Ay сине, ал се ја разборела. Је*еш и Месечина во Близнаци и се. Ок, ај сеа Добра Ноќ, слеш Добро Утро!
Аиииииииии не е можно бе Конечноооооооооооооо снегчееееееее Се будиш сеа, ролетна затворена, па и преку неа се познава оти паѓа, очекуваш, со оглед на тоа што синоќа почна, али не очекував до волку Радости
Бели улици, бели покриви, бели дрвја.. вистинска зимска глетка Секое годишно време си има своја природна убавина, но зимата со снегче е како волшебна приказна..
Да, И ви посакувам на сите квалитетно да си го поминете денов, во правење снешко, мавање со топки, санкање, скијање, шетање по снег Ретки се вакви денови... Снегот носел бериќет, така велат старите, па нека ни донесе здравје, среќа и исполнување на желбите
Ко за некој што најмалце сака зима, квалитетно време поминав на снег. И со кучињата си поиграв и Снешко направив. Детски радости.
Куповите од обични кеси сега се заменети со купови од кеси со појачана пластика на кои им треба многу повеќе за да се разгради, ако воопшто се разгради. Еколошки, my *** Често се купува нова бидејќи „ај не земам, секако ќе купам само едно нешто“ и на крај завршува со 10. Платнените зафаќаат место. Во малите ташни или џебови, секојдневно носење е малку проблематично. Мене не ми е проблем, носев многу пред во мкд да им текне дека постојат (ни тогаш не земав кеси иако беа бесплатни) и пред го измислат глупиот закон, ама сфаќам зошто на други би им било. А за овие со толку голем пазар е нивно да си носат реупотреблива, затоа и пишав така. Или евентуално нека одат 2-3 пати до кола. Лоша реакција кон продавачките околу тоа (како што е пишано претходно), апсолутно не е во ред.
Платнена торба не зафаќа повеќе место од пакетче палома. Откако на мажот ми му доделив една за него, и стално му ја ставам на одредено видливо место, се научи да си ја земе в џеб ко ќе оди да пазари. И веќе не ми влечка дома глупи ,,рециклирачки,, или хартиени кеси. Навика е.
Facebook стално кога ќе рипортнам некоја содржина или ја скријам ме известува дека се грижи да ми направи персонализирана содржина за мојот Feed. Како до сега не научи дека не сакам реклами од никаков тип
Никогаш нема да сфатам како може човек да пие кафе во било каква чаша, значи треба да си купиш убави чаши/шољи за кафе и кафето да си го пиеш мерачки, ако не ми е убава чашата и кафето нема да ми биде убаво.. Како да кажам, мораш да имаш убави шољи, тоа е морално во секоја кујна и секаде.. ПС: Ова го приметив денес кога луѓево сликаа кафе со позадина снег како вее.
Те сфаќам, ама мене искрено не ми менува. Можам сок да пијам во чаша за вино или вода од ѓезве, се додека структурата на садот е во таква форма да ја задржи течноста за мене е функционален. Тие процедури/правила/кодекс се под влијание од.. шо знам бон тон ли што ли е али нема везе.. Особено што сега на инстаграм се се објавува естетски да е убаво, па се влече тоа.
Како што пишав, си носам многу (многу) пред кај нас да биде воопшто позната таа опција, мислам дека знам што пишувам. Ако кај тебе е така, кај мене не е. Во ташната која јас избирам да ја носам од практични причини, ми зафаќа половина и повеќе место од целиот простор. Во џебовите не ги ни собира (обични платнени торби). Мене ми е проблем и разбирам зошто некој не би сакал да носи постојано со себе. Тоа што го искоментирав беше најмногу за тоа дека сега ќесите се плаќаат и магично се поеколошки, а реално купот обични се замени со куп пластифицирани.
На пример такви. Имам со кучиња, со животни од џунглата, пристоен кафен дезен, пристоен плав дезен..за секој аутфит имам ...и барем 2 во ташна. Буквално сегде ги има, ама што знам, можда немаат вакви во мк. Опс...бизнис идеја 2 евра на Тему се
Во чанта носам најмалку две торби, од кои посекако ги искористувам. Проблемот е ако пазарам случајно повеќе (а се случува), па посекако мора да се купи. Инаку и мене ми зафаќаат доста место, тоа другото едвај ми го собира. Сум пробала со разни чанти иако можеби единствено решение е голема секојдневна чанта (па внатре да се ставаат кесите без проблем). Само лично не гледам потреба од тоа, најверојатно дека немам навика да носам баш огромни чанти. Едит. Инаку, корисни се џебовите од јакна (ама оние баш длабоки) кои никако не се познава дека внатре имаш нешто. Практични се доста иако ретко се среќаваат такви. Само на една јакна ги имам и се огромно олеснување. И плус никој не знае дека се шетам со торби. Пензионерски стил.
@Addicted твојот показалец е поголем од домал прст Имаше тоа некое значење жени/мажи вакви такви пошо кај мене се обратно?
Е сега нинче значи тролаш на најјако, ај до вчера ти гледав низ прсти те бранев ама ова е некст левел. Од кај ти идат идеиве да помислиш да напишеш вакви мислење не па да напишеш. Ама ај, то е...