Прифаќај помош некогаш во животот. Најискрено без лоша намера. Не знам какви личности си имала во животот, верувај и јас сум имал такви, на лош начин ме научија да правам се сам во животот и да не примам од никого помош. Се научив да прифаќам помош. Пробај, колку шо те читам имаш и дечко ако е коректен и добар сигурно нема да те остави да креваш. Еве Били што го пиша она е сосема коректно и очекувано од машко како се грижи за девојка па и семејство за постари лица.
Не мора никому да докажувам. Само премногу ја мразам реченицата, дај ти, женско си, не кревај. Пред месец дена беше, требаше да кренам ќеса од јебени 5 кила и истово го чув. Пет кила... Јас Били година дена се штедев од секаков физички напор оти морав и ефектите не беа добри. Телово ми беше ко шпагета, кога после почнав пак да кревам, од едно млеко у торба ме болеше грб оти толку ми беше отидена силата од некревање, буквално бев преслаба.
А да, интересно е така што кажа Били демек се докажуваш пред луѓе. Ја таква бев, и битно ми беше преееемногу. Ја и сеа нејќам да ми ја потценат силата. Инвалиди не сме, секако би помагале, но до одреден степен. Ако е поради инаетење и докажување, ништо не правиме, задоволни никад, а пак ни фала никој не ти кажува.
Кревањето тешко е штетно за сите, освен ако тоа се прави професионално, со тренинг, долгорочно, наменски, во правилни услови. Но, зборуваме за нормална популација. За домаќински односи. И неспорно е дека маж повеќе поднесува физичка работа, отколку жена. Не дека не може, телата се различно градени.
Секој требало да прави се и после се напраено...ко со газот. Ама еве, може ако ве тренираме поинаку во наредните 100 години, ќе ви еволуира мозокот во сферите кајшто е инфериорен... на пример, кај ми се очилата (а очилата на глава)... или , морам да му пишам 4 парчиња портокали, пошто инаку ќе купи 4 кила... и слично, од темата машка некомпетенција, за која збореше @theowndemon . А може и не Сепак, најдобро сите да го правиме она во кое што сме најдобри, а тоа за секого е индивидуално
Леле комшииве над мене пуштиле телевизор до крај и гледаат сител.. А мене ми е жешко, мора прозорот да ми е отворен, и си слушам телевизија, што да правам..
Домашните обврски се доказ за тоа колку е свесен самиот човек за себеси како свесно човечко битие, за да може да опстани и да се носи со секојдневните опшествени предизвици како лична персона. Лична. Чистам, перам, средувам бидејќи сакам да ми е средено и чисто, самата свест ти става во знаење дека треба самиот да постапиш така за да си чист, исперен како човек. А не да чекаш од друг. Физичката работа и кревањето се одраз на физичките одлики. Како маж земајќи ги сите околности ќе ја завршам работата сам, но никогаш нема да дозволам или да побарам од жената да ми ја заврши таа физичка работа знаејќи свесно дека е физички исцрчувачки. Иако можеби ќе знам дека може, но нема да дозвлам. Помошта е добредојдена, ама да очекувам таа тие обврски да ги работи, нема да дозволам. Еднаквоста не е во тоа да се распределуваат работните задачи и дека секој мора да го прави нештото задолжително и да бара од некого да му слугува. Не живееме во комунизмот каде опшествениот капитал требало да се распредели на секому според потребите. Него работните задачи се определуваат во тоа каде што продуктивноста ќе биде најголема. Така да се согласувам со @Billy Idol
Конкретно мислев на обврски кои што ги имавме како станари во зграда во една европска земја каде што живеев. И таму не им е грижа кој е маж, кој е жена - обврските мора да бидат завршени. Обврските си ги делиме затоа што јас и сопругот сме и секогаш ќе бидеме тим. Мене лично ми е излишно да делам задачи на машки и женски, тоа не значи дека се "убивам" од чистење снегови и сл. Онолку колку што можам се нафаќам и јас во таквите обврски затоа што маж ми не е машина, човек е. Нема да го "терам" да прави нешто само затоа што е маж. Впрочем ние си помагаме еден со друг и тоа е тоа вистинско партнерство, според мене. Никој никого не тера на сила, се е договор. И ние вака супер си функционираме
Да. И затоа секој, и маж и жена треба да се стреми да одржува сила со физичка активност. Макар и мали тежини, ама она квичење дека жена не требало ич да крева ми е тумач. Оти што ќе правам ако он се разболи, недајбоже де. Ќе го чекам да оздрави да усисам или да испазарам? Не кревај. Ама ако сакам да кренам, остави ме, не ми соли памет. И да крцне, мојата кичма е, не твојата.
Што имаше врска усисивачот? Нели збореше за тешко кревање. За пазарење не мора да биде тешко. Пример маж ми кога ќе се вратеше по 20 кеси во раце носеше. Јас си носев торба на тркалца. На кого да се докажувам дека можам и зошто? Work smarter not harder.
За да усисам некогаш треба да поместам кревет/кауч или маса. Или да ја кренам да ја истурам на крај. Не се докажувам на никој освен себе. Дека за глупи работи не зависам од маж.
Кога сум сама дома, сама кревам и каучи и комоди и маси.... Ама кога маж ми е дома, него го терам да ги крева и се праам оти сум неспособна. Па не сум будала јас да се ќилавам кога има некој друг за да се ќилави.
И ако остане таму наусисано, светот ќе пропадне. Здравјето е битно, не тоа што ќе избуткаш цел кауч за да ги собереш туфките прашина. Работата е, да си сама, да разберам. Но, ако имаш кој да ти помогне и му е полесно тоа да го направи од тебе, зошто да не. Па маж ми е, на него ли ќе му се докажувам. Ако веќе се правиш стронг индепендент воман, тоа не е начин. Тоа значи да имаш свои пари, своја кариера, за да не зависиш ако утре отиде работата во неповрат. А не значи дека треба да изиграваш Хулк, за не дај боже да не се разболе некој или се разведеш. Ќе викнам тогаш брат, татко, пријател, комшија.
Колку и да збориме еднакви сме и можеме/сакаме и муабети од типот што сум јас понеспособна од него, зошто еве фирми со топилничари, казанџии, кранисти во производство на железо има само мажи? Ме нервира ова фурање можам да наместам сијалица, да исцепам дрва силна сум ко мажите
А, бе и јас сама можам да кренам некои тешки ствари. Ама, не смеам и морам да побарам помош од некој. Небитно дали од машко или женско. Некогаш немаме избор.