Општо, не сфаќам родители што уште кај новородени даваат толку близок контакт со милениче. Гости не може да го видат бебето, ама кучето и мачето да го лиже и пипа со шепи може. И бебиња имаат баш силен фат, знам внукиве за коса ко ќе ме фателе. Па детето ќе имало пријателче, ќе градело имунитет. Да, супер тоа ама може кога ќе потпорасне малце. Друго, мало бебе и на глупости се радува, не мора одма со живи суштества да го оставаш кај што не знае да биде внимателно.
Ајде со ред да фатам темите. Она со мачето прва. Ајде ако не му е гајле за животното и ако е оперирана од емпатија дотичната - можи да нападни мачето ако е малтретирано и после пак ќе биди мачето криво, детето повредено. А, добро се рече погоре. Живо суштество е. Не играчка на која се учи фина моторика. Она горе е се сем галење и е малтретирање на животно. Фактот дека уште игра на карта дека дете не знај поинаку е бедно. Едноставно дај му соодветна играчка. Не е должно да страда живо суштество за туѓ каприц. За непланираната бременост сите мислења сфатив од кај идат. Со ни едно целосно не се согласив. Нормално дека треба да користиме заштита, и дека абортус (и Норлево) не е контрацепција. Ни фали страшна сексуална едукација и уште не ми е јасно, и никогаш нема да ми биди јасно, како стигнавме до то да се гледа негативно на секс ед. Пошто ете резултатот го гледаме. Особено мислам дека во поглед контрацепција треба да се клај и акцент на очекувања на жената за користење орална контрацепција, покрај сите негативни ефекти кои знај да ги дај истата. Мажот можи да искажи преференца при абортус, дали сака или не. Ама на крај на ден треба двајца за да се напрај дете и одлуката паѓа на жената зошто нејзиното тело врви низ најголема промена и особено ако неќи дете - знај многу лошо да се одрази по ментално здравје. Мажот треба да кажи и тој шо сака ама одлуката секогаш мора да биди на жената. И ова е така без разлика како стигнало до та бременост. Колку и да е "морално" валкано, на прво место, за мене, секогаш идат живите луѓе и тие кои веќе постојат. Са за она со должење пари и 50 денари. Јас искрено со луѓе со кои сум блиска неќам 50 да ми вратат. Ни 100. Се смејме со другарка ми дека тие ни се "кафе пари". Ако фати нешто 450, значи треба да ми врати 350-400 и кафе. Нормално дека не се држиме ко слеп за стап за то кафе па толку кафиња имам платено и толку кафиња има платено шо да седниме да прајме математика не знам шо ќе излези. Ко ќе јас ситните не ги земам сум можи во припејд за кафе шо ќе плати, можи во постпеј. Никој не знај. Ако некој не ми е близок, пак 50 денари не ми менват. Ама тука не прам протест со "стварно не мора, те молам" чисто зошто не сме блиски и е непотребно напрегање. Накратко дај ми 2-3 дена и далеку од очи, далеку од срце и ќе заборам. Ми имат враќано пари луѓе и ги прашвам ко будалетинка зошто. Ама ако на некој му е важно и гледаш дека некој абер нема да врати - барање е секогаш опција колку и да е глупо да бараш свои пари. Глупо, не оти бараш, туку оти со невраќање те носи во позиција да бараш место да е негова одговорност да врати. Така да бар понудете да вратите то шо сте зеле. На крај на ден не знајме кој во каква позиција е. Не треба да ви побара назад нешто, треба да е наша одговорност да вратиме. И мојата омилена тема. Дијалекти. Како чоек шо збора на дијалект, многу сум за користење литературен јазик во формални ситуации и особено на телевизија (пр. ако си новинар). И јас имам забележано дека се цепи скопски на тв. Не ми смета, разбирам ( ), ама сметам дека не е исправно. Во неформални ситуации ко ќе некој ми се фати зошто користам дијалект, па ко веќе ми се фаќа нека спушти подолу оти не ми е гајле. Да пишам на неформално место, пример инста стори, порака со некој и на форумо - се осеќам како да не сум јас и ми е неафтентично за мене ко чоек. Она типично битолското "боооо" не бев свесна колку го користам во неформална ситуација се дур еден ден не го реков и сум скршила некаков стрик од луѓе шо забележале. Ама кога сум во формална ситуација, дали било да зборам со менаџмент, тв, во здружение, работилница - страшно се филтрирам за да биди погодно за сите и професионално.
Покрај сите негативни ефекти...као, ЗОШТО? Шо му фали за промена да се стави акцент на машка контрацепција? Никогаш не разбрав и не можам да разберам-што е уствари проблемот.
Не мислев на то да се користи орална контрацепција туку има одредено очекување жената да е on the pill. А, не мажот пример. Пошто жените се очекува дека можат да се справат со симптомите, а дел можи и да се живото загрозувачки. Поќе акцент уствари сметам дека треба да се клај на сајд ефекти на орална контрацепција кај жени. И пак седи то очекување. Исти сајд ефекти да имаше кај машка контрацепција немаше да се користи и/ли ќе се усовршеше до максимум. Ама не се ни замараат. Не знам дали ова поента доволно ја доловив во оргиналното мислење па еве да се дополнам.
Imav tema na ragzovor bas poreligiozni lica da recham, hristijani so mislat na ovaa tema. I vo smisla deka religijata na nekoj nacin osuduva abortus, mi veli pa vo red e to kao demek zivotot od boga daren nema pravo da se gasni i slicno pod nikakva okolnost... Aj da recis, ne se zatucani i slicno, educirani lujge i nachitani, ama vakvo razmisluvanje..
Општеството бе. Инаку да, за мене кондом најмала главоболка ми прај за спречвање бременост. Лесно достапно, лесно за користење. Ефективно и против бременост и против сексуално преносливи болести. Truly a win - win.
Имаш статистика некоја за маживе напатени кои и покрај кондом се родители? Ме интересира која е шансата маж, кој користи кондом, притоа не сврши во истиот, да стане татко против своја воља? Додека жената е таа која ја носи бременоста 40 недели, или оди под анестезија за абортус, и те како ке има главен збор. Улогата на мажот е едно свршување, и потоа само емотивна повреда. Ако воопшто ја има. Жената е емотивно и физички засегната и тоа директно. Патем, колку самохрани татковци знаеш? Или си слушнала да мајката си заминала и тој да е принуден да е родител. Јас еден, таткото ја избрка мајката. Жени, самохрани мајки познавам неколку, и за уште толку знам во комшии, генерација, роднини.
Општеството ЈАС сум општеството. ТИ си општеството. Во 10+ години живот си мк гинеколози, никој не ми спомнал хормонска контрацепција. Овде кајшто сум сега е друго, ама не е тоа тема. Мк општеството никакви очекувања нема, ваљда само растечки број на мажи ,,алергични,, на кондоми.
Е како бе така за пари? На секој би му значеле 40, 50 ден на оваа скапотија. Другарки, другари блиски тргам настрана, пошто и јас прам јас частам денес, ти утре и сл. Ама со понеблиски. Мене искрено, ми е срам да должам денар, не па госпожава што заедно со мажот и ми беа колеги.. Ајде првиот ден, ајде двајцата немаат, ај вториот ај мож ќе и текне, третиот си вади пари, си оди си купува чипс и благо, мене кој ме мафта. Не срам, јас в земја ќе се пикнам ако должам пари, а тој е пред мене, не па да си купам нешто пред истиот.
И на крај пак ти кабает и безобразна оти си ги бараш парите назад и се потсмеваат демек ти дошло до тие пари.
I poleka prejde vo navika.. Kako da si ti dolžen da častevas stalno ili poveke pari da ostavas koa se plaka smetkata...
Кога пишувавме во темава одма бевме критикувани зошто не сакаме да делиме сметка во кафана. Парите не ми растат на дрво за некого да частам. Чест на исклучоци.
Taka e, nekoi poračat skapi pienja ili lokat poveke od mene na krajo ke deleme so ke deleme da plakam i za nivnoto, ke se tresam ja na krajo sekogas koa doe za plakanje ne može taka. Hehe
Ама некогаш излегуваш ради реда. За да направиш ќеиф на друг. Имав јас таков колега. Им реков на колешките Ако сакате да дојдам со вас, вие плаќајте му. Јас не давам пари.
Неправедно е како луѓе кои се премногу добри и чисти го напуштаат овој свет премногу рано. Дека светот е никаков и не ги заслужуваме. Но нивните дела и трагата која ја оставиле додека биле живи ќе траат вечно, и тоа е она што ги прави прекрасни, тоа е она што ги прави легенди. Тоше е еден од тие што му требаа на светот, и е ужасно неправедно што не е веќе меѓу нас. Во последно време почнав да правам паралела меѓу него и Виктор Цој, исто така прерано загинат во сообраќајка, многу сакан од публиката, чија трага која ја оставил никогаш нема да е избришана. И ужасно ме боли срцево какви луѓе не се веќе меѓу нас, а ни требаат многу. А ние и понатаму скоро ништо не научивме од Тоше. Да се стремиме да сме барем малку како него, светот ќе е многу подобро место за живеење. Така само можиме да го испочитуваме најмногу, а тој и понатаму ќе живее во нашите срца. Денес ќе полнеше 44, а ангелите како него имаат само датум на раѓање. Те сакаме Тоше, како што ти велеше дека нѐ сакаш.