https://www.crnobelo.com/novosti/do...91yNjVyqA7B_QH7Feg_aem_9t71tHFIJNDESEXczTQLmw Ако детето има слаба моторика, не значи дека тоа не е грубо за мачето. Ако треба да го тренира детето сензорно има соодветни играчки за тоа. Мачето е беспомошно и исплашено, а детето може да биде повредено. Сакав да се обратам кај мајката на детето професионално, ама ова е она кога се сомневаш и во нејзината професионалност, кога има таква несвесност и самозаљубеност. Штета, а баш мислев дека е ок.
Јас алиштата ги давам на оние кои знам дека им се потребни, затоа не ги носам во Црвен крст, кој знае каде ќе завршат.
Јас ќе ти кажам дека не завршуваат кај што треба. И кога се собираат донации - храна и пијалаци, и тие (не сите) не одат кај што треба. Не прашувај како знам
Јас на еден постар човек во близина кај мене живее му донирав значи секакви чорапи, калчуни, чизми, вентијаги, капи и нараквици и верувале или не ништо не носи од тоа, дури и оди бос по едни скапани чизми. Дали ги препродаваат или чуваат за некое друго време, не знам..
Оваа ако не гледа ништо погрешно у "галењево" очигледно има проблем со емпатија, далеку од галење е ова, апла неугодно е за мачето. Па уште му го враќа назад. А и тоа што велиш и детето може да настрада да биде сериозно изгребано.
Не се праам за 50 ден. Ама ме нервираат луѓе што ем ти дужат пари, ем се праат на Тошо и мува не ги лази. Не, не сум безобразна, туку си барам тоа што е мое. Два дена поминаа, абер нема. А, секој ден заедно. Да не почнувам за оние поголеми суми и оние што чекаат со години.
Хахах, ма не.... Не се замараат луѓето.. Давам на тие што мислам дека се сигурни, ова беше за порачување јадење. Немаше да ми врати и ќе ти вратам ми рече... И така ми враќа еве.
У реду ама како би настанала бременост ако ете, мажот користел заштита? Ако збориш за пукање кондом, ондак може да разберам, пример они се договориле неќат сега дете ама се дешава бељата и нејзе ѝ текнува да роди, и он не може ништо. Не знам, поделена сум многу за ваква ситуација. Мада што никогаш не го сфатив тоа непланирана бременост. Си знаеш кога се онадиш дали има или нема шанси за бременост.
Дете на 1г има слаба моторика а мачето е животно кое може да нападне ако се осети загрозено за да се заштити. Толку може да е глуп некој бе, а и викаат у позадина пази ќе го изгребе и она пак го враќа. Ај очигледно и е гајле за мачето зошто толку и сече ама на детето да си помислеше дека може во очи да му скокне, а после мачето ќе го криват, глуперда
Има една новинарка од Сител, веќе неколку пати ја забележувам кога вели искључиво, наместо исклучиво... Дај некој нека ги описмени, сами не си го познаваме јазикот. Резил.
Немој сега ко ќе ти се нафрлат " скопјаниве" шо мислат дека скопскиот акцент е најчист од сите и си го праат литературен јазик. Пукнав
Поминував на Илинденска прееска и од излог видов една девојка внатре како пробува венчаница во едно ателје.. Некако убаво ми дојде кога ја видов, без шминка, без средена коса, само бел фустан на неа, преубава беше, и околу неа жени, веројатно мајка и и други блиски..
Во ред е користење на дијалект, сепак дијалектите се украсите на македонскиот јазик. Но јавно, на телевизија да употребува дијалект...!?! Не е соодветно. Политичарите, јавните личности, а особено медиумите треба да внимаваат на ова.
Заедно со велешани се најчисти, да. Иначе, speaking of, (од проверени извори) велешани денес се одмараат по 3-дневните славја за инагурацијата на Трамп. Најозбилно.