, autocentar.mk, delmak.mk. Кога враќаш рикверс не враќај со една рака ставена на седиште и не се ориентирај по задната шоферка, него на ретровизори ќе си ги прилагодиш да ги фаќа повеќето мртви агли и мртвите агли низ задните прозорци од задната клупа ќе ги бараш и на задната шоферка ќе се подрзавртиш ама не во целост, во целост ќе враќаш на ретровизор. Исто и кога возиш, ако возиш средна лента или лева, десна, прво гледаш на ретровизор дали имаш ама не влегувај одма во лента него подзаврти се на задните стакла за момент за да видиш дали имаш возило од мртов агол, можда на ретровизор ќе е чисто ама да ти е влезен во мртов агол и да не го видиш при престројување.
Овој ден секогаш ќе ме потсеќа на еден безгрижен период во детството, денови кои никогаш нема да се вратат. Имено во мојот крај се коледа(ше) и на коледе и на Василица. Луѓето обично даваа парички, по 5 денари, некои подарежливи и по 10, а тие што не сакаа или немаа многу по денар или два. Со паричките некои ќе дадеа и мандаринче, оревче, костенче... Стануваш во 7 наутро, ја земаш торбата за преку рамо, топло се облекуваш бидејќи е многу студено и има снег. Си земаш стап во рацете за да одржуваш баланс на замрзнатата земја но и за случајно да не ти се пушти некое куче, и крц крц по снегот полека одевме куќа по куќа викајќи "ооооо", а на заминување "и в година, и в година". По пат начекувавме уште огнови од претходната вечер, па понекогаш ќе се потоплевме на нив пред да продолжиме. Пред 12 не се прибиравме дома, а кога ќе си дојдевме прво нешто што праевме е ги броевме паричките колку сме собрале. За дете тоа беше нешто неверојатно, иако не беа големи суми, си се потрудил да собериш свои пари. Сега веќе ништо не е исто, нема ни снег, ниту деца да шетаат и коледаат како тогаш. Тие што ги има, не ги пуштаат така да шетаат. Ние имаме прекрасни спомени од тоа време, а тие никогаш нема да го искусат тоа. За многу години нека е Бадник.
На сите што им е одземен слободен ден или празник се греота. Касиерите беа само пример. Очигледно треба и да ви се нацрта за да ви се долови поентата. Или не ја сфаќате или намерно ја промашувате. Ова што го пишуваш нема поента, пошто ако не можете да испазарите од понеделник до сабота по цели денови, па ако работат до 3 ипол први ќе плачете по форумов како вчера пошто само недела не работеле.
Капитализмот наметнува, ама и капитализмот може да сече од корен. Дури сите се, со извинение **р се тресе - нека одат на работа со страв. Ниту еден не заслужува да оди стравувајќи дека ќе се соочи со губење на работата. Напротив, мозокот треба да се програмира со „и да ја изгубам, веднаш ќе најдам нова“. А тој што сака да е корисен, пак ќе биде корисен. Немаат ни газдите толкава моќ колку што мисли обичниот човек.
Одамна немаа дојдено коледарчиња, но еве годинава дојдоа четири ангелчиња со насмевки на лицето, радосни со песна Ми ја расположија душава и ме навратија поназад кога шетав и јас, а мило ми падна што јас се погодив дома и им поделив на сите. Нека ние е за многу години Бадник
Па тоа зборам, за да може да функционираме нормално, треба да имаме објекти/фирми што ќе работат во смени. Гледаш дека бев саркастичен со мислењето. Муабетот е дека маркетите не треба да работат недела и празници затоа што можело да се купува нешто во петок. На тој муабет се надоврзав јас дека не треба ни да се патува во недела, ни да се оди во теретана, ниту на фризер, ниту на излет.
Ама не може сите бизниси исто темпо на работа да имаат. Можеш однапред да испазариш, такси не можеш однапред да фатиш, или на лекар да отидеш однапред. Не можеш да рамниш обичен маркет и такси компанија или фризерница. Фризеркава моја еве највеќе муштерии има во сабота, другите денови послабо оти до 3 работи.
Уште ти го барам сарказмот во постов и ни С не најдов. Поштари не работат викенд, фризери, шминкери, таксисти- работат кога што им се работи. Мојот фризер конкретно не работи викенд. Плус- сам е свој газда. Забегувате малце од размазеност. Малце поише. Малце накај среден век. Не, нема да умрете еден ден без отворени продавници, стотици милиони луѓе во ЕУ преживуваат еве со децении.
И така и годинава, како и секоја пред Бадник и Велигден, оо тие боговите на моралот, тие со чисти ангелски души, те гледаат у уста и гаќи што внесуваш и таму и таму. Спомнеш ли оти неќеш да постиш, ти си најголемото олицетворение на злото, ти немаш почит кон боК и празник. А да ги прашаш што направиле тие освен што постеле, креваат раменици, не морало ништо, душата да им била чиста барем. За бог и ќе гладуваат, ама гладно куче и маче да видат, пре би да фрлат храната него да му дадат да јаде. Оти ни кучето ни мачето не се бог, нема да ги суди, им е гајле. Они имале совест и чиста душа, жими мајка. Нели бе верата ве учеше да помагате, да делите, да бидете солидарни? Нели на морални вредности ве учеше? Каде ви е моралот ако секого мразите, судите и плукате? Ама постите, аа оќе, таман е, повеќе не мора. Уствари и жената и децата да ги подмавнеш еднаш треба. Е кога ќе ме прашаат како имаш морални вредности, а не си верник, еве ќе им кажам да ги прашаат овие што постат ама говна повеќе јадат од зејтин.
Верувам дека денешниот ден, покрај неговиот роденден и првиот ден од летниот распуст, е еден од најубавите денови за секое дете. Кај сите нас овој ден длабоко е врежан во нашите мемории. Денот започнуваше од мугри, планот за акција однапред беше договорен. Имаше години кога имаше снег, имаше години кога имаше дожд, но имаше и години кога имаше сонце. Само тогаш немаше широка распростанетост на социјалните мрежи, немаше во секоја куќа компјутер, имавме кабловска/сателитска, имавме видеотека/цедетека, најголемиот дел од слободното време го поминувавме надвор, а не виртуелно. Имаше своевидна виртуелност, најпрвично во форма на нинтендо, а потоа и неколку компјутерски игри, но тоа ни беше секундарна форма на забава. Немавме ни телефони, така нашите немаа претстава до колку ќе заглавиме. Одевме од куќа на куќа, вешто држејќи се до договорениот план, попатно ќе сретневме група на деца која ќе нѐ подучеше каде повеќе даваат, друга група која ќе ни кажеше каде не отвораат, трета група која ќе ни покажеше колку собрале. На крајот се натпреварувавме кој што добил и кој најмногу добил. Најраното сеќавање од моето коледарење, веројатно и прво, е со мојот покоен дедо. Живееше во зграда, ќе ме прошеташе низ оние станови со чии станари живееше добро, а потоа ќе ме однесеше во продавница да “коледарам“ (му даваше пари на продавачот да ми ја (до)наполни торбата т.е. ги купуваше работите), и потоа ме враќаше во станот. Сега сум на другата страна од вратата. Видов групи на дечиња, дечиња кои одат со своите родители и срамежливо пеат, па и по некое само детенце. И оваа страна на паричката си има свои убавини, но за тие убавини во некоја наредна прилика. И не ги разбирам луѓето кои не отвораат врата на циганчиња, и тие се деца, нека уживаат во детството. Истото не мора да се прави само поради христијанската догматика, за што пишува Петар во Новиот завет, туку поради принципите на човечност и хуманост кои треба да се врежани во нашиот морален компас. Нема да станаме посиромашни поради тоа чоколадо, смоки, сокче, грст бонбони или некоја ситна монета.
Колку е битен фејсбукот во вашиот живот... ви дошле деца коледари, од малкуте што останале да ја продолжат традицијата... ама вам поважно е најпрво да ја уклучите камерата на телефонот и да ги снимате пред и да ги имате поздравено, јер мора да се објави на фејсбук. Вашиот домапин раш не смее да страда, мора да се храни постојано од лајкови. Ги жалам денешниве генерации кои пораснаа на фејсбук, целата приватност, секој чекор, скоро секој миг им е сервиран пред очите на иљадници без за тоа да бидат ниту прашани.
Многу интересна држава сме ,секој крај буквално некогаш и населби во ист град си има различни традиции ,баш ме интересира дали и на други места во светов е така ? Пример еве со паричката еден дел за Василица ,друг за Бадник... За свадби ,за крштевки буквално за се секое место има свој адет...
Пред 13-15 години кога јас одев на коледе, одевме рано изутрина 6-7 часот, со торбичка што баба ми ја ткаела. Не ни беше битно дали надвор температурата е минус, дали има снег. Одевме во секоја куќа, пола село го поминувавме, и не не пречекуваа со пакетчиња како сега што праваат, туку од тавки директно ни ставаа во торбите. Среќа неизмерна, пеевме на сет глас!! И со полни торби се враќавме дома.. А сега едвај 5-6 дечиња да дојдат на коледе, и тоа доваѓаат со мајките или бабите и дедовците кога ќе станат од спиење после 9часот.. Скромно ќе запеат и толку.. Зошто е тоа така, толку ми е жал што од година на година изумираат нашите стари обичаи, нашата традиција.. Како што тргнало се ќе се заборави.. Имајте убава Бадникова вечер!! п.с: Се надевам пред вечерата ја сликавте трпезата и постиравте на социјалните мрежи... (не бива без тоа)
Му викам денес на овој мојов не се раскрева масата после вечера за Бадник, он ми вика ако те мрзи јас ќе ја раскренам.. Значиииии, зашто не може да има зашто и затоа и на тоа да остане, ако не се раскрева, не се раскрева, сите што ги знам не ја раскреваат масата после бадниковата вечер, од каде да знам зашто, знам само дека не се раскрева и се остава така до сабајле и тоа е тоа..
Woww, и денес чувствувате нагон во вашите дубоко сје*ани Умови. Срца. & Души. да мразите, се комплексирате, завидувате, лажете, квази-манипулирате (дури и кога сте препровалени од веќе споменати причини) бе тажни милички? Oh wait, зошто не сум изненадена. Нема среќа, нема внатрешен мир беше ова вашево? Епа нема бе милички, нормално дека нема, еден е патот до животот, универзално и тоа, а ова горе не е вклучено до него... Не ви е и на вас лесно сами со себе, со сета накитена внатрешна мизерија која сте ја насобрале и собирате наново секој дополнителен ден по пат... Ако, ако. Како е, тако е, битно секој да си го добие своето, дури и кога е ходајуча несвест да тоа го сфати... Бог/Универзумот кој во што сака нека си верува, битно никого не остава туку така, без своето.
Децава денес малку се смотани, сите имаат смартфони, сите имаат блутут звучници, па снимај ја песната, и пуштај ја пред врата, кога ќе отворат, почни и ти да пееш као демек да не биде не сте пееле, и така.. Ехх како немаше блутут звучник и смартфони јас кога бев коледар..