Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.830
    Допаѓања:
    34.760
    Пол:
    Женски
    И мене ми е ок.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.180
    Допаѓања:
    39.831
    Пол:
    Машки
    Останав кај моиве за празнициве да се одморам малку една недела од патување, работа и работа... и работа.

    И ај денес Сабота, ќе се изнаспијам конечно оти вчера се шинав од работа до полноќ.
    Станувам утрово, или подобро да речам пладнево оти веќе 11 беше... И слушам муабети некои од дневна, гласови...гости имаме. А ич нејќам гости наутро, и отсекогаш сум одбегнувал да одам да се поздравам...
    Ме знае мајка ми каков сум, па ми се јави на телефон да дојдам затоа што учителката Верче била дојдена. :tmi:

    Верче не ми беше мене учителка во основно, ама беше на класот каде што беа другарите мои од маало, а ние неразделни бевме. Не дека мајка ми се дружи со неа, може кај нас има дојдено еднаш пред 20+ години. Ама мајка ми таква е, види ли некој познат и ајдеее одма на кафе, на локум... :?:

    Видов, не видов, се облеков, се спремив малку и отидов да ја видам Верче. А она одма уште од врата: "Лелее Билииии кај си тииии? Те нема тетка Верче видено којзнае од кога. Леле колкав си пораснал, колку убав дечко си станал, браво, браво... Ајде за многу години нека се празниците, бла бла бла". :drunk:

    И ајде тука следуваат обичните бош муабети каде работам, дали сум се оженил и зошто уште не, некои случки од школските денови, па приказни за секој ученик, кај бил, што завршил, каде работел.

    Не остана покусо и мене да ме пофали пред мајка ми колку сум бил паметно дете, дека уште од тогаш се гледало дека ќе стигнам далеку. Ама секогаш има пример за некое дете што успеало повеќе, што заминало Германија, Швајцарија, Холандија, Лондон, Америка, докторирал на Харвард и сега работи за НАСА, прави нов модул за Марс, а во меѓувреме открива лек за рак и чека трета Нобелова награда. И секако, е нејзина најголема гордост. |(

    За крај пред одење, не заборавила да ми купи поклонче за празниците...
    Буричка во тоа торбулето, и ми вика: "Били се сеќаваш ли во 4то кога бевме на ексукрзија кога игравте фудбал, па кога си паднал во еден вир...."
    "E како не се сеќавам тетка Верче, таков блам тешко се заборава..." :worried:
    "Тогаш мајка ти ставила резервни шорчеви, блузичка, гаќи... ама заборавила чорапи, па моравме да ги переме и сушиме..." - вади од тоа торбичето едни чорапи - "Тетка Верче се сеќава и затоа ти купи сега чорапчиња за зимово"...

    И идам во соба, што ќе видам чорапиве ај што се зелена го*но боја, туку пишува и дека се женски. Мајка ми ги нејќе, вика за мене биле и јас требало да ги носам, не се ни познавале дека биле женски. :|

    Ги пробав. Точни ми се. Сеа ваљда треба да ги носам? Да? Не? :?:
     
    На Stark, Selena01, Realist1 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.493
    Допаѓања:
    12.582
    Пол:
    Женски
    Хахахахаха убаво ме изнасмеа ејј.
     
    На Billy Idol и DS10 им се допаѓа ова.
  4. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    2.299
    Пол:
    Женски
    Некупување кеси е принцип. Особено затоа што е боцкање во здрав мозок дека откако ќесата ќе биде наплатена 20 денари, веднаш станува еколошка (нели, така ги рекламираа).
    Дали направиле 30, 300, 3000 или 30 000 денари тоа воопшто не е важно. Ако се нивни пари и не сакаат да дадат плус 20, имаат право да не дадат. Како ќе се спакуваат си е нивно.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    3.497
    Пол:
    Машки
    Што су ти згрешил ја?;(
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.631
    Допаѓања:
    167.562
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека од избегнување гужви и пазење генерално, најмногу ми недостига одењето во кино. Еднаш месечно, па чак и просечен филм да изгледам во кино, чуда ми прај за менталното здравје. И са читам со овие шо се дружам одат на филмот шо сакам да го гледам и знам дека денес можев да сум таму, ама не сум. Предолго немам одено на кино и прва можност ко ќе се е ок ќе одам на кино за првиот филм шо ќе има место.
     
    На crimson, NPN и st-el им се допаѓа ова.
  7. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    4.751
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам да падне снег, онака да снежи и снежи.... :inlove:
     
    На Adidas888, eliesaab, DS10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    3.497
    Пол:
    Машки
    Годинава зимата испоштува в крај, два пати заврна утре трет. Не дека првиве два беа некои јаки снегови водени беа, ама од утрешниот очекувам многу, ко тој 2014 што во рок од три четири сати го блокира цел град.
     
  9. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    4.751
    Пол:
    Женски
    Ако живееш во Зап Македонија можеби и заврнало двапати досега, во другите краишта ќе биде и првпат.
     
    На eliesaab, SummerGirl и DS10 им се допаѓа ова.
  10. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.493
    Допаѓања:
    12.582
    Пол:
    Женски
    Читам коментари на социјални мрежи како ја напаѓаат одредена Кристина Балканов дека имала слика по бикини а била поставена таму за директор на МНР некој..
    Девојката дипломирала на Јустинијан Први во Скопје како првенец на генерација со просек 9.98, има магистирано на универзитет во Англија.. Добро бе луѓе, ако државата не ги вработува луѓето што се првенци на генерација на државни факултети, кого да вработи?
    Зашто се однесувате како да сме Авганистан, големо чудо ако ставила слика од неа по бикини и имала филери на устата, па тоа си е нејзин приватен живот, и инфлуенсерка да е, апсолутно не треба да ви е гајле..
    Пишуваат и дека согласно сликите, толку и било и знаењето и интелигенцијата..
     
  11. Harley Quinn

    Harley Quinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    А бре ништо, баш напротив ми имаш фатено око вака што те читам низ тмеивее
     
    На DS10 и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. BeMyFriend

    BeMyFriend Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2023
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    1.316
    Пол:
    Машки
    Сдк се поебав си ја пукнав раката.Во лонгета.Лошото брзо доаѓа