Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.329
    Допаѓања:
    114.006
    Пол:
    Женски
    Јас не дигам зашто не смеам ни мебел тргам.. си штедам кичма. Снег не ринев, ама однесов чај и кафе на комшиите кои чистеа..
     
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    20.795
    И јас си штедам кичма. Затоа кревам.
    Не мораш. Ама тие што сакаме и можеме, ако може помалку солење памет како било штетно
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.329
    Допаѓања:
    114.006
    Пол:
    Женски
    Кој може нека дига. Јака работа.. ама глупо ми е да имам маж кој иде во теретана, а јас да гревам тешки работи. Иронија живота.
     
  4. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    1.175
    Пол:
    Машки
    Дали само мене ми е нормално особено зимно време да се излези во град на сок /кафе, /пиво. Околу 20:00 и да се врати дома до 23:00 23:30.?Не гледам потреба да се седи до 02:00h/ 03:00h. Дали сум остарел или пак?
     
    На Anyshka, eliesaab и nena2010 им се допаѓа ова.
  5. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.708
    Допаѓања:
    19.254
    Пол:
    Машки
    Мене искрено напорно би ми било се на кантар да клавам, отприлика секој си знае кој што знае и што можи да направи и тоа е. Не дека еве пример не си пеглам или средувам алишта, сум имал бивша девојка ми велеше не ги пеглаш добро, остај ми ги мене тие работи ти средувај други работи. Секогаш сум одел до продавница испазари ова испазари она. Кесите за носење и слично, никогаш не сум и дозволил да носи таа, пошто е девојка.

    Оди исцепи дрва и донеси. Сум чистел дома, ете не ме бива за ситни детали, ја поповршински ги терам работите, ми вели оди ти раскревај кај шо ќе чистам, метам. Во то време би размислувал како да и помогнам. Еве во правење јадење некои специјалитети не знам, ама помагам во кујна че исецкам работи, средам, исфрлам ѓубре итн.


    Дали сите овие работи треба да ги поделиме пола пиперки јас да исецкам пола таа. Пола кошула да испеглам јас пола таа? Да измериме кесите по грамажа и да поделиме да однесиме до дома или до кола?


    Јас не се лупам во гради ова прам - ти она прајш, одма се гледа кој е добар квалитетен човек, а кој пијавица. Ама одма ќе препознаам дали девојката стварно ќе ја биди да бидиме девојка и дечко и можеби брак и да функционираме добро или не. :)
     
    На Anyshka и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.329
    Допаѓања:
    114.006
    Пол:
    Женски
    Па греота е бицепсине само да ги сликаш. Земи искористи ги за нешто.. дрва цепење, носење тешко, кревање мебел за чистење..
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.708
    Допаѓања:
    19.254
    Пол:
    Машки
    Ама сеа ме заебаваш по тро нели?
    Прифаќам и заебанции, шо сум јас тумрук одма сериозно ве сфатив и за пиштоли се фајчам.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.329
    Допаѓања:
    114.006
    Пол:
    Женски
    Не те зезам. Која е поентата да дигаш тегови а да бараш девојка/жена да дига тешки работи?
     
    На GirlLove и Stark им се допаѓа ова.
  9. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.708
    Допаѓања:
    19.254
    Пол:
    Машки
    Мислам дека никаде не води разговоров со вакво небулозно прашање, на кое што можам да ти дадам неколку различни одговори и сите да се точни. :)
     
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.256
    Допаѓања:
    125.743
    Пол:
    Женски
    @Stark
    Проблемот почнува од она кога велите помага. :D
    Не мислам само на вас мажите оти има и жени кои го употребуваат тој збор.
    Наместо помага подобро е да се каже учествува во извршувањето на домашните обврски. Двајцата партнери треба да ги извршуваат домашните обврски.
    Не ти да земеш една половина од кошулата да ја пеглаш, а другата девојка ти/жена ти. Туку, да се договарате кој од вас кога ќе ја испегла кошулата. Дур едниот пегла, другиот нека прави друго.
    Фати пеглата и вежбај. И нема да ти наоѓа маана. :rofl:
     
    На GirlLove и Stark им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.681
    Допаѓања:
    168.127
    Пол:
    Женски
    :nod:
    Апсолутно. Не пола пиперки, истата ќе ја делите да ја сечите. Сепак нема две исти пиперки. Ова со кошулата баш така. За ова со ќесите добро си го размислил иако некои се менват еден ден едниот на продавница еден ден другиот ама искрено не е иста тежината, а во сите продавници има кантар па јас би одела со опцијата шо ти ја опиша. Дефинитивно ова го збораме сите. Не збораме за оние мажи шо не прат ништо или понекогаш ќе напрат нешто колку да се речи дека еве „помагат“ и често после многу молење/карање па уште и грешно ќе го напрат намерно за уште еднаш да не му текни некој да побара нешто од нив. Не збораме за мажите шо имат умислено дека секојдневните обврски околу одржување на домот се „женска“ работа, па седат и чекат тревата да порасни да искосат, машина да се расипи да попрат и евентуално сијалица да сменат. Ох, или лично омиленото, да вртат месо на скара дур жената ги брка сите останати „женски“ обврски. А, апсолутно не, не збораме за мажи шо чекат да се преселат тој еден пат во животот за конечно да преместат мебелот.

    Дај Старк. Многу добро знајш за шо ти зборам. Пред се зошто опиша распределба на обврски меѓу партнери. И така треба да биди. Буквално ова шо опиша дека го прајш не е „помагање“ кон партнерката туку е делење на обврски. Наречи го пак игра на зборови ако сакаш, ама и те како важно е како ќе ги распределиш тие зборој. Ако некој не можи или не преферира да го прај нештото - го прај другиот. Ама секој има обврски кои се секојдневни и се во поглед на одржување на домот. Дали некој ќе се договори истата работа со секира да ја подели в средина или ќе си речат: „јас ова, ти ова“ е ствар на договор меѓу партнерите. Одржувањето на домот не паѓа само на едниот партнер. Јас секогаш велам, сакам да готвам и можам в кујна да останам (значи, не мора ич мој партнер да влези в кујна ако неќи дур е со мене и то е ствар на договор) ама аман нека има некој кој ќе чисти по мене зошто фаќање влажна храна ми е сензорен пекол.

    И пошто темата почна од кревање тешко, колку и да е то тешко. Ако прам нешто, најчесто сум во „елемент“ па било то преорганизација на мебел. Ако не можам - ќе побарам помош нема ништо да ми биди. Ако можам ќе кренам пошто се хиперфиксирам и сакам нештото да биди напраено сега. Кревање тешко, чак тегче со мала тежина при вежбање пак, е нешто шо е пожелно за долгорочно добро здравје. Така да не сфаќам како настана проблем со ова тема. Не е некакво докажвање ако можам да напрам нешто - да решам да го напрам. Дури и да можам да кренам и да решам дека во моментот не можам/имам алтернатива - no big deal. Или ако имам дома тегчиња да ги користам за доброто на здравјето.

    Сепак коментарите ми се во контекст мене за она „поможил“ и „не поможил“ пошто партнери делат обврски.
     
    Последна измена: 17 јануари 2025 во 23:08
    На CameliaMiller, sweet-cherry, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.708
    Допаѓања:
    19.254
    Пол:
    Машки
    Тешки да е до изразувањето моето погрешно да речам, па се останато да е таман, на сите ви посакувам! А и мене така една мома уба стокмена разбрана, па и да ме искара некош ако се изразам лошо и во живо (се случува :D ).

    А сеа петочно вака морам да одморам да погледам барем некој филм и да видам дали ми се помочал мачоро пак дома. Оти денојве лом напрај и сум при крај со нерви.
     
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.988
    Допаѓања:
    179.940
    Леле, уште ли не му купи песок?
     
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.949
    Допаѓања:
    267.793
    Маќе, скала бе злато. Сингл воумен ливинг алоун проблемс - солвд.
    Е маж за во маркет ми треба најгоре да пофати едино, не можам скалата со мене да си ја носам...
    Кастрирај го, нема да бележи.
     
    На Amellie13, sino.o.oka и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.708
    Допаѓања:
    19.254
    Пол:
    Машки
    Не му купив оти научено беше за надвор да моча.
    Вчера пред спиење првин ми се испомоча дома, значи во мојата спална ПРВ ПАТ го прај ова, па реши да побара да излези надвор. Ова ако не е заинает не знам шо е. :D


    @CameliaMiller кастриран е, можи заради то ми моча од протестирање
     
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.988
    Допаѓања:
    179.940
    Дефинитивно е од инает. Оти не му купуваш песок:D

    Сакам да прашам, озбилно, што е филозофијата со менување сијалица? Ради висината е, или подлабок феномен е? 8-|
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.949
    Допаѓања:
    267.793
    Јок, не ти моча од тоа. Купи му песок, ладно му е надвор да моча :)
     
  18. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.708
    Допаѓања:
    19.254
    Пол:
    Машки
    Сега на стари години ќе се научи да моча во песок дома?
     
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.988
    Допаѓања:
    179.940
    Абе пробај, шо имаш да изгубиш? Евентуално може нерви ќе заштедиш, ако се научи. Мислам, зошто не би се научил, ќе му мириса таму и само таму и таму ќе си оди. Животните функционираат со мириси, барем мачки, кучиња сигурно.
     
    На GirlLove и Stark им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.949
    Допаѓања:
    267.793
    Не знам Биљо, плафоњерки во овој стан имам, ни маж освен ако не најдам кошаркар 2 метра и ситно не може да ги смени без скала :D И не знам што е филозофијата со сите "машки" работи, едино дрва не цепам, а ни татко ми не цепе, оти имаме де централно греење.

    И уље знам да проверам, и гума на кола да сменам, и очигледно сама си пазарувам и носам дома, и 3 мачки наеднаш во транспортери носам на ветеринар, и мебел склопувам, штрафам, преместувам, и ѕидови бушам ако треба, и машини знам да troubleshoot ако треба. И трева знам да косам, до душа во викендица косам само од време на време, и тоа со тример оти нерамен терен е, не може со обична косилка. Еве стварно не знам што е таа "машка работа" што не знам да ја направам.

    Ако збориме за професии, ни банкар не знае да копа руда, ни професорка на машина за шиење да работи, тоа е веќе специфичен сет на вештини што врска немаат дали си маж или жена, туку дали си обучен или не за нешто.
     
    На crimson, Stark и Biljarkata им се допаѓа ова.