Ако си од телефон, на тастатурата шо имаш местиш кирилица. Кај мене е долго држење на планетава долу: Спојлер Е са секоја тастатура на малку башка место се наоѓа да додајш кирилична тастатура ама во глобала на сличен принцип се сите. Ако не се снаоѓаш и имаш различна тастатура види како се вика или сликни како личи па сигурно ќе се најди некој шо баш неа ја користи за да ти кажи точно кај е. Од ПЦ е стандардно како се става ако OS е Windows. Моментално не сум пред ПЦ да ти сликам ама ако не се најди друг да слика дур приклучам - ќе ти сликам и од таму.
Многу ми е жал што имате таков однос со родителите. Не треба да сте им благодарни што ви менувале пелени или ви купувале за јадење или облека или не знам си што бидејќи они одлучиле да имаат дете а со тоа имаш обврска да го изразнеш и да ги задоволиш основните потреби за живот. Но јас лично, сум благодарна на моите родители што ми давале искрени совети и ме насочувале како треба во животот. Ми створиле висока емпатија за другите, емоционална интелигенција, ме научиле како треба да раководам со финансиите, што е правилно и што не е.. Никогаш не употребиле навредливи зборови спрема мене ниту јас спрема нив.. Жал ми е што имате такви родители кои ве вреѓаат, но ако вие не сте задоволни од вашите тоа не значи дека сите родители се лоши. Мене ми биле најголема поддршка во животот и секогаш кога ми било најтешко сум ја барала Мајка ми. И не знам што би правела без неа или без татко ми. Да се надоврзам, не сум зависна од нив, живеам сама од 19 години и сум живеела и во друга држава далеку од нив. Ниту ме финансирале, ниту ми купувале они за јадење, тоа сум го правела сама откако почнав да работам. Но ме научиле како треба. Жал ми е што се чувствувате така спрема човек кој ве создал. Не можам да замислам утре ден син ми вака да пишува и да мисли за мене...
Колку само е жално… Проклета “татковино” Колку квалитетни луѓе истеа во странство а колку препрости од втор ред кладе на работни места каде што е смешно да ги видиш а не друго… Татковино и сите што го придонесоа тоа од деца да си исчекате… то шо заслужвате
Не се криви докторите ама не знам како е законски можно родител по секоја цена да може да одлучи за дете да не се лекува кога е во животна опасност и притоа да не сноси одговорност. Буквално го убиваш само така одоколу ама пошто ете така си одлучил и ти е дете, океј е. А за другово, не знам дали нешто било пријавено досега ама државата може сега да направи тоа што треба
Инаку околу дигањето тешко сакав да додадам. Не мора да дигате каучи и машини секојдневно. Ама жена што потешко од кило не крева, дали било тоа секојдневно дома или при вежбање, баш лошо си прави на здравје. Еден фактор кој придонесува до дијабет тип 2 кај повозрасна популација е и немањето физичка активност и мускулна маса која се губи низ годините. Она коа ќе речат абе после 30 успорува метаболизмот. Е успорува оти така си го навикнал. Кај жени помала е и густината на коските, во менопауза уште повеќе се намалува па додај на тоа немање мускулна маса оти си се штедела од тежини цел живот и резултатот е болки во цело тело при секакво движење. Може да е теретана, може да се мали тежини дома од кои нешто плус мускул нема да ставиш ама пак ќе си активен. Ама ако телото те носи само од дневна до веце и назад и најтешко дигнато во живот ти е телефонот, не е тоа ништо здраво и не треба да се пропагира ни кај жени. Секој ама секој треба да знае правилна техника како се крева, оти и од кило ќе повредиш кичма ако не знаеш како.
Да се отвори посебна тема за кревањето тешки работи. Ако крева зошто крева, ако не крева зошто не крева. Со конкретни примери и ќе ги видите двојните стандарди. Да.
Жените се одговорни, талентирани и природно погодени за она што мора да се прави секој ден континуирано, без одложување, што ако треба да го outsource-неш ќе плаќаш илјадници месечно. А мажите се надарени за работи што се случуваат еднаш во сто години, кога ќе се расипе машината за перење, кога треба да се дигне мебел, или застрашувачкиот космички настан: менување сијалица. Па уште не дозволувале физичка работа да работат жените, бидејќи перење, чистење и готвење не е физичка работа. И така 90% од работата низ дома (и физичка и ментална) ем ја вршат жени, ем џентлмениве не ја ни бројат како работа.
Мислев ќе речеш, космички настан- косење трева. Сијалица, ако е со винт- знам да сменам. Е сега измислија експертите некои чудни сијалици, некои ни обичен маж не може да ги смени, треба од тие што се изнајмуваат на саат да си викнеш. Затоа после анкетите- не знаеле да сменат сијалица. Сдк фасонка рулс.
Ама ако го имам дома бар нешто општествено корисно да праи, ова со чудниве сијалици ко од мажи да е измислено. Стварно ексик
На работа пак запнале за таа Зара, дајте просветлете ме, јас сум модно неписмена пошо не купувам оттаму. Еднаш влегов и ми беше некако сето партали.....
Со задоволство ќе научам да поправам машини, ќе тргам и мебел, чистам снег, таа "тешка машка работа" што се прави еднаш годишно, ако мажот се нафати да е одговорен за сето перење, чистење, метење, готвење низ дома, нели лесната женска работа. Цела зима влечам дрва за огнот да го запалам секако, е сега за сијалица менување не гарантирам, бидејќи сум пробала ама short girl problems јбг, и на стол качена често не досигам до горе.
На сета мака и на сето не знаење шо всушност сакате од маж и слично, ќе се изнавреѓа сето и истовремено пофалите како се правите итн. Да паметни сте, ама некогаш премногу мисли ви шетаат во глата и веќе не знаете што е најдобро. Аман. Ако ти помага, зошто помагал, ако не помага, па никаков е. Што е најарно?
Некој спомна за баланс нели, макар после тоа напишано се забегува со коментари ептен, особено кога треба да се докаже нешто колку по-по-нај. Знам многу работи да правам сама, и брзо и ефектино, затоа што се случиле и јас треба да средам. И уште многу ќе се случат па ќе научам. И да сменам сијалица, и да изчистам снег (двор и кола), и да однесам кола во сревиз и да чепкам уреди, иии... Паралелно кревам што треба, пелети, куфери, се што треба во секојднвениот живот. Паралелно водам грижа да е чисто, средено, организирано. Со партнер, со сигурност ќе препуштам работите кои се силови тој да ги врши моуст оф д тајм. Ќе го очекувам тоа, и тој сам треба да е свесен дека пологично е тој да се погрижи за нив. Кое не ме прави мене по-малку способна да го направам истото, само не би ако не треба јас да го направма тоа во тој даден момент. За грижите околу дома, тоа што тој ги прави повеќето силови работи, не е карта и уеј аут да не се грижи за домот во кој живее. Ќе се организираме двајцата да се заврши се' побрзо и поефктивно, оставјќи време за куалити тајм за нас. Каде нели, јас лично би ги превзела "попипавите" работи, каде треба темелно да се изчисти нешто, генерално тоалет и кујна. Ако тој не сака конретно баш нив да ги превземе. Радо би отстапила. И сум highly independent woman indeed. Просто избирам што ми одговара повеќе во тој момент и колку можам повеќе ќе се штедам. Што не се секогаш значи дека нели, мажот ќе го заврши нештото побрзо и квалитено. Бидејќи ете јас за тоа нешто сум повеќе тие работи од него. (Поефективна де со други думи. ) Ќе ги оставам на него во нормални околности.
Ах, не. Не ми „помага“ ако ги делиме заедничките обврски во домот. Не треба да ми „помага“ туку треба да си земи дел од секојдневните обврски како негови, а не како помош кон мене. Оти домот не е само мој, ни па само мој за одржување. На двата е. Ова шо го пиша со „ако помага зошто помагал, ако не помага па никаков е“ трга од то дека секојдневните обврски околу домот се обврска на жената. Па мажот ако сака да поможи - поможи и ние треба на газ да падниме за то. А, уствари, обврските се на двата. Цел круг на она шо го пишев некоја страна назад за „вооружена некомпетенција“.
Добро ајде че играме игра на зборови. Че ставаме се на кантар еве и колку исцепени дрва се и броиме до кубик.
Да научиш дека мажот не помага никому, туку делат домашни обврски. И немој сега амамон поправа со бор машина и слично. Да еднаш годишно.. стан се одржува чист секој ден, се готви секој ден. И освен ако не е финансиски изводливо да вработи куварка и хигиеничарка за ни тој ни жена му да не мрднат со прст, тогаш ќе си фати и да усиса, и да исчиати и да зготви.
А, зошто ми „помага“ мене Старк, ако е и негова обврска? Буквално то значи. Дека се трга со то дека обврската е моја to begin with и јас сум препуштена на his good graces дали ќе поможи или не. Не е то партнерство. Ако сакаш цинизам и да збораме за исцепени дрва и броење до кубик - miss me with that sh*t. Пошто многу добро е нагоре искоментирано за кои се секојдневни обврски во домот и дека на крај на ден е ствар на договор кој какви секојдневни обврски ќе земи. Ама ако сакаш да си буквалист, еве истото дрво еднаш ќе удри тој на него, еднаш јас за да не се караме. #еднаквост