Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Merten

    Merten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    901
    Пол:
    Женски
    Можеби и така е, ама во секој случај изговорот не им е ист
     
    На FreeToGo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.966
    Допаѓања:
    179.734
    Ништо лично не беше, само се надоврзав на коментарот, оти не знам што торби се тие што фаќаат многу место.
    Поеколошки кеси се шиомигаџуро , само екстра профит некому, не дека помалку пластика има. Најголема ми е кантата за пластика, и на мистериозни начини, најбрзо се полни. А најјака ми е иронијата во Хрватска, кајшто и кесите за зеленчук ќе се наплаќале, а ко ќе прашам за контејнер за пластика-штурци.
    Хартиените кеси ги мразам најмногу, ептен сум ресајкл економи ама не можам да им најдам чаре. Уште се мотаат по дома, од времето пред да го научам маж ми како се користи торба(facepalm). @theowndemon да кажи чаре или да и ги пратам да им најде чаре. Пари се дале, сигурно нема да ги фрлам]:)
     
    На M&M, theowndemon и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  3. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.697
    Допаѓања:
    19.147
    Пол:
    Машки
    Еххх на денешен ден се вработив кој би рекол дека ќе работам во обложувалница... Памтам ова време ме фати егзистенцијална криза што и како понатаму, завршив 9 месечна акадмеија тогаш во подобрите 10 бев, ама некако немав некои шанси за работа, да ми се исплаќаше, па морав да барам во меѓувреме друго да работам. Вака-така еве една година и делумно веќе унапреден на некој начин (ако ништо друго во обврски хаха), ја засакав работата и задоволен сум и среќен.
    Некогаш лошите моменти те учат на некои лекции дека не секогаш излегува како што си планирал, некогаш можеби и подобро. :D
     
    На Wojak, Dilajla123, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  4. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    2.312
    Пол:
    Женски
    100% памук, дебел, како и да се здиплат зафаќаат простор.
    Хартиени се уште поголема глупост (освен за продукти): се уништува дрво за да се направи кеса...Повторно, многу „еколошки“ :)
    Секако нема логика фрлање на нешто веќе купено, нормално дека ќе се користи. А некогаш секако дека мора да се купи нешто. Тие...освен виткање подароци во комбинација со некоја украсна трака, моментално не ми текнува за што друго би можеле да се користат.
     
    На SummerGirl, eliesaab и Biljarkata им се допаѓа ова.
  5. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    3.071
    Пол:
    Машки
    https://makedonski.gov.mk/corpus/s?q=морал
    (ова е единствениот официјален толковен речник на македонски за стандардни зборови. И е добар ресурс кога се двоумите што е правилно/или не)

    Еве кои зборови се поврзани со морал, следствено и морално (акцент на О)

    **

    Морално (акцент на А веројатно) во смислата погоре, е само сленг (барем во Скопје), обврзно е зборот што го заменува во стандарден јазик. Веројатно блиску семантички е и нужно, иако има нешто посилна конотација.

    Не знам дали морално (во сленг/во разговорен регистар) се користи надвор од Скопје, еве некој нека ме исправи.

    **

    Мислам дека е подобро наместо да се чудите како некој сѐ уште греши и не знае, подобро е да објасните каде треба да дознае што е правилно/погрешно и зошто тоа е правилно/погрешно. Поконструктивно е нели.
     
    На Dilajla123, Marija_Magdalena и M&M им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.654
    Допаѓања:
    167.825
    Пол:
    Женски
    Како одделувачи во кутивче картонско ко ќе складирам. :D
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.092
    Допаѓања:
    12.670
    Пол:
    Женски
    Доколку имаш време чепкај во слободно време сам, со тоа ќе направиш едно портфолио и спремен си за аплицирање. Најчесто нудат пракса од еден месец, па ти даваат понуда. Не се откажувај, следи на линкдин.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  8. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    3.009
    Мене па не ми смета кога се употребува морално на тој начин. Јас лично не го употребувам така, ама разбирам што сака соговорникот да каже, така што сеедно ми е.
    Ми смета често кај младите кога пола зборови на англиски ги кажуваат, пола на македонски, ми е кринџ :D ама ваљда после 5 минути муабет се навикнувам.
    Најмногу што се имам изнервирано за употреба на јазик, на вести слушнав некој политичар (гујо дали беше?) вели „респектира“, е сакав да го отпревртам телевизорот.
     
  9. Milaaaaaaaaaa

    Milaaaaaaaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2024
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Снегот во Македонија е убав само еден ден .
     
    На sweet-cherry, KiT, ThrinaMist и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Hera L

    Hera L Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2023
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Мислиш респектиВа. :D
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.081
    Допаѓања:
    66.924
    Пол:
    Женски
    Многу ми е мило што читам/гледам како повеќе жени почнуваат да се почитуваат себеси, да не собираат секаков отпадок и бљувотина од машкиот род само колку да не се сами. Само напред.
     
    На M&M, Dilajla123, Realist1 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. ThrinaMist

    ThrinaMist Нов член

    Се зачлени на:
    Петок
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    И ако си седиш дома да го гледаш низ прозор без да треба да одиш да бркаш обврски низ град:)
     
    На Milaaaaaaaaaa и KiT им се допаѓа ова.
  13. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    3.009
    Ми требаше време да скопчам :D
     
    На Hera L му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.416
    Допаѓања:
    20.706
    Ако сакаме да дишеме чист воздух, мора некој да предложи закон за квадратура на тревна површина на определен простор и број на згради. И да не смееш да сечеш млади здрави дрва, да не смееш да уништуваш здрава тревна површина за да градиш.
    Паркот од на времето позади Рамстор го тргнаа и дигнаа мол и згради таму. Па кој им дозволи ебате тоа мороните.
    Во мојава населба све е згради, асални големи дрва на прсти се бројат.
    Жими еден Градски што го имаме од зеленило во градов.
     
    На TammiB5, M&M и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    3.445
    Пол:
    Женски
    Видов дека една мајка му направила ФБ профил на детенце од 4-5 години, негова слика, име , презиме па дури и во био нешто пишала. Има и поголеми деца, едното 10 години другото 7 мислам, исто имаат профили. Па фрчат фотографии со тагирање, па во коментари лав ју сис итн .... Добро, дали таа е ненормална, или јас што се крстам дур го гледав тоа...

    Не сум мајка, никогаш не велам никогаш, ама нема да си дозволам да скренам со умот до овој степен кога ќе имам дете...
     
    На M&M, mickey18, Dilajla123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Harley Quinn

    Harley Quinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Јас сум дури и за против објавување на фотографии од децата до одредена возраст.. Особено големо не за бебиња.
     
  17. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    2.312
    Пол:
    Женски
    Законски мислам дека беше 20%. Ако ги разгледаш постарите згради, сите си имаат зелен дел. Ама главниот град го изеде урбаната мафија и сега веќе кога снемува што да јадат, се префрлија во другите градови.
    Знам на едно предавање во друг град кога сакаа да убедат дека „ее виде имате многу зеленило, многу повеќе од она на Скопје“. Да де, нормата е имање повеќе, не помалку и не треба да се споредува со ненормалното.

    Почнаа едно време да ставаат зелена површина ама само на плановите на покривите ама видоа дека секако никој не проверува па сега ни таму не ставаат. Кога ќе се изгради зградата секако нема зеленило како што било по план.
    Мислам дека имаше споредба на планови за нови згради и фактичката состојба на новите згради - ниту џбун нема, а не пак дрва како што имало на плановите.
     
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.416
    Допаѓања:
    20.706
    Еве и во мојава населба околу постарите има, поновите не. Ама све згради се направија па тоа зеленило се губи измеѓу.

    А Скопје е котлина + немање зеленило + огромен број згради = рецепт за загаден воздух во зима и превисоки температури во лето.
    Госпоџата Данела ќе правеше мега паркови низ Скопје ама ништо од тоа
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    485
    Допаѓања:
    1.167
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20250113_220530_com.android.chrome.jpg :D :D :D :D :D :D :D :D :D
     
    На SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.
  20. Teodoris

    Teodoris Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    196
    Пол:
    Женски
    Палете огнови уште!
    Уште 10 празници измислете кај што се пали оган малце ви се 2!
    Малце беше загадено!
     
    На TammiB5, M&M и Mart1na им се допаѓа ова.