Не си го вметнал точниот збор. Не се лоши , туку СЕБИЧНИ. А таа себичност потекнува од НЕБЛАГОДАРНОСТ. Го знаеш она чувство кога на некој ќе му се најдеш во рандом ситуација да му помогнеш на некаков начин и за возврат нема да добиеш и едно скапано ФАЛА, туку таа личност магично ќе избега и ќе се скрие. Епа вреди ли да помагаш на такви луѓе ? Научени ко им треба услуга , те бараат и после не им требаш. Има ли смисла ? Така да, фино лепо ќе се помириш со реалноста. Фала му на Господ што има останато нормални од блиската фамилија (во блиска фамилија зборам и за од моја страна и од страна на маж ми ) кои сами се нудат за помош и поддршка, тоа го зборам од мое искуство ко сакам да правам промена у животот , иначе нема шанса да ти помогне некој што не ти е роднина.
Да додадам и дека има љубоморни луѓе. Ако успееш во нешто, одма добиваш неубави коментари, наместо да добиеш честитки и поддршка. Вие во странство имате пари. А ние овде се мачиме. Златен, дојди и ти во странство. Или ако некој купи стан, одма коментари А бе како ќе плаќате. Немате високи плати. Сестро златна, ти ќе ми плаќаш Мило ми е што се тргнав од такви.
Фокусирање на абортусот како решение по дифолт, е погрешен пристап. Оти го насочува вниманието подалеку од есенцијалните прашања како што се едукација за репродуктивното здравје, достапност на контрацепција и промовирање на планирано родителство. Со што, непланираните бремености би биле сведени на минимум. Абортусот не треба да биде ниту стандардна опција, ниту табу, туку информирана одлука. Во таа рамка, ниту абортусот, ниту раѓањето, не треба да бидат по секоја цена. Изборот секогаш мора да остане индивидуален и информиран. Сочувството е разбирливо, ама реалноста е дека во процесот на бременоста, биолошките и практичните импликации несразмерно паѓаат врз жената. Мажот, има морална и практична одговорност да биде партнер во последиците. Правото на глас е важно, да, ама реалноста за жените е далеку потешка од хипотетичко хорор сценарио за мажите. Жените немаат избор дали да ја носат бременоста, оти тоа е биолошка реалност. Дури и со заштита, ризик од несакана бременост постои и токму затоа одговорноста на мажот не завршува со чинот, туку продолжува со поддршка на жената во одлуката што таа ќе ја донесе. Нивните улоги, во вакви ситуации никогаш нема да бидат целосно изедначени. Жената има мултидимензионална тежина, која оди многу подалеку од биолошките аспекти. Таа се соочува со психолошки борби околу одлуката, социјален притисок и осуда, финансиски и професионални жртви, како и ризици по здравјето и благосостојбата. Ова не е едноставно прашање на биологија, туку има и емоционална, социјална и економска тежина, која мажите никогаш нема да ја почувствуваат на ист начин. Ако веќе зборуваме за неправда, таа лежи во комплицираната реалност со која се соочуваат жените. Одговорен маж нема да инсистира на абортус само затоа што не сака дете, туку ќе прифати дека партнерката има право да одлучи за своето тело и живот. Бременоста, како биолошки процес, непропорционално влијае на жената и токму затоа таа треба да го има последниот збор. Признавањето на оваа реалност не е слабост, туку е зрела одговорност. Одговорен маж, во идеален случај, не зазема фиксна позиција за или против абортус, туку се обидува да ја разбере ситуацијата, да понуди поддршка и да ја прифати одлуката на партнерката, бидејќи таа има централна улога во процесот. Во суштина, да се поврзе одговорноста со специфичен став како про или контра абортус, е претерано поедноставување на еден многу комплексен процес. Одговорноста се одразува преку сочувство, прифаќање последици за своите постапки, исполнување обврски, комуникација и разбирање, а не преку дефинирани ставови за резултатот.
Себични, исто така. Да. Во право си. А тоа дека само чекаат такви моменти, за да ти бидат „блиски“, одамна ми е јасно. Веќе не ме тангира. Оух, скроз има и такви. Велиш си се тргнала, ама па колку има што нема ни да помислиш дека се такви... Глумци.
Тоа е точно. Тука имавме еден пар пријатели. Ги нема никаде откако купивме кола и откако на маж ми му ја покачија платата На жената и пишувам да се видиме, она ми враќа Немам време. Оттогаш не сум и пишала.
Обично таквите луѓе се мислат дека се сезнајковци и слично и ко че видат дека правиш подобро од нив, се фрустрираат и стануваат себични и се радуваат на твоја несреќа било каква. Ќе издвојам една моја. Ја паркирав колата кај мене пред куќа, значи немаше ни пола саат и обратно беше паркирана од каде што може да течи масло и комшијата излезе со некоја кисела насмевка - Абе комши ти течи масло, ах ова не бидува ништо од колата, се излажа шо ја купи бла бла... Му велам да сме здрави и живи, па се останато, иако од погрешната страна мислиш дека течи масло, ама да знајш не е мое, фала на мислењето иначе. Затоа и постојат љубоморни луѓе, и ги жалам ама некогаш и на нивен начин си ги брецкам.
Сега немат шо да кажат кучељубимците, да е на улица да ти лај во право било ние сме криви што не сме ги собрале некаде да им најдеме домче... А вака од двор можи слободно свеста да им ја зема на сите дење ноќе Многу сме бре назаден народ и прост
Така е. Од нив одма добивме коментари дека тешко ќе ги плаќаме ратите. Немало да ни стигаат пари. А кога маж ми кажа дека платата му е покачена, направија фаца Од една личност бевме предупредени за нив. И таа личност излезе дека е во право. Само они не дојдоа на частење.
Ко ќе немам фокус за прочитам реченица, а не па параграф или дискусија, воедно ко ќе пишам грешам редослед на букви и изоставувам цели реченици, плус ми е досадно и нешто сакам да прам - ми е мачно онака. Дури ни на серија не можам да се концентрирам.
Јас стварно не знам кој хаос ми е во животов. Кога собирам сила и храброст и сакам да се свртам кон позитива да почнам од некаде, не ми оди нешто, не знам што грешам више стварно… Не сум сакала да воспоставувам контакт на социјални мрежи поточно да се запознавам ама реков ајде од негде почни.. Заследивам некои со кои би сакала да остварам контакт и секако си стои follow request sent.. еве два дена… Аман како функционира светов више не ми е јасно..
Прочитав дека си била во 8 годишна врска и си раскинала скоро. Искрено не би те советувал да почнуваш нова врска додека не се стабилизираш малку, да си видиш која си, што си, што сакаш во животов, кај тераш, па потоа да бараш некој со сроден на тебе. Rebound делува како quick fix, ама не се покажало како добра основа за нова врска. Ако се осеќаш осамено, гледај периодов обнови пријателски врски, дружи се.
Знам дека е ова најисправна одлука, благодарам. Лошо е само што сме во период каде што сите веќе се со фамилии имаат деца така што тој дел оди многу потешко со дружењето.. Сите имаат веќе или едно дете или чекаат друго, викенди и слоб денови како и празници се заедно што доаѓа мн тешко за луѓе што биле толку време во врска и правеле заеднички раб на тие денови.
Кружи барање за донација за интервенција на срце во Жан Митрев на полициски службеник. Кој не ги информира луѓево дека ваквите интервенции се покриени од фондот???
Не постои личност што поддржува планирано родителство а го става абортусот пред контрацепцијата. Се подразбира тоа. Сите последици што ги кажа (болдираното) се далеку далеку полоши ако жената одлучи да ја задржи бременоста, отколку ако абортира. Како што кажав, при абортус има минимални пореметувања врз сите животи, вклучително и најважно - животот на жената. Така што, не гледам ништо погрешно кај маж што е за абортус при непланирана бременост и не е воопшто исто со мажите кои инсистираат да се задржи бременоста. Тие вторите се тие кои немаат обѕир за последици. Еве можеби јас пресериозно го доживувам имањето дете и сметам дека за таква масивна одговорност bare minimum е пред тоа да се подготвиш, да се едуцираш, да имаш план. Тоа за мене е одговорност. А не деца да ти паѓаат од небо и после као демек одговорни сме бидејќи не сме абортирале. Абортусот е поодговорната опција во секој случај освен планирана и посакувана бременост. Не знам зошто ова се доживува како премногу радикално, кога е аксиома на планирано родителство. Тоа што постојат некои си морални дилеми и деликатни ситуации при одлуката за абортус е чиста патријархална пропаганда. Ако не сакаш дете единствено одговорно нешто е да немаш дете. И ова важи и за мажи и за жени. А не, јас сакам дете, а ти ако не си спремен цел живот да си го смениш од корен си неодговорен.
Какви топли емоции те обземаат коа ги гледаш сликите од детствооооо неописливо нешто За момент сакам да се вратам во времето во кое не се ни сеќавам дека постоело
Тоа што мислам дека Лела сака да го каже ќе го доловам хипотетички: Еве речеме јас сум во врска, имаме односи само со кондом и сум рекла дека ако се случи бременост, а не сме спремни, јас би абортирала. И двајцата сме согласни на тоа. И еден ден пука кондомот, јас бремена, ама јас се одлучувам да го родам, а он неќе зашто не е спремен и зашто сметал на мене дека нема да родам, то ест зашто претходно сме одлучиле дека деца неќеме. Па дали он има морална одговорност како татко ако родам? Он језда не може да ме натера да абортирам ама прашањето е дали мора да го признае детето?
Од етичка и правна перспектива, мажот не може или барем не треба да избегне морална и законска одговорност кон детето, бидејќи детето, кога ќе се роди, станува независен субјект со свои права. Без разлика на претходниот договор, објективна реалност е дека детето постои и заслужува грижа и поддршка од двајцата родители. Точно е дека ова го отвара прашањето за взаемна транспарентност и одговорност во одлуките. Ако партнерите однапред се договориле за абортус како решение за ваква ситуација, тогаш ненадејна промена на ставот може да биде разбирлива од емотивна перспектива, но истовремено го става другиот партнер во непредвидлива позиција. Тоа не значи дека жената нема право да ја смени својата одлука, оти тоа е нејзино биолошко и лично право. Али ова истовремено не ја поништува валидноста на чувството на изневереност или неподготвеност кај мажот. Одговорноста во ваква ситуација е многу комплексна. Жената го има правото да роди, но и мажот го има правото да изрази несогласување, иако тоа не го ослободува од законска и/или морална обврска кон детето. Најважно е партнерите да имаат искрен и отворен разговор во кој ќе се признаат и почитуваат меѓусебните чувства и реалности. Она што се случува потоа, не треба да биде натпревар на тоа чие право е поважно, туку како заеднички да се справат со новонастанатата реалност, особено во интерес на детето. Иначе, во вакви ситуации, многу добро знаеме колку лесно мажите избегнуваат каква било одговорност кон детето, бегајќи од последиците на своите постапки. Таквото однесување е се, освен одговорност.
Спојлер: . Ми се допаѓаа рачунаме на Февруари како ако ништо друго пред-пролетен месец. Март секако веќе се рачуна, Април ми е мене лично секогаш comme ci-comme sa, додека за Мај прилично сите може да се сложиме дека е ок и типично пролетен. Значи, вие што мислите сега, дали е Февруари зимски, пролетен или (пред) пролетно-зимски месец? Друга ствар, епа baby's birthday is coming up next week нели... Сега, отсекогаш сум се сметала за гордо зимско дете да се разбереме. Меѓутоа земајќи го ова во предвид, ми се допаѓа, и во најмала рака би додала пролетно-зимско. Друга ствар, дали знаете дека секоја година имаме не еден, туку 2 Родендени? Едниот е Соларниот, кој веројатно сите си го знаеме, секоја година на истиот датум кога Сонцето се враќа на истата положба каде што било на датумот и времето на раѓање. Другиот е Луна-Соларниот, кога И Месечината, И Сонцето се на истата положба на која биле на времето на раѓање. Датумот за Луна-Соларниот е различен секоја година. Дали ви се допаѓа ова, дали сметате дека е ок и сте отворени за славење 2 Родендени секоја година, што мислите?
Му викам дај да го исчистиме станов, не ти е чисто, ми вика моја е правосмукалката, со неа нема да чистиш, ќе ми ја расипеш.. Не знам дали да се смеам или да плачам човече, ќе си ја донесам мојата од дома правосмукалка кога ќе одам кај него за викенд, за да не е нечисто јер мојата верувале или не, секој може да ја користи, затоа што е факинг правосмукалка исто како неговата..