Во европскиве земји и мажи и жени чистиме влез, чистиме снег и косиме трева, а во Мк уште се збори за машки и женски улоги. И после зашто сме заминале тие што сме заминале од Македонија.. 1000 зашто, 1000 затоа.
Ако е мажот гладен, тогаш што правиме? Готвењето по овие критериуми е женска работа. Ќе умре мажот гладен, ама да не прави јадење по ниедна цена, нели женска работа е. Или да излезе надвор на улица и да викне некоја жена да му направи. Замисли ситуација излегуваш и запираш некоја жена и велиш: Извини ај ако сакаш нешто за јадење да ми зготвиш, бидејќи готвењето е женска работа. Претпоставувам дека жената би рекла: Море марш у..... и понатаму знаете. Абе опрајте се луѓе со време, не чекајте до степен да бидете смртно озрачени со овакви банални глупости поврзани со машка или женска работа.
Јас па се чудам кај го најдов овој шо има 30 години, ПАРДОН ќе праи 30.... Сестра му си го брани, он е мал и немало да живее у МКД. А, таа кутрата му го мести куферот пред заминување, секое заминување од државава, му ѕвонеше еднашка коа бевме излезени ( не знаеше со кого е, и почна да го прашува 1001 прашање). А, за машкиве како е рокот? За женење, гледам изнад 30 излгеда. Ма да, овој не го барав за брак... Иначе, исто другарка си го брани и брат и, раскина со женската за жал пред неколку години и он има 30, ма мал е, вели. Маж созревал над 30 и над 35 бил зрел веќе....
Добро ќе беше да ја пренесеш целосната вест, одговорите на останатите дечки во анкетата беа во ред освен на овој едниот. Инаку темата беше британските истражувања покажале дека младите во Британија не знаат да сменат ни една сијалица што не ме чуди воопшто дека е така, овој со креветот во споредба со овие е гола вода. Младите во Британија не знаат да променат сијалица, во Македонија велат тоа го прават без проблем Менување сијалици во домот, чистење на автомобил, закачување рамка на ѕид- работи навидум едноставни кој можете да ги направите сами, но младите, односно Генерацијата З за извршување на овие работи плаќа професионалци, покажуваат британските истражувања. Секој петти од испитаниците на Халфордс, на возраст од 13 до 28 години не знаел што е клуч за завртување, додека една четвртина сметала дека е премногу опасно да се качат на скала за да сменат сијалица. Во истото британско истражување, 57% од ген 3 не знаат да напумпаат автомобилска гума, а далеку помалку знаат да сменат бришач. Резултатите покажале дека се губи способноста кај младите за извршување основни и практични задачи.
Мажот ако е гладен ќе си купи готова храна. Јас првиот телефон го добив на 17 години. Сименс А52. Тогаш беше популарно титкањето На некои кредитот им го собирав
Помина година дена откако духовен исцелител од Нови Сад преку онлајн сесија ми кажа дека имам заболување и на левиот јајник (го барав за друг здравствен проблем) , но сѐ уште немам симптоми бидејќи е во тек на формирање. Не верував и повеќе не го побарав. Моментално излегувам од гинеколошка ординација и потврдрно ми е дека левиот јајник не ми е во ред. Останува 10 дена да ги пијам пропишаните апчиња и да се вратам на контрола. Ако е состојбата иста, пак ќе го барам. Овојпат со верба. Сѐ уште сум запрепастена
И во Македонија има такви што не знаат да сменат сијалица. И мажи се плус, возрасни. Ништо ново. Па за новите генерации не ни треба да се напрегаат за истражувања, они и така на готово си чекаат. Нема женски и машки работи, често поделбата е само оправдување за мрзата.
Ne veruvav ama eve i nekni pishav i sega, za vrtenje na pareto gospodinov ne znaeshe kaj imal krpi i i se javi na majka mu da se kaci da mu najdi krpi i da mu go namesti burekot na masa. Jas mislam stvarno ne znae, ama ima mazhi so se pra glupi za da ne pra nishto.
То е познато како „вооружена“ (машка најчесто) некомпетенција, каде намерно ќе напрај нешто грешно колку жената да се откажи и да го напрај нештото за да си заштеди 1) нерви и 2) време. Пошто жените се често судени ако пример домот не е чист, а не мажот. Па ако тој не напрај некоја обврска или упорно ја прај грешно - жената настапва да се среди пошто цел живот ѝ е сигнализирано дека или е нејзина обврска, или дека ако тој не можи тогаш та мора да можи зошто сега се систем и та е чувар на тој систем. Пошто ваквото сигнализирање почнува рано. Кога има растурени играчки женските се „организирани“ и „возрасни“, а машките? ''Boys will be boys''. Во меѓувреме, жените се социјализираат уште од мали нозе за проактивно да најдат начини за поддршка на групата. Ова слика убо објаснува: Мажите почесто се социјализирани за да се грижат за поени во групно опкружување (нивниот индивидуален придонес), додека жените често се повеќе социјализирани да се грижат за “поддршките“ (напредување на колективните цели). И пред било кој да речи нешто, ова е ретко на свесно ниво. Ова најчесто е општественото несвесно шо се пренесва и сигнализира и се прифаќа како такво. Не дека нема некои шо станват свесни за ова па ќе читаш некои загреотни шо велат: „леле и жена ми вака ми велеше да прам ама згрешив 3 пати (намерно), еднаш уништив Х работа (намерно) дур праев и поќе не ми вели - рает глата“. Знам дека можда друг е муабетот ама ко прочитав реченицата ми текна дека одамна немам на ова тема какано.
https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...ibSY14qY5T5EZPBK5Q_aem_PjDowawH_TVYUFyo6INxwA За нација шо прави криминал со парето, многу се занесуваме.
Некоја девојка по грешка ќе влезела кај дечко ми во кола, за да ја отвори вратата видела дека не е таа таа кола, му викам убава беше барем, ми се смее..
Ехеее, до сега минимум три пати имам влезено во туѓа кола по грешка… поправило ако сум загледана во телефон, или порано што колите ги разликував по боја.. ако е плава ќе мислев дека е таа кола во која треба да влезам (не разликував модел);
Аман бе, не знаев дека е толку често така луѓе да грешат коли, мене никогаш ми се нема случено, и како реагираат луѓето?
Па или ќе ме гледа чудно, мисли дека ќе нападнам или си вика види ја удрена е сигурно Или се смееле кога ќе разбере дека сум погрешила
И јас имам влезено по грешка во туѓа кола. А колата во која требаше да влезам беше пред оваа. Човекот ме гледаше само и не кажа ништо. 100 пати му се извинив. Значи пропаднав во земја тогаш.
Мене два пати ми се има случено тоа. Еднаш влегов во една кола, маж седеше, јас позади влегов. Се гледавме така неколку секунди, ни на двајцата не ни беше јасно што се случува. Сабајле рано беше, па дур мозокот ми процесира каде сум и што сум. Реков, ја утнав колата, се извинив и си излегов. Вториот пат, не влегов, само и ја отворив вратата на колата како манијак, таа извадена од памет, јас збунета скроз, пак се извинив и си отидов во мојата. Се случува, многу често.
Да бидеш благодарен на твоите оти ти менувале пелени и те израснале е ко да бидеш благодарен на газдата оти плата ти дава