Се во граници на нормала, и јас ќе ги чувам, ама се додека тоа е на моја добра воља, а не да ја искористуваат мојата добра намера и во секоја можна прилика која ќе ја имам за одмор да ми тупнат деца..
На некој ако му треба нешто ќе си купи пред време, и на тие што работат во маркети им е празник и сакаат да бидат со семејството. Кога порано било подобро? Не се работело на први и на втори Јануари па ете се снаоѓале. Мене ако ми треба нешто, а не сум купила пред време тоа е мој проблем.
Има многу мажи прават така, глупи се! (Или ако зборуваме за ајвар или друго нешто во подрум што се чува, ако треба да оди во подрум да зема нова тегла зашто ја изел старата, а го мрзи, ќе истави малку демек не ја изел цела. Во тој случај е пренајпаметен)
Од работниот профил секојдневно ми никнуваат статуси а.к.а "бисери" на корисници кои си го раскажуваат денот во детали. Каде биле, што јаделе или пиеле. Дали се радосни или удрени со мокра чорапа. Потоа екстреми каде се снимаат/сликаат како вежбаат, напикани во спа центри, дупки, пештери, кањони. Со цела писмена траекторија (опис) за сето она што го искусиле, често обраќајки си се сами на себе. Не можам а да не се прашам дали е ова некаков глобален тренд, (инфуенсерство/блогерај), или едноставно толку се поскапени државните психолози што тотално пролупавте? Опис за еден ден е во ред, ама за секоја движечка активност да давате јавен ,,отчет" .. Чуму тоа и за кого? Толку ли е тешко да се води личен дневник, или дел од фотографиите кои не се секогаш за изволте да се зачуваат во мобилен како вредносен спомен? Мора ли сѐ да се знае? Мислам дека не.
Кај нас јас сум мажот до таа мера што ако било последното парче салама јас ја враќам празната амбалажа во фрижидер. Мм живци кине со мене.
Па ако не правиме така сега кога имате малку слободно време ќе нема шо да правите па ви отвораме работа да не мислите на глупости да мислите зошто последното лажиче ајвар и последната саламка ја оставаме во фриждер. Од љубов адидас од љубов
Тууу, нисам знала шта је права љубав. Ај идам да му дупнам некоја гума од колата на мм, па да има шо да прави утре.
Коа сме кај машко - женски проблеми, никогаш не го разбрав проблемот оти он не го спуштил капакот на шољата или она не го кренала. Идеш во веце, ако ти треба да го дигнеш ќе го дигнеш, ако ти треба спуштен, ќе го спуштиш. Просто и едноставно
Затоа што немам време. Искрен и реален одговор. Мм вика дека е навика и дека автоматски го правам тоа.
Епа некој треба со рака да го фати. Капакот седи спуштен. Машкото треба да го крене па да го спушти. Зошто јас да фаќам со раце, а немам потреба од кревање на капак. Решение- две шољи.
На децава неварени костени им давале вчера ејј, абе пола саат работа е да ги сварите, само стави ги, и извади ги после пола саат, мрзи невидени сте..
Ахам да. Едно веце плус за чистење. Маж нема шанси убаво да исчисте веце, па ако сакаш и до утре ќе се убедуваме. Спас е само да му се изнацрка кога капакот ќе биде спуштен/дигнат, и готово. Јас така го тренирав маж ми. Сега само од погледот мој се плаши.