Арно велиш, ама некои не сфаќаат дека сите немаат добри родители. И дека некои родители не заслужуваат да добиваат благодарност од децата.
Не знам дали се правиш дека не ја сфаќаш поентата или не сфаќаш стварно. Односот со родителите не прекинува кога некој ќе си отиде од дома. Тоа е првиот однос што го воспоставуваме во животот, во најформативните години што постојат во животниот век, и според тоа ефектите на добро или лошо родителство нема да прекинат со само селење од дома. Однос родител-дете го правиш да изгледа како однос работник-газда. Муабетов за благодарност скроз држи вода ако се земе предвид колку луѓе буквално ко од заебанција да прават деца.
Држи вода, само ако беше инаку формулирано. Кога веќе е генерализирано и напишано во општа конотација, нема никаква поврзаност. Индивидуална е секоја врска родител-дете, работник-работодавец. Нормално е дека јас ќе дадам субјективно мислење врз база на моето искуство. Иако сметам, настрана исклучоци, генерално не може да споредуваш родител, работодавец и на кого треба да си му поблагодарен. За другото, нема релевантна поента да ја дискутирам. И да се надоврзам. Неа не и беше тоа поентата. Туку не треба да сме благодарни за обврските кои ги имаат родителите према нас, бидејќи веќе се подразбираат, како и соодветните на работодавецот. Јас велам дека не е така, обврски се точно, но родителството е многу повеќе од само ,,обврска". Обврска ти е детето да ти е нахрането, облечено, основно и средно образование, топол дом. Сите активности, чувства, дејства над наведените работи се работи за кои треба да сме благодарни. А ги има. И тоа многу. Иако според мене, благодарна сум и што имале да ми го овозможат она што се вели ,,обврска". Некои, дали не сакале или не можеле, не го дале. Ти веќе говориш за некоја сосема друга страна на однос родител-дете. Ефектите од лошото родителство ќе ги чувствуваш цел живот, макар се преселила на северен пол. Но, е чекор. Која би била тогаш поентата, како што самата членка ја наведе, жена во насилен брак да остане. Не те советуваат седи и остани, решавај ги проблемите, кога веќе знаеш дека не е решливо. Си одиш. Така и таа.
Јас искрено не би дозволил мојата жена да чисти снег, коси трева, дига тешко или работи физичка работа. Значи океј е да ми помогне за нешто, ама јас како маж да очекувам и барам од неа да извршува физички работи. Не. Нека ме прави ова и назаден, и затуцан, и било што... Домашните работи секако се делат. Јас перам, пружам алишта, пуштам правосмукалка, чистам. За готвење не сум добар, можам нешто да направам, ама она е шеф. Јас сум шеф за снег, за каучи, машини за перење, фрижидери и други мајсторски работи кои можам да ги завршам. И, супер ни е така.
Мене да ми рече женско си, не кревај, ќе ја затвори вратата од другата страна. Сум вриела безброј пати кога не ми давале физичка работа јер ко гревче некое не сум можела да дигнам. Ае мрш.
Не е џентлмен. Комон сенс е. Не сме исти. Дали она може да го исчисти снегот? Може. Дали јас ќе го исчистам поефикасно, побрзо, и нема да ми е толку напорно колку неа. Да. Дали јас може да зготвам. Може. Ама нема да е толку убаво како нејзиното. Па, го правиме она во што сме најдобри. А не да делиме се на пола оти секој требало да прави се.
Јас не би сакала маж ми да е како тебе, се да поправа по дома, и никад ништо ново да не си купуваме, значи ако се расипе обичната правосмукалка, робот ќе купиме, а не 100 пати да ја поправаш да не можеме да си купиме друга оти е фрлање пари при исправна правосмукалка нова да купуваме.
Колку добро ја играш ти менталната гимнастика и ментален секс како ни даваш овде де на мажи и жени алал да ти е.
Далеку сум јас од мајстор се да поправам. Баш нова купивме пред пола година. А роботот не работи на теписи. Треба и обична.
Сега не ги чувствуваш ефектите ако креваш тешко. Јас како тебе кога бев помлада, кревав се и сешто. Не ме прашувај што проблеми сега имам. Не смеам да кревам веќе. Факт е дека машкиот пол е физички поиздржлив. Не е понижување ако некој се понуди да ти помогне при кревање на нешто тешко. Само немој да се чудиш за некоја година, зошто имаш болка ваму, зошто имаш болка таму. Не велам дека има машко-женски работи. Но, некои не треба ние жените да ги правиме. Иако за ,,женските" работи не гледам причина маж да не ги прави. Едното е неможност, другото е срамота, демек.
Ефектите на некревање тешко се гледаат исто така на стари години кога од едно клекнување ќе ти умираат колената и цели нозе оти не си ги навикнала на никаков напор и отпор низ годините. Ќе те боли ако не креваш правилно. Ко братучед ми што од 20тина кила крцна кичма оти кревал свиткан ко банана у грбот. Барем со тежини вежбајте, макар и мали. Ама и тоа е многу очигледно.
Како сакаш кревај. Ти не можеш да кренеш иста тежина како маж. Само што прочитав, максимална безбедна тежина која жена може да ја поднесе е 16 кг, маж 25 кг. Инаку прочитај колку е тоа добро за твојата матка. Нешто што го немаат мажите, па им е гајле за терминот ,,пролапсус".
@Munchmallow20 , човек, најискрено, немој да мислиш дека нешто докажуваш или покажуваш со тоа што дигаш. Као, еве видете ме можам и јас. Не е за можење или неможење, туку е за подобар и поедноставен живот. Овакви докажувања дека "се можам" се интересни таму некаде до 2ра година на факултет. После луѓето преминуваат преку тоа, и гледаат рационално да го живеат животот. Уживај во бенефитите што не ти бараат да се килавиш со кревање на машини и фрижидери. Оти некои немаат избор и мораат. Не е тоа никакво животно достигнување.
Не можам. Ама од 10-15 кила не се плашам. И повеќе. И знам како правилно да кренам или да оценам дека не можам да кренам пред да отиде половината. Викаш сите жени фитнес тренери што креваат 30тина, 50тина кила им отишла матката?