Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.163
    Допаѓања:
    156.501
    Сдк дека лабаво се живеело е фактот што мајка ми ми раскажува дека порано кога се частеле на работа за родендени, деца/внучиња раѓање си пиеле виски, вињак...лабаво.
    И тоа било некоја нормалност... oh my...
    А се сеќавам и дека беше нормално да си свратиш кај твоите на работа. А сега? Со сто рампи, куцање, најавување...
    Поарно ни било сега... да, да...
     
    На dea.18, FridaodaMk, FreeToGo и 8 други им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.091
    Допаѓања:
    36.217
    Пол:
    Женски
    Јас најдов празно тавче во фрижидер :lol:

    И маж ми не чисти вц :rofl:
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.280
    Допаѓања:
    13.099
    Пол:
    Женски
    Нешто форумов ко посебен вајб да има у последно време? :inlove: :wasntme:
    Ајде за арно и за убаво на сите нека е :*:
    Убаво е да се гледа и доживува такво нешто :l:

    Без разлика на се, секогаш ќе верувам дека ќе тргне на подобро, мора :)
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  4. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    12.561
    Пол:
    Женски
    И викам сакаш да ти покажам нешто по Математика, имаш нешто нејасно да решаваме задачи?
    Вика не, јас и на другите деца задачите за домашна им ги решавам на целодневна..
    Лелеее беее, колку брзо порасна детево, а и среќна сум дека покажува љубов кон математика уште од сега.. :inlove::inlove:
     
    На Hera L, Stark и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  5. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.283
    Допаѓања:
    12.347
    Пол:
    Машки
    Жалосно, колку подмолно се протна потребата од плаќање на административна такса на факултетите/универзитетите.

    Наместо да постои стремеж за намалување на трошоците на студентите, тие се покачуваат. Во најава и покачување на школарината. :|
     
    На Vikktorr, eliesaab и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.382
    Допаѓања:
    20.570
    Кутрите Роми што ги жалите како биле дискриминирани, со години горат гуми и пластика покрај кеј ама никој не им може ништо.
    Дишете си, што да ви кажам
     
    На SummerGirl, dea.18 и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.367
    Допаѓања:
    22.215
    Пол:
    Женски
    И ни ги крадат шините :rofl:
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    1.484
    Кај мене капакот е секогаш спуштен, ако фати зорт секоја секунда е важна.
     
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.602
    Допаѓања:
    39.050
    Пол:
    Женски
    2025 и уште луѓето си пијат антибиотици што им се нашле по дома "за грлото".
     
    На crimson, Waverly Raven и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    12.561
    Пол:
    Женски
    Мајка и на моја школска денес и кажуваше на една жена додека чекавме автобус дека ќерка и живеела со свекорот и свекрвата и плус мало бебе и она и маж и заедно во стан од 45 квадрати, и искрено жал ми падна за мојата школска, греота..
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.068
    Допаѓања:
    12.561
    Пол:
    Женски
    А ти демек, онака наслушна? Ах Нине, после ќе се лутиш кога ќе те караат. :D

    Помогни ако ти е жал, задружете се повторно, прошетајте го бебето - нека има зошто да излезе. Патем, така живеат мнозинството. Не е ниту жално, ниту смешно. Реалноста е таа.
     
  12. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.283
    Допаѓања:
    12.347
    Пол:
    Машки
    Скроз, па и “Се напив еден Амоксиклав сабајлево, ама не ми помина.” :|

    Многу ги мразам молбите за резерва антибиотици, особено пред зимски/летни одмори.
     
    На Angie1432, Amellie13 и eliesaab им се допаѓа ова.
  13. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.876
    Допаѓања:
    6.989
    Пол:
    Машки
    Добро бе јас не знам значи каква злоба, каква некултура и непочитување владее во овај никаков народ, а и не само нашиов, во сите луѓе ама ние сме исклучок значи исклучок.. од кај ви извира ова, од кааај.. :@

    Влегувам во Кам пред 20мин, купувам за јадење и идам на каса. Пред мене имаше двајца, маж и жена на 60-65 годишна возраст. Мажов ги става производиве во корпа тие пластичните, касиерката им вели: "Се извинувам господине, ама изнесување на корпите од маркет е забрането, газдарицата ни забрани".

    Овај никаквиот се издиша само и вика ******** со погрдни пцовки, да не се изразувам сега, ако сакал на газдата да му плател сега требало корпата до кола да ја носел да се растоварил, така да му кажела него.

    Абе идиоти еден, ниту носиш торби, ниту ќеси, па уште бараш и картон да ти ослободиле, ајде стана се понуди да ти даат да се спакуваш ти најде да пцујаш, абе ти од планина си слегол ама дивјаштвото од тебе не излегло, од кај никвувате вакви, од кај.. :@

    Кутра жена ни крива ни должна пропадна од срам, мене ми падна непријатно ме изеде туѓ срам, само ај да не драмам.
    Му вика фино лепо, ни е забрането зошто ни ги земаа и не враќаат и после нас ќе не удрат по џеб. И пред да одат пак фино му вика: Уште еднаш ви се извинувам ама такви се правилата, имајте пријатна и убава вечер.

    Идиоту еден, ќесите ти се 8 денари, без пари шо се вика, две ќеси те коштаат 16 денари. Ќе се собереше фино лепо и никому ништо, шо драмиш шо се понашаш планински, глупак.
    Зоштооо сте толкуу никакви бе, безчувствителни, каква злоба ќе и имаше во вас..

    Е вакви ќе ти расипат и вечер и ден и празнична атмосфера. Му дошло на некој до твоите 500ки, ќе пропадни Кам ако не платиш ти.

    Аир да не видиш и нека ти служи на честа и годините шо ги имаш.
     
    Последна измена: 8 јануари 2025 во 20:02
    На SummerGirl, Billy Idol, st-el и 2 други им се допаѓа ова.
  14. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    12.561
    Пол:
    Женски
    Ако видиш дека не ти оди во животот, мораш да промениш нешто околу себе.. И кадаифот со години одеше во комбинација со ореви, па беше никој и ништо, ама од кога се здружи со ф'стаците, го дозна цел свет, дури и оние кој никогаш предходно немаа чуено за кадаиф..
     
    На Biljarkata и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  15. Detective L

    Detective L Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам: дека сите се безобразни капиталисти, без нималку срам
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.091
    Допаѓања:
    36.217
    Пол:
    Женски
    Работев во маркет. Знаеш кои муштерии не сакаа да купат кеси? Господата богаташи. Правеа сметки од минимум 3000 денари, ама стиснати се за една кеса. Па ги бараа корпите да ги земат, со изговор дека ќе ги вратат. Имаше такви кои бараа празни кутии (facepalm)
     
  17. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    2.866
    Пол:
    Женски
    Трета смена на работа и настинка = добитна комбинација. Ќе умрам. :whew: