Ама е исто Нема споредба, никаква. Треба да бидеш благодарна на твоите родители. Обврска си им, но тоа не значи дека сите ги почитуваат своите обврски. Ти даваат храна, дом, образование. Меѓудругото. И милион други работи. Некои го немаат тоа. И тоа како е за покажување на благодарност. Освен ако си имаш проблем некаков со родителите.
Имам да. Многу имаат. И не е битно дали јас имам, све дур треба да сме благодарни по секоја цена, ќе се чудиме зашто како возрасни тие деца се несигурни, зашто имаат ниски стандарди за партнер, зашто со години влечат трауми.
Не знам што проблеми си имаш, ама веројатно ако си полнолетна и дома уште те чуваат и се грижат за сметки, храна и останато, треба некоја благодарност да имаш. Законската обврска им е до 18 години.
Колешка влегла во друга кола. И тоа иста како таа што ја има. Отишла до аптека, а маж и ја чекал во кола. Ми вика Излегов од аптека и влегувам во колата. Го гледам возачот и се чудам. Не е маж ми. Му се извинив и излегов. На другарка комшијата што живее над неа и влегол дома. Ми вика она Си седам јас во дневна и некој влегува дома. Мислев моите се. Отвара некој врата и го гледам Ј. Ми вика он Извини комшике. Го утнав спратот. А се соблекол
Нема да се објаснувам. Ама еве ќе заблагодарам зашто бев наречена курва од родител. Колку грижливо, да ти се стопи срцето значи
Требаше да пишеш во другата тема ако не сакаш да те цитираат. Не ми е убаво дома, ама ќе им седам за инает. Не седам.
Може сум заминала веќе. Муабетот е зашто да бидеме благодарни за токсичен однос. Ама да, слободно правете дефокус и виктим блејминг. Поздрав
А си заминала? Преформулирај го постот тогаш. Затоа што мене споредбата ми е убитачна. Јас не можам да ја споредам мајка ми со работодавецот. Тој освен плата која ја заработувам, ништо не ми дал друго да бидам благодарна. Од родителите сум добила животни лекции, храна, топол дом, образование, љубов итн. Каква е поврзаноста, пак не знам.
Не мора да сум јас. Некои од родителите добиле ќотек, навреди, трауми. Поврзаноста е дека мењањето пелени не е нешто што си го барал. Ако направиш дете, сам си направил и си должен да го гледаш. Како што работодавецот е должен да ти дава плата. И да, многу родители не се ништо освен шефови над децата. А за другото свака част, ќе вртите као киша око Крагуевац ама нема да осудите родителско однесување.
Ама ти онака го кажа толку општо, како да е правило, а не исклучок.. Иначе морам да се сложам со членката, многу глупа споредба. Пошо да бидеш прав родител вајда има големо значење, така мислам. Тие што ги ставаш у оваа твоја реченица, кој и да се, сѐ освен родители не се. Почитта сепак треба да се заслужи, не викам не.
Кога веќе зборуваме за благодарност према работодавецот. Обврска е да те плати на договорената плата. Благодарност е да ти даде шанса и предност пред автохтоното население, да ти даде шанса да напредуваш, да ти даде признание во форма на повисоки финансии за сработеното. Не му е должност, должноста му е да го почитува договорот. Затоа не можеш да кажуваш општо за ситуации, туку благодарноста е прво добра за себе, да се радуваш на нештата што се детали и се случуваат во позадина, а потоа и нешто што ти се случува без да се надеваш и побараш. Подобро би било, да си благодарен на токсичен родител кој врши насилство е исто како да си благодарен на токсичен работодавец што ти дава плата. There, I said it.
Ама не постојат токсични де, чим те израснале благодарен треба да си макар и душата да ти ја земале, оЌе е сфативме
Пак ќе ти кажам. Ако си полнолетна, уште им седиш дома, треба да си им благодарна. Не им е обврска. Никаква. Зошто би седела инаку работоспособна со таков родител? Или ќе седиме во нивниот дом и ќе ги плукаме дека се лоши родители и обврска им е до мажачка да не хранат, да ни плаќаат се. Штом седиш, ти чини. Освен ако имаш стокхолм синдром. Тоа е веќе друго
А зошто упорно на мене алудираш и дали седам дома? А кога бев 6 и 16 и тогаш бев крива оти не заминав? Може со едниот родител имам супер однос а го пљукам другиот што е на друго место, пример? Ама не сум јас ни ти тема на муабет. Исто така и - ќе родам дете по СВОЈА одлука, ама ќе го кривам оти ми го уништува животот. Ова може?
Се споредуваш со жена со деца, на која и врши мажот насилство? Тие се многу различни психологии и многу потешко е со деца да му ја мислиш каде да одиш отколку кога си сам. Ти немаш и други усти за хранење, да му мислиш за школи и градинки, да мислиш за облеки за себе и децата, да мислиш за нивните потреби. Нивното седење во токсичен дом е со огромен товар и донекаде објасниво зошто седат. Иако одлуката да го напуштат од мене е за поздрав и поим за храброст.
Во реалноста работите не се толку едноставни. А што ако штотуку наполнила 18? Нема ни средно завршено.. Каде би одела? Лесно е да се рече. Очигледно е девојката повредена од однесувањето на нејзините родители и поради тоа е револтирана. И нема дете/човек кој не сака да има топол, пријателски, добар однос со своите родители. Можеби ѝ е потребно разбирање, поддршка, а не ја добива оттаму од каде што ја очекува најмногу. Не осудувајте ако не знаете со што се носи и низ што врви. Можеби ова ѝ е единственото место да се ,,испука" и да каже што ѝ лежи на душата моментално, што не значи дека ги мрази своите родители.