Ама не е само он. Ти викам сите мажи околу мене истово го имаат праено. Незнам шо им е филмот со тоа да остават две лажички павлака или ајвар во теглата и назад во фрижидер. Да беше само мојов, немаше да прашувам глупости .
Знам дека и една друга членка истиов муабет го пишуваше тука за нејзиниот маж, ама незнам која беше. Ако се препознае, нека се приклучи во дискусијата
Мене па ме нервира така малце на газеро да оставам. Саламче да има едно парче одма на мачорот, јогуртот ако е помалку од една чаша одма него му турам..
Па полесно му е да остави две лажички и да ја врати теглата во фрижидер, него да ја мие Не е глуп, паметен е твојот маж
Татко ми пример секогаш прави како да не е отворено, и да е полно, за да не знае никој дека јадел. Пример ако земе наполитанки или ресани, ќе ги спакува повторно да нема шанси да видиш дека фали внатре. Ако не може никако, така ќе ги сврти/прикрие. Многу пати се случило да треба да одат некаде на гости, да знае мајка ми дека има нешто дома, чоколада, бомбоњера, и кога ќе види, пола изедено. Ехее колку пати го има пеено да не прави така. Ако јаде, нека јаде, никој не го кара, ама да не крие. И пак си е истиот.
Епа поблиску му е фрижидерот, него ли кантата Повеќето мажи се исти, мрзеливи за такви работи. Ама мозокот 200 на саат им работи... За такви работи де, за глупости
Епа тоа е тоа де. Такви глупости мора да напраат. Ќе им приречеш и пак продолжуваат со истото. Стварно незнам шо е работата
Jas ke ti ja odgonetnam taa misterija. Toa e od ljubov prema tebe, da ne rečes deka izel sve, ovaka mu se jadelo ama sepak pomislil i na tebe i ostavil malku i na tebe kako znak na ljubov.
незнам никогаш не сум купувала на детски оддел ама кога ке размислам не би требало да има ништо чудно
Колку знам такви, децата на свекрвата/мајката а они на денски и вечерни журки за нова година, ехее, на одмор свекрвата или мајката со неа, деца им чуваат, они одмор си тераат по дискотеки и клубови со мажите.. Ама не се они криви, тој што им се нафатил да им ги чува децата за они да се журкаат е крив, и не зборувам само за жените, и за мажите важи ова, бидејќи најчесто жената му вика на мажот кажи и на мајка ти вечер ќе и ги однесеме децава.
Точно Нина Ја не сфаќам исто, со деца, у брак, а волку слободни опуштени по журки и искачања секој викенд и слично.. Па дај бе молимте, у брак си, приоритетите ти се сеа други скроз, како вака? Шо влагаш у брак ако сакаш таков живот, и шо деца праиш? Децата баба и дедо ќе ги чува све? Родителите си уживаат, па не се родители тогаш. Ок младост, желба за забава ама не вака бе, до толку сепак не. Иначе убаво рече, тие старите, баби/дедовци криви се, они ги научиле, ги научиле нивите деца да ги искористуваат лично нив.. Класично искористување е ова. Не знам дали жената му вика на мажот да и ги тупне децата на свекрвата, или самиот маж на мајка му, небитно, битно ова е мизерно. Или мајка/свекрва ти готви, чисти, пере, пегла и слично, ти се излежаваш. И ја знам така, не била доволно наспана госпожата, и сеа ајде мамичке дој да ги причуваш, ми се спие .. Абе како така??
Абе ако старите сакаат да фи чуваат внуците, зошто да не? Нормално се во граници да биде. Јас како дете без родители, немам никој да ми ги чува децата и знам како е кога ти треба бар пола саат одмор. Здравје боже, децата на моите деца со задоволство ќе ги чувам за моите да одат да се излуфтираат, па и да се журкаат.