Така не се рачуна бе Нинче Секој знае така.. И? Тоа ли е поентата и убавината? Ужас Поарно не иди чим така, шо ќе се брукаш И секако на Тикток нели документирано да биде, може и некоја драмичка ќе бидне , па јако е да се сподели. Глупост до глупост Иначе на темава коа сме Еднаш на Коледе коа бевме собрани чопоративно деца, пошо не сме пееле ја и брат ми гласно така со урлање, ја поради срам едни повозрасни луѓе, рекоа: Е за вас нема парички Не памтам дали стварно не дадоа, ама зборовите ги памтам многу убаво.. Како и да е, сепак убави времиња беа, времиња кои не се враќаат..
Се рачуна зашто да не, јас ја учев сестра ми така да прави, ама се успала од сабајле и не ни отишла на коледе..
Луѓе ми се бендисаа едни патики многу, дури ги пробав и топ беа само немаше мој број во продавницата па ги нарачав онлајн... Ама гледам во спецификација пиши за деца-девојчиња:[ А има броеви дури и поголем од што носам јас. Дали преставува проблем? (беа во женскиот дел на сталажата не во детски)
Божиќ и Бадник отсекогаш ми се симбол за мир, хармонија, семејна сплотеност и еден од омилените периоди од годината (покрај куќната слава и Велигден). Како сите секогаш, ви посакувам само здравје, штом имаш здравје се подразбира дека имаш и среќа, радост, мир, љубов итн итн. Среќен Божиќ! Мир Божји, Христос се роди!
Знам девојки што купуваат облека од одделот за деца или од одделот за мажи. Никаков проблем, ниту е тоа чудно, Ако ти одговара носи, не се мисли.
А зошто да претставува проблем. Јас од Зара имам детски модел на обувки, до 39 број се детските, така да секогаш си разгледувам и таму дали ќе си најдам нешто.
Ако некогаш се омажам и имам деца, најмалце што би сакала е да сметам на моите дома да им оставам дете да ми го чуваат по цели денови и празници (осудувајте ме колку сакате, дете треба да седи кај мајка и татко, не цело време кај баба и дедо) Ај, среќен божиќ, за многу години
Од 13-14 години е за 164см. Освен од висината, зависи и од твојата градба, тежина, и секако од моделот. Ако е нешто oversized секако ќе ти е точно. Ако е нешто потесен модел тогаш може и не.
Во право си скроз, и твоите се луѓе и сакаат да одморат. Затоа да и го тупнуваш на свекрвата, бел ден да не види вештерката.
Нема потреба за иронија, јас не викам дека не треба да се помогне, секако треба, ама на се има граница
Еден пост до машките членови на форумов а воедно и прашање. Земав јадење да си праам и отворив фрижидерот, гледам канта павлака, си викам ох леле како ќе се накркам, ја зимам и --- не тежи!!! Ја отварам и гледам точно две мали лажички павлака внатре. Се разочарав. Одма знаев чиј е злосторот - на маж ми. Ова не му е прв пат, нонстоп си праи така со се. Знае да остави и по една кисела краставичка во тегла и назад во фрижидер. Е сега, прашањето ми е, дали е глуп или почнало да го фаќа некоја заборавачка болест? Прашањево ми е сериозно пошо не е прв пат ова да ми го направи маж ( не само овој, туку и бившите мажи, и татко, и свекори, и другари итн итн). Шо ви е?
А зашо веќе чим толку изел, шо остаил за уше две мали лажички? Или стомак се плаши да не го заболи? Ја коа мавам ете павлака конкретно ко шо викаш, ја мавам цела, кисело млеко исто цело Те дупи овој глеам јас Нит е глуп нит деменција има скраја било, се заебава, па се навикнал така.