А најсмешно од се е шо неповикани се осеќаат прозвано И љубомора било, сме љубомореле гревните ние пошо они изгледале прејакоо, не ко нас за никаде Абе уживајте си у пасијата, шо толку ви е битно туѓото мислење..
Имам идеја за бизнис. ,,соби за плачење " со посебна изолација и кутија паломи... Да може чоек раат да се исплаче.
Неколку работи: 1. Никој не мисли дека сте гревни, 2. Никој не мисли дека сте љубоморни, 3. Никој не мисли дека изгледаме прејако, 4. Никој не мисли дека изгледате за никаде. Никаде јас не сум го пишала тоа. Пишано беше дека некому фитнесот му е пасија, а доколку не ви се свиѓа нечија пасија може да го мјутнете или отследите тој човек. Не ми е битно ич туѓото мислење, коментар во сдк што не е без цитирање беше па цитирав. Поздрав и до тебе.
Ама реално да си признаеме, уствари признај. Еве се занимаваме со фитнес и бодибилдинг, вежбаме, и јас се занимавам со ова. Ама сликите таму сликани под пумпа додека креваш крвта пумпа и обемот не е исто како пред пумпа и плус под тие светла и огледала па и сенките не се исти со тие слики сликани од дома и без пумпа.. и дали би се сликал со обично светло без сенки и по 2h после тренинг? Реално не зошто ефектот не е ист, нели. Се сликаат во теретана, се стегаат, ги гледаш и мислиш ко да се Маркус Рил а не се.. тоа е проблемот за сликите. Сликата дава доста лажна претстава за себе си, али ок, за самодоверва само ако е тогаш ок ама да се пуфкаш нешто шо не си тоа не е ок.
Исто ко шо одиме по еднаш на летовање прајме 315 слики со различни јадења, а дома секој петок грав јадам. Си клавам слики пошто е мој профил и така ми одговара, нема тука релативизирање на овие работи. Да си се сакам себе си си клавам сториња, си клавам слики, си постигнав нешто што сум задоволен и тоа е. Никого не сум навредил ни ништо, себе си се ставам.
Знам те разбирам во истата бранша сум на вежбање. Ама која е потребата да се претставиш во едно светло а изгледаш друго. Резултатот е направен да, успехот, ама на таа слика испаѓа дупло обем на рака под пумпа и светла за разлика од реалноста и доаѓа до тие стереотипи "видете јак сум" а не ставаат слики без пумпа и светла, само овие од теретана. Ги гледам некој и сеа ќе испаднат појаки од некој шо вежбаат долго и ќе ми продаваат топла вода за теретана оти имале јаки слики.
Не е баш паметна компарацијава оти првично некој ко да ми иди дома и да ми кажува што и како да прам, а всушност и овде е исто. Мој е профилот, ако сум ти интересен следи ме и гледај ме, ТОЈ сум за некого секси и убав, за некого грд и одбивен и досаден. Едноставно е.
Ај тука ќе пишам по милионити пат.. @RainBow реални ликови се овие шо спамаат со теми нови деновиве? Ем се дупли теми, ем напишано е ко робот некој да пишува, па уште и коментираат членовите по тие теми.. Ви пишав да проверите, не знам дали видел некој, а и џабе и да видел, се поприсутни се на форумов, аман веќе.
И ја еве годинава медалите ќе си ги објавам на стори, да знаеш да се спремиш психички Иначе да, нѐ плаќаат од влада.