Зошто од сѐ што гледаш кај луѓето, илјада нивни особини ти го гледаш лошото кај 99%? Тоа е поклучно прашање за тебе, отколку да констатираш нешто секој ден, преку постојано исклучување на сите останати особини и однесувања кај луѓето. Кога ќе одговориш на ова , нема да бидат 1%. Вреди да се потрудиш. Не за луѓето туку за тебе.
Кои илјада нивни особини? Највеќето се такви што, на крај, нема да ми го сменат мислењето. И никој и ништо нема да ме (пре)убеди дека не сум во право. Многу лоши станаа луѓето. И, не, не мислам само јас така. Сѐ почесто слушам како и други тоа го мислат. Инаку, не знам каков одговор очекуваш на прашањето? Конкретен? Немам, за жал. Само воопштен. Пример: лошотијата е само една од многуте негативни особини кај луѓето во денешно време.
Многу ме нервира, кога бришат оф-топик мислења на определена тема, обавезно, ама обавезно се бришат и низа на мислења на место.
Сакам да кажам... Мислење на место. Мислење кое, замисли, ти го полни егото. Ти го билда. Те прави среќен. Можеби, само можеби, тоа мислење, тоа мислење на место е твоето единствено парче среќа во еден ваков студен, јануарски ден. Ноќ, всушност. Утро, поточно. Сакам да кажам... Уживаат да гледаат како две мачки се тепаат. Им се смеат. А не ја знаат позадината. Само сеир фаќаат. Им годи. Се полнат. Раснат. На воздушен балон летаат или, уште подобро, самите летачки балони стануваат. Сакам да кажам... На крајот, сите сме исти. Или, исто ќе завршиме.
Ама не гледаш дека е цел затворен круг? 1. Нема да го сменам мислењето. 2. Ништо нема да ме (пре)убеди. 3. Луѓето стануваат полоши и полоши. (Веројатно некогаш биле подобри? Или сега се подобри од тоа што ќе бидат за една година.) 4. Не мислам само јас така. Ако другите мислат така треба и ти да го мислиш истото? Мислењето на другите е аргумент за општиот исказ „луѓето се лоши 99 проценти?“ Кои се тие другите? Од каде знаеш што сѐ мислат? Вака, со сигурност и помалку од еден процент од добродушните ќе ги снема, не само што нема да ги видиш останатите особини на луѓето и за останатите 99%, туку и тие еден процент што ги гледаш, ќе се откажат од таквиот став во однос на тебе. Гледањето е секогаш двострано, всушност.
не е поврзано со тоа што ме прашуваше ти )))) Само сакав да кажам... Инаку, тоа е. Така гледам на нештата.
Добро, не е поврзано. Инаку, тоа е тажното во целата ситуација, а не „луѓето“ и нивниот експоненцијален „лошотилак“. Не ти е лесно.
Јас да сум, ќе земам сите овие копита чии кучиња лаат на све живо и диво што мине по улица, ќе им пукам петарди пред врата изненадно, малце да се плашат и они, ебаве стоката невоспитана. Животов ми се скрати вчера, не ни приметив куче дека има, си минувам по улица која драги мои не е ваш двор и говедово се затрчува накај порта која за пуна среќа беше затворена и буквално агресивно рипа и лае ли лае и само се молам да нема некаде пролаз да излезе. Па може стар човек, дете да помине и после ќе им продавате причи дека ги напаѓале оти се плашат. Ама оќе, инстинкт било... кај домашно куче. Или да, да не заборавам сигурно лош човек сум, затоа ме лаело. Инаку имам едно огромно во маало, кучево е помирно од 99% домашни, никогаш не лае по никој, дури и самото е плашливо, сум му давала и храна и сум го галела, гласче му немам чуено, а може комотно да ме изеде ако сака. Така да со тој инстикт мавнете ми се.
Мене пред некој ден за малце ќе ме нападнеше големо куче, каков стрес доживеав мислам дека некоја болест фатив, ми спомна една жена што ме виде исплашена да си порачам од Ali exprwss нешто што ги плашело кучињата така ако те нападне, знае некој како се вика тоа, како да го побарам? Ужас е ова што се случува!
Има ултрасонични уреди што плашат кучиња, на алиекспрес, лесно се наоѓаат, ако мислела на тоа, сум гледал такво нешто, но колку функционираат не знам. Немам конкретно искуство. Пиши ми ако ти треба помош за наоѓање таков уред онлајн.
Секако ти ќе бидеш виновна. Ти го провоцираш кучето Татко ми има една светилка. Кога ќе им светнеш на кучињата, они бегаат. Не знам од каде ја има купено.
Ај за уличниве ќе речеш толку знаеле иако нели на државната е работа. Ама како да кажам, срамота е да чуваш куче 2,3 и повеќе години и да се понаша подиво од улично куче. Куче се учи, ако сакаш да го научиш. Ако оставиш само да одлучи кој е крадец, кој посакуван, кој загрозува територија ќе си остане диво.
На луѓето. И нема стварно да им пукам. И можеш да го издресираш да не лае по секого. Ако неќеш да губиш време на учење, дресирање, не зимај куче. Оти да лае по све живо не е нормално. А и има нешто што се вика осет што луѓето со вакви кучиња го немаат. Фмп.
Јас имам таков уред. Како далечинско е, и испушта светлина и има некој како чуден звук што пишти. И стварно бегаат кучињата. Проверено. @Anonimnna5 Немам линк од ова, одамна го нарача татко ми од Али експрес, не памтам ни цена ама не се прескапи
А па кога ќе видам пуштено куче без поводник притисоков ми се дига, па уште пит були и ротвајлери така си ги пуштаат толку несовесни говеда има значи
Додека да чекаш да ти стигне од Алиекспрес, попрво можеш во пет шоп да го најдеш или на некој од овие линкови: https://mypetshop.mk/shop/dog-chaser-super-ultrazvuchen-aparat-za-kuchina/ https://mkmarket.mk/product/banish-dog/ https://tronshop.mk/produkt/ултразвучна-апарат-за-одбрана-од-кучи/