А не мора ни татко да биде. Кога ќе дојде времето кога ќе почнеме да цениме планирано родителство? И раѓањето деца да го гледаме како сериозна и одговорна работа наместо нешто судбинско што ни паѓа од небо? Посакувам да живеевме во свет каде ќе беше стандардна пракса непланирани бремености да завршуваат со абортус. Тоа да беше дифолтната опција кога се размислува за опции, а сите други да мора максимално ментално да се оправдаат. Воедно, знам дека ова е непопуларно мислење, ама сочувствувам со мажите кои и покрај сите преземени мерки за заштита се принудени да станат родители против своја волја. Хорор сценарио искрено. Никој не треба да е натеран да има дете ако не сака, затоа и сè помалку стојам до она само-жената-треба-да-одлучи. Не дека може некако да се спроведе ова без да се загрози телесната автономија на жените, ама останува фактот дека е неправедно. Затоа генерално непланираните бремености треба да тежнеат кон абортус според мене, како опција со минимален број повредени животи. Инаку не кон тебе директно ова, се надоврзувам само.
Најголемата тежина и товар или најголема среќа ја носи токму жената. Финалната одлука би требало да биди на жената. Во некое идеално сценарио заеднички да одлучуваат е супер, доколку и двајцата се грижат еден за друг несебично и размислат дали е време или не за дете. Пошто сметам во тоа идеално сценарио не е да го напрај детето и да замини ко некоја пичкетина - омилен збор ми е за маже некое шо бега, пошто нели не сме животни кои се водиме само по нагони, а бегаме од одговорности..
Другар.... Многу ги има кои бегаат од одговорност. Не биле спремни да станат родители. А убаво им е кога не користат заштита. Уште кога ќе прочитам дека жената е таа која треба да се заштити... Коса ми се крева
Посакувам само малце од малце да се заштитени жените со закон, а не вакви некои небулозни работи каде и мажот има одлука некаква.. Да би имал, ама реков во некое идеално сценарио каде што сметам дека е грижлив човек што ќе си сноси своите одговорности и обврски.
Ете сеа прочитав: 4 minutes in doggy is more benefitial than half an hour on the treadmill. Just keep clapin' them cheeks. Па вие видете си.
И на мене ми олеснува ко че спијам покрај љубената, наместо да пијам релакс чаеви или да се колкам со хелекси. Арно ама ни првото го имам, ни второто го практикувам. Сосема трето, овертинкувам до бесвест.
Gledam Monster Bug Wars dokumentarec kade so se borat razni vidovi insekti pajaci i sl. Ja navivam za škorpiite sekogas
Сè што сакав да кажам е дека не сакам да сум во кожата на одговорен маж што не сака непланирано дете а нема краен избор во тоа. И мило ми е што јас барем го имам тоа право и таа можност за контрола на сопствениот живот. Мажите го немаат (и не велам дека треба да го имаат). Ама затоа ставот на одговорен маж при непланирана бременост е про-абортус, а ставот е маж што сака да ги ужива патријархалните бенефити на татковството е раѓање по секоја цена. Ама со сета должна почит, не може ова да го разбере некој што користи пичкетина како навреда.
Ако сакаме да дебатираме на главната тема, без притоа клавање акцент на некои зборови и суптилно навредување на соговорникот, тогаш продолжи да си зборуваш сама и прескокни ме.
Добро утро Место да си се наспијам на раат, слободен ден, јас станата уште од 6. Се напив апче за глава, до душа кај и да е треба да ми дојде. Денес ќе се прави список за пазарување , ќе почекам до кај 8 саат, нема смисла сега да пуштам перална , да им бучам на комшиите 10 дена поминаа, абер немаат да се јават од сервис до кај се со лаптопот , да беше у посалам држава до сега нова кола ќе ми ја склопеа , не лаптоп. Се повеќе и повеќе на нерва ми оди кога нешто не функционира, ко ќе се развлечат работите. Здравје, се договоривме во Февруари одиме на гости во Швајцарија, Базел кај братот од маж ми плус вујко му цела фамилија се таму собрани. Ептен се задоволни, средени топ со работа, секој си вози Хибрид кола , алал да им е , немам слушнато лош збор. Освен они, во Швајцарија , Цирих се и чичо ми , на тато брат , фамилијарно, со жена му и двете деца и они топ средени, максимално задоволни од животот таму. Единствено заедничко на што се жалат е што владеела дисциплина на ниво, под некој ред функционирало се. А тоа е таа клучна точна за која јас со години мелам и мелам и критикувам дека во Германија ништо не е како што беше далечната 2007 година. Јас не можам да трпам ако нешто не е завршено , се знае си имаш термин, треба да се испочтува, или си се договорил за документ и нема што да се развлекува работата. Германија е дојдена до тоа ниво кај што со договорен термин имав на доктор за вакцина за Грип и идам таму и сестрата ми вика, ги потрошивме вакцините. И шо кур ми дадоја термин месец дена унапред кога баш на денот те враќа назад. Проста работа. Од муабетите од најблиските фамилии , до сега немам слушнато дека НИШТО не фукционира во Швајцарија , е затоа здравје идеме во Февруари на гости , барем има кај кој да спиеме, не ни треба хотел Морам лично да испитам ситуација. Не знам како е во Македонија, никогаш во животот не сум имала прилика да работам јас во Мк, бидејќи се иселив на млади години. Но, Германија се позаникаде станува , јас си сакам ред и дисциплина , а мразам кога некој нема да си стои на зборот што си се договорил и ќе те врти, ќе ти го троши времето , ќе ти презакажува. Крајно неозбилна работа. Ај да си направам кафе, 7 саатот дојде , имам време да ве читам , не сум баш у тек со форумот.
Носам облека за донирање во црква и ми викаат стави ја пред мензата надвор, ќе дојде некој да ја земе. И добро, ја оставам и си одам во кола. Само што вртам поглед накај мензата и ене ги циганите си ги украле ќесите со облека. Ми киднаа брзо и влевувам во црква да и кажам на жената што работи кај свеќите и ми вика: па они стално вака ни ги крадат работите! Значи не е човек да им даде. Да прашаа, ќе им ги дадев на нив. Ама овие си крадат редовно, а на тие што навистина им треба, не добиваат. Во Црвен крст наслушнав лоши муабети и затоа не ги носам тамуж
Давање алишта само на некој на кој му требаат. На некое социјално загрозено семејство. Не по групи, затоа што ги земаат и ги продаваат.
Баш ова. Во скоро сите случаеви не е баш "непланирана бременост" (многу ме нервира овој термин) туку неодговорност од страна на партнерите. Имаат секс без заштита па после surprised pikachu face ко ќе се случи бременост. Што се очекува не ми е јасно? И пред некој да речи и заштитата потфрла, да, ама во колку проценти од случаевите? 1, 2%, а не 50%. Јас сум за право на абортус од секогаш, ама едноставно премногу ми е жал кога абортираат бебиња од нивна неодговорност, неписменост и неможност да користат заштита. Небаре ова е како одење на заболекар, ај бе ќе го абортирам ако се фати. Едноставно е, ако не планираш деца гледаш што е можно подобро да се заштитиш.
Знам за тоа. Свесен сум. Ама па од кај ќе знаеш дали навистина на некој му требаат. Зимаат и тие што имаат. Вака во црква ми е најсигурно, ама па етр и кај нив не е 100% сигурно дека ќе отиде во прави раце. Имав стара облека но во добра кондиција и ја дадов. Нека му е со здравје да си ја користи на секој, па и на тој што ја украл. Така викам јас.
Сексот без заштита е честа тема на форумов. И после девојките ќе бараат апчиња Норлево. Или одат да абортираат. Тоа е нивна грешка. И после пак истото го прават. Како играчка да е абортусот Ќе се најде некој. Јас во една група напишав за да дадам алишта од децава. Ми се јавија две жени и ми пребираа. Не сакале секаква облека
А мене кога ми дојде една стокмена, во штикли. Ко мислиш на свадба ќе оди, а не да земе нешто. Демек да ми се удвара да и го дадам и тоа другото на неа (а јас го ветив на друг). Има многу лакоми луѓе. Се да земе. И тоа што го има, пак ќе го земе. Јас НИКОГАШ не сум земал нешто што подарувале во групите. И да сум немал, пак не сум земал, за да оставам да земе некој сиромашен човек што стварно нема. Но таков е нашиот народ.
Па затоа членката пиша дека може да се случи и заштита да потфрли. Ама свесно да имаш односи без заштита затоа што знаеш дека можеш да абортираш, тоа не можам да го разберам.
Поинаку ги толкуваме ситуациите стасавме до водење љубов или секс без заштита. Првично беше дека треба жената да одлучи дали ќе го чува или доколку мажот избегне одговорност. Не може целиот товар да се префрла на жената дека абортусот е нешто лошо. Некогаш треба да се стави крај на некој ужас во смисла далеку потешко е да се одгледа дете, ако има само еден родител...