Реков жена, не жена со деца. И млади што седат со родители (што не мора да сум јас) имаат некоја причина
Има повеќе од 18 години. Завршен факултет. Не ја осудувам, туку се надоврзав на постот дека не треба да сме благодарни на родителите, туку тоа им е обврска.
Тогаш и 80- 90 годишни родители чим се полнолетни можат сами да се онадат на лекари. Јасно Страшно колку постои виктим блејминг, за сѐ.
Па дека не ми е должност да ги мкнам по лекари така? Или ми е? До 80 години си имал ваљда време да заработиш доволно за домашна посета и такси до лекар, не од други да чекаш.
Ама не е ич исто. На 18 години ти веќе нива можеш да копаш, физички си во добра кондиција. 90 годишен родител не е способен исто колку 18 годишник во поглед на мобилноста. Нормално е да треба помош. Мислам секоја споредба ти е поутепана и поутепана.
Реков, има домашни посети, има старски домови, има такси. Ако они не се должни после 18, не се ни децата должни да ги мкнат по лекари. Крај.
@Munchmallow20 трпи ги уште малку и после ќе ги дадеш во старечки дом и ќе одиш да ги видиш еднаш во три години, нека умрат таму сами..
Не сум јас тема на разговор. Ама џабе се расправам, пак ќе се сведе муабетот на мене, а не на реалниот проблем.
Како да ти кажам, освен ако не дај боже имаш некоја поголема мака да ти треба поддршка и потпора, смешно е да дебатираме на темата дека родителите треба да одат со нас на доктор кога веќе сме полнолетни. Јас уште како помало дете, сама си одев на забар. На гинеколог, мислам, што бара некој од родителите со мене. Еве пример баба ми. Сама не може да оди. Има деменција. Не може да оди. Ќе влезе во такси, ќе заборави кај тргнала. Едвај во кола се качува и треба помош. На стариот му треба некој затоа што не може. На младиот му треба очигледно нешто што и самиот не знае што.
Леле човече кај реков они да идат со мене на лекар, боже ме сачувај? Муабетот е дека грижа за родител не треба да е должност како што нели не е должност они да те тинтраат после 18. Капиш?
Има современи домови каде што ќе има 24 часовна нега и човек до него, наместо дома да го чуваш во 4 ѕида и сам и одвреме-навреме само вода и храна да му даваш. Така да сметам дека оваа реченица или мисла шо и да е ти е многу погрешна.
Абе ако сакаш и во најдобриот хотел со 1500 ѕвезди однеси го, ако не одиш да го гледаш еднаш неделно, тоа ќе биде казна за него, сам и без никој близок.
А до 18 години што те тинтрале или треба цел живот да те тинтраат за ти да кажеш, а сега заслужија да ги носам до Авицена за крвна слика.
Имам комшика која работеше во старечки дом. Имало стари кои никој не доаѓал да ги посети. Како и зошто не знаеше да каже. Е сега..... Има и неблагодарни деца. Родителите ќе им го препишат имотот и после децата ги носат таму за да не се замараат со нив. Не прашувај од каде знам
Многу сакам кога со некој ќе се сретнам на улица и ќе напраиме мал разговор и природно 2цата ќе го осетиме крајот на тој разговор и ќе тргнеме да се поздравиме и толку. А кога со некој ќе се сретнам и кога му доаѓа крај на тој мал разговор и не се назначува крајот обострано природно при што доаѓа до мала непријатна тишина и мислиш шо да праиш, у последно време го форснувам крајот за да не се мачиме и отпосле размислувам дали бев rude и никогаш не знам како и дали воопшто другата страна го има исперцепирано тој момент.
Јас па друга ситуација знам, ќе остават се на синот, као синот ќе ме чува, полна уста син ми, син ми и оп кога ќе паднат на постела синот нигде го нема, и ќерката на која не и оставиле ни една нива да ги чува треба..
Мене ме нервира така многу луѓе не знаат да го завршат разговорот или се плашат да не бидат груби, ќе кажат ај ќе пиеме кафе, а уствари немаат намера да одат на кафе. И пак испаѓаат груби