Мажи шо ќенкат зошто Медуза објави за токсична машкост и какат како немало поврзаност... дојди злато. Ќе ја тргнам мувата од капата да не ти смета. It's fine honey. Ете. Jа тргнав.
Како ви текна да ја затерате работава кој пол што правел и колку правел во сообраќајот… живот згасна, ало!
Сдк секако редно време е да се тргнат логика и етика од гимназиско образование, кое општество побогу видело корист од логика и етика. И од речник да се избришат исто така, секако не постојат.
Поглупо нешто немам видено. Па уште и дотичната министеWка вели критичко мислење со математика и хемија ќе развивале децата.... Ахам, да.
Сакам да кажам дека се ежам од моменталната состојба што се случува! Жално и срамно што родителите им дозволуваат на децата само затоа што им се нели.. деца. На таа улица можеше било кој од нас да се најде! Срамотно и за државава и за законите кои се за џабе. Замисли, некој близок да ти загине вака и сторителот да си е така на слобода, а претходно имал 20 пријави. што за дрога, што за прекршоци најразни и е ослободен поради што? Психички западнал? Срамотно, ова е брука.
Еј секако, денес баш мислев на ХаЦеЕл и како ли се вика на различни јазици... дефинитивно е предмет на мислење и тоа критичко
Далеку повеќе критичко мислење се развива со математика и хемија отколку со етика... како предмети во школо. Точно дека ретко кој предава добро математика, ама етика па верувам на една рака се бројат. Плус во програмата етика се изучуваат Мајка Тереза и Махатма Ганди како перфектни луѓе што правеле *добри дела* без воопшто да се земе предвид контекстот, средината и мотивацијата на тоа што го правеле, па и дали воопшто се добри луѓе. Многу наивен е цел предмет и нема никаква корист според мене. Не знам што е точно политичката цел на укинувањата и не ме интересира многу, ама не е ко моралните наклонетости на нашата популација да произлегуваат од предмети во школо што ги предаваат сомнителни ликови, па да жалиме за ваква страшна загуба. А инаку општо познато е дека со учење математика и други природно-научни предмети се развива логичко размислување на индиректен начин.
Мажите па жените, жените па мажите. И така си генерализирате со доза на токсичност и исфрустрираност од имагинарната супериорност или инфериорност на едните или другите која самите сте заклучиле дека постои. Вистината е дека човештвото одамна не заслужува да постои на оваа преубава планета, затоа што од истата создава канализација и неблагодарно ги користи ресурсите кои таа ги нуди, а меѓу себе се дели по пол и верско убедување иако вистината е во тоа дека сме само штетници. Нема некој од лудаците да го притисне тоа фамозно копче и да не збрише во само еден миг. Штета што покрај уништувањето на штетниците и самиот плод ќе отиде јабана.
Jas samo da se cekiram, vozeme do Karlsruhe, ke zastaneme na rucek tamu, pa prodolzuvame Bazel. Ubav vikend na site Zdravje ke pisam impresii na kraj na mesecov ko ke se vrakame nazad ,za da ispitam situacija kakov e zivotot u Svajcarija prvo I vredi li da se selime tamu. P.s. od mobilen pisuvam, nemam kirilica
Интересна расправа погоре. Се обидувам да размислувам земајќи ги предвид сите страни. Сликата е секогаш покоплексна и не е црно-бела. Баш гледав некои статистики, главно САД и европски земји, да бидам коректен кон репрезентативноста. Мажите повеќе возат, глобално, и логично е да прават повеќе собраќајни несреќи. Тука има многу фактори. Кој има пристап до коли, колку коли има во семејството, кој за што ја користи, кој има културни навики за возење кола. Лично знам жени во Македонија, кои положиле, но сепак мажот ги вози, или мажот доминантно повеќе вози. Така им е позгодно, тие се занимаваат со други нешта( Ништо лошо во ова. Некаква распределба на улогите). Во САД има жени што повеќе возат коли од мажи, сите возат, зашто главно нема јавен транспорт како во Европа, принудени се на тоа. Но, улиците се пошироки, местото за паркирање поголемо, пристапот до гаражи поголем, се следат правилата, генерално се подисциплинирани од нас...Во Европа: особено Франција, Италија, Шведска, Португалија, Германија (се разбира има варијации и ова е генерализирање донекаде), многу, многу, многу повеќе се пешачи и улиците се многу, многу потесни, затоа се претпочита јавен транспорт или мали коли. (Зборувам во големите градови). Незамисливо е едната нога да ти е во двор другата да ти е во кола како во Македонија, или да одиш до продавница што ти е на 100 метри со кола. Зошто би? Одиш до метро станицата пеш, се качуваш по улици пеш, пешачиш до работа.... Една од „тајните“ зошто Европјаните се послаби за разлика од жителите на САД (нема да речам Америка, тоа е цел континент). Дополнително, односот меѓу несреќите што ги прават мажите и жените не е толку голема, како што се мисли. Дваесетина проценти во САД. Веќе ако САД ни е некаов урнек. Од друга страна, стравот на жените не ги прави по-етични возачи. Еве еден многу свеж денешен пример подолу, за жал. Но, како и во секое опкружување со доминантен примерок на еден пол, секогаш се генерализира во негативно светло за спротивниот пол, или група. Никаква новост тука, иако, тоа не оди во корист на поголемата култура или безбедност. Луѓето се фиксирани кон негативното (еволуциска „придобивка“). Тешко е да се мисли и разбере, лесно е да си на „автопилот“ и да ловиш стереотипи. https://pressingtv.mk/hronika/za-malku-ushte-edna-nesreka-zhena-udri-so-vozilo-vo-peshak-i-izbega/ Општата култура, и во собраќајот ја прават и мажите и жените, сите заедно! И пешаци и велосипедисти и возачи на скутери. Гледам несоодветно однесување од сите страни. Згора на тоа, едно е да можеш друго е да не правиш поради страв, а не поради обѕирливост. Инаку, точно е, правени се невронаучни истражувања за разликата во моториката на мажите и жените во однос на паркирање и мажите се повешти. Но, мажите дефинитивно предизвикуваат многу повеќе фатални несреќи, и ова е на светско ниво. И, не, не можам да оправдам вештина, брзина, моторика и во однос на небезбедност. Системите за транспорт се да нѐ пренесат од точка А до точка Б, не за да убиеме некого или самите да се убиеме. Мажите имаат многу помала самосвесност, особено кога се млади, и мислат дека губењето на свесноста е некакво постигнување. „Јас сум НАД авторитетот!“ (sic.) "Ти ќе ми каеш мене?“ (sic.) Ова секако го имаат и жените, ама на поинаков начин. Би рекол и двата пола си имаат свое „Ти ли ќе ми каеш бе/ма?“. Но, оваа свест и распределба на „улогата“, е исто така и женска и машка. Од каде дошле тие мажи на планетата Земја во конкретното општество, да го земеме нашето? Ги родила некоја жена, живееле со некаква сестра, ги одгледала некоја баба, имале некаква девојка, жена... Зошто мажите се мажи и жените се жени, и кои се претставите за тоа што им е „дозволено“, не се само биолошки туку и се должат на репродукцијата на улогите на машкоста и женскоста, како општествение „конструкции“. Некој на ова момче што јурело со 130 км на час (или колку и да биле) му покажал дека тоа значи „машкост“. Само од татко му или и од машките другари тоа доаѓа? Нереално е така да се мисли... И од тука тие огромни дебати што е биологија, а што е култура. Да обвинуваме еден пол на сметка на друг, е да се изземе другиот пол, во репродукцијата на тој сооднос и учество е бесмислено и далеку од рационално. И затоа жени, бидејќи еве сме на доминантно женски форум, вие како некој што раѓате и воспитувате мажи, заедно со вашите партнери се разбира, и вие сестри кои имате браќа, ве молам обрнете им внимание на НЕКОИ (потенцирам, некои) други мажи, и жени да внимаваат како возат и кога возат, и да инсистирате на следново (се разбира колку што може): Да го прилагодат возењето според условите на патот, да возат колку што е пропишано, да возат наспани и свежи, да возат преку ден главно или да возат уште побавно ноќно време, да се одмараат попатно, да не претркуваат кога не се принудени, да не свират по други коли ако не тргнале во секундата (сѐ може да му се случува на тој пред вас), да не бидат агресивни општо, да не заобиколуваат ленти за да бидат први до семафор, да не преминуваат две ленти за да стигнат 10 секунди порано (тоа баш ништо нема да смени во нивното стасување), да не возат под дејство на алкохол, да не користат психотропни супстанци ако возат, да не возат воопшто ако немаат возачка дозвола, да не поддржувате купување големи и силни коли на своите деца, само зашто другарчињата имаат поскапи и поголеми од нив. Да не возат воопшто ако имаат проблеми со возење и користење на супстанци...Дозволувајќи им, премолчувајќи или охрабрувајќи, нема да им покажете вниманието, љубов или толеранција. Напротив. На крај, колата е одлично и комотно средство за превоз, но може да е смртоносно оружје! ** Дополнително, бидејќи сум видел многу случаи низ улици кај нас. И ова е совет и до мажи и до жени. Пред да поминете на пешачки премин - совет што им го давам на сите блиски што ги знам - почекајте возилата да застанат пред да стапнете на него. Сѐ може да се случи. Му откажува кочница на возачот (во земјава се возат многу стари возила!), презабрзан е па не може да застане, под дејство е на алкохол (за жал, многу честа практика!), пренервозен е и се брза (да се разбереме ништо од ова не оправдувам!) Една минута, триесет секунди, или колку не ви заштедува премногу време во животот, а може да ви го спаси. Ништо не е сигурно, кај нас, пешачкиот е само боја на асфалт, исто и семафорот. И не само кај нас. Млади ( и не толку млади) луѓе, ве молам, не поминувајте улици, или одите на тротоар додека гледате во телефон. Ако е толку итно застанете некаде, проверете и продолжете. Строго осудувам користење на мобилни телефони во кола, во најмала рака користете bluetooth слушалки. Човекот се преценува во однос на своето внимение и способности за малтисакинг, неброени студии има за ова. Кога возете кола возете кола. Има време за сѐ, особено има време кога станува збор за вашата и туѓа безбедност. Ова можете ВИЕ да го направите.
Не знам дали сите сообраќајни несреќи предизвикани од мажи во Скопје се поради токсичната машкост, ама оваа дефинитивно е според описите што сум ги слушнал за убиецот и татко му.
Не знам за етика бидејќи мене ми беше изборен и колку што памтам материјалот беше предаван само низ класична христијанска призма, ама филозофија и логика сметам дека не само што треба да останат, туку и да се учат барем две години, за сите. Логика немав во средно, имаше само еден смер, што според мене е штета. Проширување на видиците и учење на критичко размислување не е нешто што е неопходно да се научи во школо, ама за еден куп деца тоа е единствената прилика да се сретнат со таа можност. Дека треба да се направи реформа и да се вклучат и други теми на дебата кои се актуелни денес, треба, ама никако не смее да се укинат овие предмети. Истото го мислам и за социологија. Навистина е срамота колку луѓе си живеат во bubble каде што во ни еден момент не размислувале за нешто друго освен нивното најблиско опкружување, па ако добар професор и програма допрат барем малку до учениците, апсолутно сум за.
Многу си изнапишал за ова да го закопаш. Еве да го извадам вака да стои и да се гледа. Другото, како жените се криви за нешто бла бла, нема ни да го коментирам, не е вредно.
Кој како сака гледа и толкува. Некогаш треба сите страни да се опфатат, „мажите се криви бла бла“, или “жените се криви бла бла“ не помага, затоа и нашироко.
Мажите се криви, бла бла бла Жена може да воспитува деца како сака, половиот рол модел е битен. А турските серии и тик ток исто завршија работа. Ко ќе ми текне дека ова се генерации што пораснаа со ,,долина на волците,, па и не е толку чудно во што се претворило општеството. Врти сучи, пусто турско.
Океј ајде Етика го тргнуваме настрана, а што со Логиката, Социологијата? Да бидеме реални, не сите деца имаат интерес и способност за решавање задачи.
А што правиме со фактот дека одма следниот ден по несреќата со Фросина, жена згази човек на истиот булевар? Не мојте сега одма да ме напаѓате дека генерализирам мажите вака жените вака, смачено ми е више, само се чудам како вас не ви здосади да правите вакви заостанати муабети во 21 век. Нема врска дали маж бил или жена била, секој да си сноси последици. И пред да почнете со пишување кај што ќе ми извртите муабети да испаднам најконзервативиец и најголем andrew tate поддржувач, да ве прекинам да не се мачите оти залудно ќе ви биде, не сум. И уште нешто, се сложувам дека тоа детиштето треба да гние во затвор дур не умре.