Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.763
    Допаѓања:
    169.158
    Пол:
    Женски
    А, како се дресира куче да не лај во двор кога си е, во рамки на оградата/боксот?

    Имам куче. Лично за се го тренирав јас и сум среќна со колку е примерен. Да лај не, пошто понезасегнато куче немам видено. Едноставно на 2 вкупно кучиња лај шо ќе поминат и толку. Тие кучиња ни на месечно ниво не идат така да 95% е тивок. Да речам, благословена сум со ова.

    Ама кога дресираш куче мора да има логика и да сфатиш како ги разбира работите за да можи да научи. И искрено, немам идеја како би пристапила ако проблемот е лаење.

    Не се лајнарам. Имам пасија за ова. Ме интересира ако некој успеал да ми кажи како, да го имам на ум.
     
    На GirlLove, FridaodaMk, Miss666 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.475
    Допаѓања:
    21.020
    Јас сакам автоматска пушка да чувам дома, во моето приватно место ама ми рекоа не може, јбг.
    Ни пиштол.
     
  3. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    13.232
    Пол:
    Женски
    Ај кажете си мразиме кучиња и ни сметаат и да завршиме.

    Мене па луѓе ми сметаат..
     
    На andromedae, arontt, GirlLove и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    22.850
    Пол:
    Женски
    Почни и ти да лаеш, и од тебе ќе бегаат :rofl:
     
    На Amellie13, Biljarkata, quattro и 2 други им се допаѓа ова.
  5. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.907
    Допаѓања:
    7.094
    Пол:
    Машки
    Епа не може.
    Дозвола за оружје немаш.
    Е кога ќе имаш, тогаш ќе ти дозволат.
    А дозвола за чување куче не е потребна. Во двор секој си чува што сака. Разграничи дозволено и не дозволено, кривично и не кривично сторено дело.
    И факт е дека против природата не се иде, не се заќутува куче. Лае, јазик има.

    Е сеа ако сакаш да го заќутиш со автоматска пушка е тогаш.. не знам.. :?:
     
    На Anie93, FridaodaMk и Anyshka им се допаѓа ова.
  6. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    13.232
    Пол:
    Женски
    ќе ме отрујат одма :^)
     
    На Biljarkata, quattro, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.475
    Допаѓања:
    21.020
    А оти така во нормална земја имаш забранети раси или мора да имаш дозвола за нив?:)
    Оти не е таму кур ми е,двор ми е?
    Пак не ми одговори ако не може да се заќути, како ова во стан ќе го заќутиш?
    И ебати логиката, на станот над тебе не може да смета, на куќата до тебе може.
    Јбг, свашта шета по земјава од психопати, тоа е.
     
  8. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    22.850
    Пол:
    Женски
    Се заќутуваат и кучиња.
    Тука во странција, секој втор има куче и маче, па во 3-4г шо сум тука, ниеднаш не сум слушнала куче да лае или мачки да се парат.
     
  9. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.907
    Допаѓања:
    7.094
    Пол:
    Машки
    Епа ние не живееме таму.
    Ако треба нешто да се смени, предложи, ете има невладини агенции можда ќе те слушнат, ќе предложат до големите да изменат закон.
    Сакам да ти кажам, се додека е вака законот - паѓаш ти и не си во право.
    А ако би се сменало нешто поинаку поблиску до твоето размислување тогаш тоа е друго, а до тогаш луѓето си тераат по старите закони кои му ги дозволува државата.
     
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.755
    Допаѓања:
    19.532
    Пол:
    Машки
    Ај ако има некој искуство со агенции за недвижнини да ми пиши приватна порака сакам да прашам нешто и секој совет плус е добредојден.
     
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.113
    Допаѓања:
    180.742
    Лаење е проблем, колку што е проблем зборење.
    Некои луѓе земаат куче за да лае. Некои за други потреби. Некои кучиња лаат на луѓе. Некои, ко твоето и моето на други кучиња, и тоа не на секое. Некои кога се сами дома, не да лаат, плачат. Некои имаат потреба да се истрчаат 20 километри, некои имаат потреба да се галат и да бидат блиску до луѓе. И секое си има свои тригери.

    Кај мене и кучиња во двор си лаат, и во стан си плачат, ама главно сите се умни и никаков проблем немам видено.
     
    На Amellie13 и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.755
    Допаѓања:
    19.532
    Пол:
    Машки
    Вчера се изнаплакав кога дознав еден познаник што игравме фудбал на 26 години му открија тумор во главата, а тукушто им се роди дете и слично. За неполни 48 часа, се собраа преку 80 илјади евра за да замини на лекување во Турција. ;(;(;(

    Посакувам од се срце да се врати здрав прав и се да помини во најдобар ред. Сеуште има хумани луѓе и сплотени... :l::l::l:
     
    На ForeverYoung, christinnn, Vikktorr и 4 други им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.763
    Допаѓања:
    169.158
    Пол:
    Женски
    То и ми е поентата. Стварно не знам како би пристапила ако некој ми речи дека кучево ми лај и да преземам нешто. Како? Лесно е да се речи "среди си, ако не можиш едноставно не чувај". Ама како?

    Некои животни се повокални. Ајде моето е тивко куче, ама со мачорот можиш да седиш и "муабет" да си прајш од шо е вокален. Иди по тебе и вреска. Седи до тебе и вреска. Збораш и ти враќа. На крај памет не ми иди да пробвам да го сменам ради ова. Таков карактер си се. Поентата ми е, природата и животните секогаш постојат околу нас и нереално ми е да можиме да имаме толкава контрола врз нешто природно како ... лаење.

    Ама ако некој успеал, притоа да не е користено насилство зошто не прифаќам за дресирање - ве молам споделете.
     
    На Anyshka и Biljarkata им се допаѓа ова.
  14. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    4.007
    Пол:
    Женски
    Аир нема од куче:D
     
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.556
    Пол:
    Женски
    Премногу daddy issues за една Планета Земја, само тоа ќе кажам.:smoke:
     
  16. Alizée10

    Alizée10 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    И јас многу пати сум била повредена и длабоко во себе сум и простила на таа личност. Но, кога ме повреди некој јас сум завршила со таа личност за век и векови. Комплетно излегувам од животот на тој што ме има повредено и сум завршила со него.
     
    На eliesaab и lovely91 им се допаѓа ова.
  17. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    4.007
    Пол:
    Женски
    Денес дознав дека мојата бивша наил артистка (којашто работи дома обесфискализирана, со мачката околу мене, в кујна кај што се јади) започнала да закажува нокти со унапред уплатени пола од сумата за тоа што ќе прави(дали надградба, дали корекција,дали педикир исл).
    И во шок сум, поради некои нејзини филозофии пред година и поќе престанав да одам кај неа.
    Ама... ко шо гледам не и иди умот. И уште други девојчиња се откажале од кај неа поради ова.
    За гревови.
     
    На eliesaab и Anie93 им се допаѓа ова.
  18. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.418
    Допаѓања:
    12.128
    Пол:
    Женски
    @Youknow мислам дека до негде и ја разбирам, не знам како е како професионалец...но тоа сигурно го има направено за да се заштити, се закажуваат и не доаѓаат на термини, потрагично е што не се јавуваат да кажат и да откажат термин, на тој начин самата се штити...
     
    На Anyshka и SummerGirl им се допаѓа ова.
  19. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    4.007
    Пол:
    Женски
    Да, ама мене таа иста особа три пати ми откажа пред еден час пред термин. Јас секогаш си одев редовно и навреме. Кога видов колку е сатот, сменив.
    Иначе, ние фамилијарно работиме приватно, и таков пристап према муштерии никогаш сме немале. А ниту ке имаме, зошто од нив јадиме и пиеме.
     
    На eliesaab, st-el, FridaodaMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило за тебе, ете судбина..
    Ме разбираш најубаво што сакам да кажам верувам, јас од што толку време сум била во врска не ни знам како воопшто да се понашам на оваа тема, и еве ова што на некој начин пробувам некако и не дава позитивен фидбек ме растажува искрено.. Друго е кога си во деуштво излагаш и запознаваш луѓе друго е вака ама едноставно може не дошло времето, тоа е.