Мислам дека не е во ред колку среќата ми зависи од колку сум убава дента, ако се убаво нашминкам и облечам во нешто што ми топ стои, светот е мој.
Мене за Дајмонд најмногу ме погоди што ја "проголта" Железничка, дел од пругите и извадија.... еееееј едно од најважните културни наследства на градов, ај што не се чува и не се конзервира, гигантски мол го проголта...
Znajte so e vrv na idiotizam? Ne vika da vrtime pare, gospodino ne znaj kaj mu se krpite ili tava za da go klaj bureko ja svika majka mu da ni go svrti. Jadevme so jadevem samo so go izede burekot, si se presleche vo pizami i rece ja ce spijam, vie posedete si.
Која мизерија , пукам од нервоза Батеријата на латопов не сака да полни никако. Во далечната 2019 на стариот Macbook му ја менев и нова батерија ме кошташе 170 евра и после 6 месеци почна да ми кочи и го баталив, стои во плакар, не го користам веќе. Во 2020 купив нов Macbook Pro и обично ако има проблем со батеријата секогаш горе показува за репаратура да се носи на сервис, а тука не показува никаков проблем. Лаптопот е скроз нов, го користам само за гледање филмови, за Јутуб и Фејсбук , буквално купив и нов кабел викам да не е проблем со полначот, јоккк, нема шанси , не полни батеријата. Сабајле го носев има еден во комшии поправа лаптоп ми вика не смеам да чепкам Ејпл ти треба сертифицирана сервис продавница да ти го види лаптопот. И еве денес 2 смена сум на работа, дремам на лаптопот од мм , ги испробав сите трикови од Јутуб за секакво ресетирање и остана уште да го расклопам, ама немам мали штафцигери за тоа. Офффффф, која нервоза,ќе си речеш , купувам скапо, квалитетно и пак проблем. @Billy Idol , ај ако имаш време у текот на денот пиши некој трик, те имам читано се разбираш. Ако не бива ќе мора утре да го носам и сум сигурна сега е поскапено, после Короната сите цени се динати на секакви услуги. Проблемот е што не им верувам јас на сервисерите , ќе ти чепка демек поправа нешто и ќе ти извади некој дел , ќе ти замени , за после некој месец пак да го носиш на репаратура . Гадови се за тоа, мора да им врти парата. Офффф, што му е бе со батеријава скапана, зошто не сака да полни ,аман значи пукнавввв
Нема никаков трик за Епл. Мора сервис и тоа само за нивни уреди. Доста се специфични и скапи за било каква промена.
Кога ќе се осетам дека сум глупа, ми текнува дека луѓе купуваат вакви станови и полесно ми е. Покрај река било, мајке ми
Ne sa mi jasni ovie luge sto ne im se spie, ja sea da zalegnam bez problem utre do 12:00 možam da si se otspijam
Go odnesov, 700 evra za popravka. Srce me bole, si poplakav Jas se izvinuvam od mobilen pisuvam, nemam mk poddrska Do wc sum na kratko, pa se vrakam nazad na rabota sum 2 smena.
Дали ова сериозно??? Анкета на Сител. Младич на околу 20тина година кажува дека СРЕДУВАЊЕТО НА КРЕВЕТ Е ЖЕНСКА РАБОТА и затоа типацов го учеле од дома (или не знам кој) а менувањето сијалица е МАШКА. Воведување на воен рок, под итно! Ни замина младината, еееј!
Ништо повеќе не ме смирува од моментот кога мачката ќе легне над мене и заедно ќе си полежиме, а веројатно и заспиеме.
Колку сме евтини за купување и колку немаме избор сфаќам во моментите кога треба да сме со најблиските, а ние сме на работа. Бесценети моменти... нечии први чекорчиња, први зборчиња или пак... последен здив. Ебате живеачката.