Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Alizée10

    Alizée10 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    Сакам кога работите ги правам поради тоа што така сакам да ги правам а, не поради останатите, околината и друштвото.
     
    На Tinaaa, GirlLove, vans001 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    4.937
    Пол:
    Машки
    Ова со загадениот воздух веќе не се трпи. :@

    Толку ли сме заостанати како народ што не можеме еден асален протест да направиме. :(
    Или пак политичарите намерно ни го тргнуваат вниманието со други глупости за да не мислиме на воздухот.
    Ако сакаат можат да го решат за 5 дена проблемот со загадениот воздух.
    Ај Скопје ќе речеш, ама па и Тетово, Битола, Струмица, Кичево. :|

    Ние сме криви што не реагираме како што треба.
    Ете и за цените од маркетите се дигна пола Балкан (Хрватска, Србија, па сега и Босна), а ние ништо. ;(

    Стварно сме добар народ за други работи и гостопримлив, ама за вакви работи, најлош народ во свет. Попрво абориџините ќе дигнат воатание отколку ние да се побуниме за цените и воздухот. ;(
     
    На ArabellaStarfall и DS10 им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.763
    Допаѓања:
    169.178
    Пол:
    Женски
    Ми излезе една реченица дека пријатели можи да се сродни души. И поголема вистина нема.

    Секогаш ќе велам, сум имала периоди кај шо сум несреќна. И после сите срања јас успевам да сум ОК и едино нешто шо е тука да го осигура то е луѓето со кои сум се опкружила. Од ко ги имам, несреќите се само мали епизоди. На крај на ден сум многу среќна.

    Едино криво ми е периодов шо не можам цело време меѓу нив да бидам, ради веќе познати причини. 8-| А си сакам, денес со едни, утре со другите, нареден викенд башка град. Неќам порано да морам да бегам со заморов, сакам пак "маратонски" излегвање. Плус ни на момент не ме остајле да се осетам сама или изоставена иако пример вчера морав да откажам во последен момент ради "изненадни" несакани ефекти и се шо добив е: "лав ју" и "биди подобра и одма ко ќе можиш ќе се видиме". Love the energy. ;( :l:

    А, и запознав и нови луѓе низ цел овај хаос и се осеќам само ко истата личност со башка quirks да сме. :o Прво бев скептична дека толку слични, ама са сум ко HELL YE многу слични сме.

    Ко ќе прам рефлексија ко бев дете, основно и средно, и јас денес - не се споредва. Пред се зошто јас бев (и сум) социјално неадаптирана. Јас бев од тие за кои се велеше дека ваљда ќе умри сама без пријатели или партнер. Кој ќе остари со истата другарка од детство зошто за да запознај нова ќе треба да излези од комфорт зона. Која беше ризик да раскини со дечкото кој кузнај како успеа да ѝ се доближи, оти шанси да запознај нов нема. И ко ќе се видам кај ми е животот, си викам: "па ок, ко за социјално неадаптирана е дури и многу поќе од само доволно".

    И знам дека ова и слично на ова само лани 100+ пати го пишав. И годинава уште толку можи ќе го пишам. Ама не можам доволно да преточам во зборој колку сум благодарна.
     
    Последна измена: 27 јануари 2025 во 10:51
    На LiquidLuna, M&M, ThrinaMist и 11 други им се допаѓа ова.
  4. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.595
    Допаѓања:
    3.668
    Пол:
    Машки
    Кога би бе викендов да помине,
    Редно време е корпа да му дајш ја мислам.
     
    На Anyshka, FridaodaMk, Realist1 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.757
    Допаѓања:
    19.536
    Пол:
    Машки
    Овој твојов мн скржав бе, да не треба и струја да си носиш за да ја пуштиш правосмукалката кај него дома?
     
    На Anaroz1, LiquidLuna, Anyshka и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.945
    Добро, шо се дешава со негувателките од градинка ? Или се глупи или некомпетентни.

    Од сабајле едно 3 пати ми ѕвонеше телефонот , ми вели дојдете да си ја земете Елизабет од Градинка, не и е добро.
    Жено, немам јас деца и немам никаква врска со градинка, си го згрешила бројот.

    Пак повик:

    Ви се јавувам од градинката, не знам дали ве извести колешката да дојдете да си го земете детето од градинка

    Ама немам деца бре, грешка сте алоо :envy:

    Пак повик :

    Добар ден, ми рекоа да ви се јавам да си го земете детето од градинка.

    Добро, шо ви е бе ?

    ГЛУПИ СТЕ ИЛИ НА КИНЕСКИ треба да ви кажам дека на погрешен број ѕвонете.

    Стварно не знам како може да не знаат да се организираат, да запишат точни телефонски броеви , контакти.
    Реков јас, секој ден позаникаде станува Германија.

    Каде се изгуби професионалното работење, да се има ред у оваа држава.
     
    На M&M, Miss666, Bratot и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.509
    Допаѓања:
    22.877
    Пол:
    Женски
    Е оди земи го ти де, шо :rofl::rofl:
     
    На Anaroz1, M&M, Stark и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.050
    Пол:
    Женски
    Па добро, ги фатила ефективноста на германската администрација. Или е некој нов германски метод, да ти дадат дете рандом и така да те натераат да почувствуваш што значи одговорност. :D

    Али барем си добила preview, како би било да си родител. Имаш ѕвонење на секој саат, паника на линија. Инаку, морам да прашам, дали ја зема Елизабет, некако ми е жал да остане кај вакви професионалци. :worried:

    Сакам да кажам, треба да бараш детски додаток. Лол!
     
    На Herrera, M&M, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  9. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.171
    Допаѓања:
    1.660
    Пол:
    Машки
    Слушам рандом српско радио и уште имало луѓе што се јавуваат во живо, поздравуваат луѓе и си порачуваат песна. :inlove::D
     
    На MeowMeow, Anaroz1, Herrera и 5 други им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.195
    Допаѓања:
    36.641
    Пол:
    Женски
    И на Зона радио има поздрави и честитки :D

    Јас како дете снимав песни на касета. И на сред песна водителката почнуваше да зборува :lol:
     
    На Herrera, M&M и FreeToGo им се допаѓа ова.
  11. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.555
    Допаѓања:
    15.817
    Пол:
    Машки
    Кога има да се јавам да ве поздравам феминките тука, има со никовите да ве наредам во честитката :D

    Гоолем поздрав испраќа Братот до... со песната... :wasntme:
     
    На Anaroz1, Teodoris, Herrera и 5 други им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.195
    Допаѓања:
    36.641
    Пол:
    Женски
    Во петок, сабота и недела. Мислам дека од 17 или 18 часот. :D

    Ама порачај некоја весела. Немој жалопојки :lol:
     
    На Herrera, Biljarkata, Bratot и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.555
    Допаѓања:
    15.817
    Пол:
    Машки
    :bow:
    Дотогаш ќе напрам некој список со песни, ќе ја наредиме 8)
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.070
    Пол:
    Женски
    Дојдов да си кажам што ми е мака. Во друга тема имам пишано дека ме нервираат жалопојки, но јас прв пат се отварам тука, а луѓево во реален живот немаат појма за моите моментални мисли.

    > Ептен сум разочарана, дали од животов или периодов, не знам да проценам. Само знам дека како одличен студент каков што бев, работа за мене по струка нема - освен да земам партиска книшка или да работам во невладин сектор - читај: да продавам муда за бубрези за нечии идеали. Тоа не го сакам.
    Брн аут имам и од дома, поточно од татко ми којшто има превисоки очекувања за магистерските студии, па ми праи дополнителен напон и тензија. Едноставно ми се меша во штипки.
    Се нервирам што во околина луѓето без факултет веднаш се снајдоа со работа, заработуваат ептен многу, на 24 си земаа станови и уживаат, додека јас легнувам и станувам со иста разочарувачка мисла. Скршен денар неам. Почнав со работа месецов кон скроз друга бранша, до ноември работев исто друга бранша и од факс и од сегашнава работа.
    Ми се одмили сè што направив до сега во академските води.
    Фала на сите што прочитавте до овде. Peace.
     
    На Anaroz1, quattro, Ambitious и 15 други им се допаѓа ова.
  15. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    3.077
    Завршив релативно тежок факултет со висок просек, работам работа за која не ми треба факс. Заработувам х2.5 од тоа што ќе го заработував со работа по струка. За пола работно време. Без индиректна одговорност за човечки животи. Апсурд!

    Те сфаќам. Поминував низ сличен период. Бев запишана дури и на мастер, што не го истерав до крај.
     
    На quattro, Stark, Ugly Duckling и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.897
    Допаѓања:
    7.548
    Пол:
    Женски
    Завршив медицински за доктор и немам апсолутно никакви шанси да најдам работа како матичен. Насекаде си земаат луѓе со препорака, познаници. А плус постои и тоа на почетокот да треба да ја враќаш платата бидејќи си на обука, ја тоа не прифаќам и уште толку никој не сака да ме вработи. :sweat:;(:@
    Пракса не ти даваат, било блокирано, немале финансии. Секако не моеш да почнеш специјализација. Така да вајда треба да работам у Базаро и ако на некого му се приумре од мирисите - да реанимирам ????
    Нажалост знаеме кај живееме
     
    На Anaroz1, quattro, Mrs. right и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.476
    Допаѓања:
    21.028
    Една многу тивка, а грда манипулација што се прави према жени во живо, од другарки, на женски форум, е кога некоја ќе се пожали дека партнерот флертувал со други, бил опседнат со порничи, отворено загледувал и коментирал други жени и единствен совет е да си ја подигне самодовербата. Мислам уат?
    Значи самодоверба е како јас се гледам себеси, а проблем во ваква ситуација е како тој ме гледа мене. И јас влијаам на сликата која јас ја имам во мојата глава, не и другите. И дури и да имам проблем со самодовербата, како тоа што ќе мислам дека сум све нај, ќе ми помогне да не се осетам понижено кога партнерот суптилно изневерува. Значи никако совети од типот типот е гомно, остави го, те вара него сАмОдОвЕрБаТа подигни ја. Или мисли си дека си бомба и дури и кога партнерот те прави гомно, ќе се осеќаш самоуверено. Не мора да те сака, битно осеќај се самоуверено место да раскинуваш. Ќе те прави будала пред твои очи, ама место да го оставиш само мисли си дека си ти најубавата и нема он со ниедна да те замени.

    Буквално геслајтинг само во некоја френдли форма.
     
    На Puellapulchra, Adidas888, Angie1432 и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.724
    Допаѓања:
    8.063
    Пол:
    Женски
    Не сите кучиња од таа раса се лоши.
    Како сме назаден, од кучиња во нивен двор?
    Раскинав 5 годишна врска, баш за короната, а сите другарки ми се преселија во странство. Тешко е да, поготово што ми се погоди баш некако и затворени дома. Се посветив на себе, вежбав многу, најдобрата физичка верзија ми било тоа. И оп за некое време се појави нов, кој сега ми е маж и имам дете со него. Не брзај никаде, се што е твое ќе си дојде.:l:
    Не можеш да отвориш сама? Не знам како оди тоа.
     
    На Mia-K и 2709 им се допаѓа ова.
  19. ThrinaMist

    ThrinaMist Нов член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2025
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Имам ново хоби… од пред некое време почнав да се учам да плетам
    Навистина е релаксација за умот

    Иако на почетокот малце туторијалот што го гледав го вратив барем 15 пати на истата минута за да сфатам шо стварно се дешава :D

    Се надевам дека на ова хоби стварно ќе го задржам интересот и нема да го запоставам
     
    На Cosmic Girl, TammiB5 и Eunoia им се допаѓа ова.
  20. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    4.016
    Пол:
    Женски
    Назаден сме зато шо не не интересира за комшијата, за сограѓаните,за никој како живее, само кученцата да ни се наранети.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.