Да раскинеш толку долга врска, треба храброст. Комфорт зоната на многу лоши правци не пратила. Ама, брзањето во уште полоши. Затоа go with the flow, пробај на себе посвети се, поуживај малку сама, не барај. Јас кога раскинав, и тоа пријателски се разделив, мислев дека никогаш нема да најдам човек како него, дека можеби згрешив. За неполна година, сфатив дека не сум згрешила. Тој што се појави и денес ми е маж е се што сум сакала во еден човек за мене. Направил да буквално заборавам дека сум била со некој пред него. Плус и имаме дете. Се во свое време, само опуштено.
Исто и јас можам да кажам пријателски, сепак многу тешки моменти поминавме со што донесов одлука што ни малку не е лесно прифатлива во овој момент но сепак на долг рок верувам дека ќе биде поокеј, така чувствувам.
Честитки на коректниот семеен бизнис. И да, бизнисот зависи од муштериите и коректноста и гостопримливоста кон истите, убаво е да се запомни. Само што не секој има сенс за ова, и да,на некои не им иде паметот, тоа е, дека го немаат ова ваљда.
Затоа ти како индивидуа сам ќе си разграничиш со кои луѓе ќе одржуваш контакт и нема да се буташ кај лошите луѓе . Лесно е тоа, на дистанца и мирна глава. И јас како тебе често знам да искритикувам посебно ко дојдеш во контакт со глупи луѓе, но сите тие се небитни , немаат ефект за кажаното. Она што погодува ко со свој родител не можеш да најдеш заедничко разбирање ,, ете барем ти го немаш тој проблем штом до сега се немаш пожалено од твоите. А спази шо се дешава : вчера се испокарав со мајка ми и денес ми ѕвони она и си тера со муабетот како ништо да не било. Ааааа СТОП , полека , кочи Херера не е глумица за да се прави како ништо да не било. И реков ако сакаш да одржуваме контакт ќе ги почитуваш МОИТЕ ПРАВИЛА И ОДЛУКИ, а не да ми ја напнуваш главата со срања. И од нејзина страна пак она познатото балканско : што ќе кажел народот Ме заболе мене кур што народот ќе кажел, си терам јас моја шема и не исполнувам ЖЕЛБИ и ОЧЕКУВАЊА на другите. Нема попуштање , ич не ме интересира. И одма ми текна на @SummerGirl , те читав некаде спомна, како постојат луѓе што во еден момент очи ќе си извадат, во друг седнале на кафе заедно или отишле на прослава како ништо да не било. Алал да им е, јас не можам така, нема циле миле кај мене.
Не го викај воопшто, штом велиш дека секако ќе бидеш крив. Ако праша зошто не си го викнал, кажи не сакаа пошироко друштво и дека многу луѓе сте биле така. Не си должен да го шеташ со тебе како кутре.
Многу ми се смешни фитнес-фанатициве, како секој пост или story им е flex пред огледало и се обидуваат да те опраат како ти живееш нездраво. Абе на таа сила и мускули, оди копај ниви, кревај мебел по скали до 10-ти кат, товари стока по маркети, аман заман све за тој Инстаграм више.
Мене па многу ми се смешни луѓе на кои им смета туѓ контент на Инстаграм, контент кој многу лесно може да го игнорираат. Ако ми е убаво што сум научила нова вештина, сум имала добар тренинг или сум направила нешто што не сум можела претходно, секако дека ќе ми биде мерак да го објавам нештото. Имате и копче mute и копче unfollow деќки, може некогаш да ги употребите.
Moj profil so sakam ce pram ako ti e interesno sledi me i gledaj me ako ne unfollow. Oti pasivna agresija na hejt, mozebi nekade potsvesno sozdavs frustracija deka mozebi ima nesto so ti nemas?
А ти се пронајде во муабетот пошто исто потсвесно си создаваш некаква фрустрација? Не мора да ги следам, ми излагаат кога скролам reels. Искрено имате голем капацитет, вежбате по 2-3 саати секој ден, дигате по 100 кг., а за што? Ако е за “сопствено здравје“ која е потребата за flex на Инстаграм?