Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.202
    Допаѓања:
    175.896
    Пол:
    Женски
    Не знам Манч, јас не мислам дека ако само жени се на позиција дека ќе е подобро. Ако рече некој така, нека кажи зошто мисли така. Јас мислам дека на позиција треба да има квалитетни луѓе со добар морален компас шо работи во корист на државата и населението пошто нели, јавна функција. Ама, знам дека ова е wishful thinking. За огромна жал. Ама мајка таква ме родила, имам надеж и вервам со напорна работа дека можиме да стигниме таму како општество.

    Чукни на друга врата ако мислиш дека барем јас не сум фокусирана на ова. И не само за овај случај. На грешна врата си. Од таму, немам шо друго да продолжам со тебе. Ионака делот шо и покрај то шо ми е исцицана енергијата го накуцав - го скокна.
     
    На M&M и crimson им се допаѓа ова.
  2. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.434
    Допаѓања:
    22.165
    Пол:
    Машки
    Ironijata da bidi pogolema zhena sudijka go pomiluvala ama toa ne e bitno da ja gledame posirokata slika. Ne deka nema smisla vasheto ama i ne ste tolku vo pravo kolku so misite i me fajca inaet.
     
    На Realist1, eliesaab и DS10 им се допаѓа ова.
  3. Mr. Scratch

    Mr. Scratch Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2020
    Пораки:
    546
    Допаѓања:
    4.121
    Не е дискусијата за мажи vs. жени во сообраќај, а вие додавате трети нешта за да докажете теза?
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.223
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Машки
    Никаде не го негирав тоа, како спомнав уште првиот пат кога ве цитирав ти ли беше или другата членка не знам како се вика, најмногу што мразам е кога јас велам А, ти ме цитираш и ми велиш сум рекол АБВГД страшно ми ојт на живци. Друго што ме нервират е што продолжувате со овие глупи и толку заостанати муабети со кои и вие овде членките на форумов а и таа медузата на инстаграм само влечите пажња кон себе и провоцирате што дури да се вратите по завршувањето на втора светска и да им ги зборите на тогашните жени ќе ви речат не ме замарај со глупости, одамна овие муабети поминаа од мода. И уште нешто што страшно ме ваѓат од кондури е ко ќе во една најнормална дискусија во која навистина очекувам да ме цитирате и да продолжиме си аргументи почнете да си нагаѓате за мене што ниту ме знаете кој сум, ниту 1% од мојот живот надвор од форумов. Еве ако толку те интересира, воопшто не се пронајдов во ниту едно од вашите 52 провоцирачки мислења само на темава, да ги занемариме другите 3/4 кај што исто провоцирате до максимум, туку те цитирав тебе и другата членка поради провоцирачкиот зачин кој МОРА да го додадете во секое мислење макар било и во некоја најбанална тема што нема врска со феминизам и други работи слични на него. Пак ќе повторам сега, а и ќе повторам уште колку пати и да треба, феминизмот не ми пречи, сметам дека феминизмот е супер работа се дур не се префрли во крвна омраза кон машкиот пол и дур не дојдеш во фаза за секој општествен проблем да го кривиш машкиот пол. Подразбудете се малку, ако за секој проблем го кривиш другиот, мислам дека е редно време да се подиспиташ себе си.
     
    На nextredstyle, potatoface, Billy Idol и 4 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.202
    Допаѓања:
    175.896
    Пол:
    Женски
    @DS10 пак ќе ти вратам истото. Ок. Впрочем толку ти реплицирав јас. Ако "ок" и проста статистика (слика) е провокација...
    tumblr_lyn7h6wuoL1rn95k2o1_500.gif
    Ако ете грешно сум претпоставила со последното мислење, а првото ми е слика од статистика која те испровоцира и се водам по неа, пошто зошто инаку е то провокација нели - еве и извини. А, за делот во "П.С." ваљда ако не го прокоментира ти, не е наменет за тебе или е коментар за нешто друго. Пошто ти не го прокоментира то ама мислев е очигледно. Моја грешка шо не одделив физички со цртички.
     
  6. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    2.060
    Допаѓања:
    5.151
    Пол:
    Машки
    Нема ефект comrade, ајде на по еден шток :D доста беше.
     
    Последна измена: 1 февруари 2025
    На Billy Idol, FreeToGo, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  7. BeMyFriend

    BeMyFriend Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2023
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    1.552
    Пол:
    Машки
    Два пати ме излажа, трета шанса кај мене нема
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.747
    Допаѓања:
    13.627
    Пол:
    Женски
    Во иднина деца ќе си раѓаат само најсиромашните, сите други ќе плаќаат за тоа сурогат мајки бидејќи нема да сакаат да си го расипат своето тело..
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.825
    Пол:
    Женски
    @theowndemon џабе е, статистиките све кажуваат, ама една да е жена, таа ќе е крива, не двестате мажи што не мислеле пред и по нејзе. И ниту еден од овие погоре не се удостои да рече, навистина, што е со маживе што ова го прават? Стварно е поразителна статистиката. Туку како и секогаш, земаа да се објаснуваат зашто не се они дел од чопорот. А со самото тоа стануваат дел од чопорот. Нејсе, можеби некогаш нешто ќе се смени, ама со оглед на сегашноста, а и на историјата, некако се потешко верувам во тоа.
     
    На sweet-cherry, Srckata28, Ugly Duckling и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.434
    Допаѓања:
    22.165
    Пол:
    Машки
    Реков пред неколку страници, ама премногу сте напорни сеа и повеќе од инает враќаме некои. Верувам дека и другиве го мислат истото дека мажите возат многу невнимателно и демек самоуверено и воопшто не се грижат за другите во сообраќајот. :)
     
  11. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    3.267
    Пол:
    Машки
    Извини, доцнам, бев зафатен.
    Полови модели, турски серии, „пусто турско“, тик-ток, се расфрлани нешта, „фактори“, што не се ставени во разбирлива целина и аргументација, но, главно се согласувам со тебе, мислам дека те сфаќам. :)


    **

    Еве јас да се обидам да направам некаква целина и да се надоврзам на твоето...

    Се согласувам дека медиумите многу влијаат и на перцепцијата и на однесувањето на луѓето. Биле моќни, се моќни и ќе бидат уште помоќни. Тековно, гледаме обединување на медиумски могули и високи политичари, на светско ниво, во невидени размери. Заемниот интерес не им е нов, но, никогаш не било толку во дигитална смисла, со толку пари и со толкав глобален опсег. Имај предвид дека денешните деца од генерација Z , Алфа и сега Бета, сите се или ќе бидат социјализирани хибридно на дистанца (мама, тато, училиштето, другарчињата сѐ повеќе дружени дигитално, тик-ток/снеп чет/инста, итн, итн.) Ова создава огромен расчекор во очекувањата и нема премногу врска со времето кога ние бевме социјализирани и со телевизија, а повеќето време бевме на „улица“. Сосема друг свет. Децата сега имаат локално ограничени ресурси, а живеат со главата во некаков глобализиран сурогат од свет, и нивните модели и брендови. Новите медиуми се многу поинтрузивни и преземаат многу повеќе сетила, плус, можеш да ги „конзумираш“ сам мислејќи дека си со другите. Оттука фрустрацијата, „разгаленоста“, намаленото внимание, македонскоанглискиот, анксиозноста, новите „модели“, измешани со локалното „пусто турско“ (Деца - секогаш мислам на некои - подобро се снаоѓаат со google maps отколку да се ориeнтираат во простор, знаат како да нарачаат пица, ама не знаат да сварат јајце, знаат да дојдат до 45 ниво на фортнајт, ама не знаат да пишуваат како што треба, да не зборуваме да изложат комплексни идеи...) Се разбира ова е само делумен фактор. Тука се уморните родители кои немаат фиксно работно време, како порано, кои се ставени на лента и треба да жонглираат со многу нешта во исто време, плус да задоволат и некои очекувања од претходната генерација, зашто културната матрица сепак ни е традиционална, и да се грижат со воспитување на децата, често со помош од родителите (физичка, финансиска, просторна).

    **
    Турски серии, некои 15 години. во Македонија има поради закон за домашна продукција (мислам дека така се вика). Законот вели дека треба да има одреден број часови македонска продукција на телевизија. Нашите итромани (сопственици на телевизиите) за да не вложуваат во продукција која чини многу, купуваат турски серии „на рефус“, најмуваат пет актери (карикирам) што позајмуваат гласови (мислам дека тоа е соодветниот термин) - кои воедно ги користат и за секакви потреби, снимање реклами, водителство, снимање по некоја серија од типот „македонски приказни“ - за сите можни ликови за сите можни серии, ги расцепкуваат епизодите дополнителни за да поминат уште поевтино, ги натсинхронизираат на македонски и тоа „поминува“ за „домашна продукција“; законот е формално задоволен. Истото важи и за вестите, секоја телевизија треба да има „информативна програма“. Тука се рекламите, спонзорите кои се клучни и од кои зависат традиционалните медиуми. Сосема се свесни дека таргетирањето на публиката е главно за повозрасни луѓе и дека најголемо внимание предизвикуваат (1) контактни програми („даваме глас на народот“, всушност, илјада часови со еден водител, јака му душа!) (2) вести (за да привлечат внимание и за им се конкуренција на социјалните медиуми од каде другата категорија луѓе главно се информира) мора да бидат што „пошокатни“, „скокотливи“, и конкуренцијата е голема зашто порталите кај нас не се регулирани со закон. (3) „дебати“ (10 експерти кои се познавачи за сѐ и сешто каде се „открива САМО вистината“)

    Како куриозитет... На мое прашањето до еден од повисоките луѓе во една приватна телевизија, - имав чест да го запознаам. „До кога ќе има турски серии, нели може некаква покултурна серија да се купи?“ одговара: „Знаеш ли колку луѓе се јавуваат кога ќе им се прекине серијата?“, заклучок: „Тоа го бара народот“. Се разбира ова е изговор.

    Оваа спрега на „турски серии“ (луѓето да се забавуваат, а многу од нашата популација се повозрасни луѓе и сѐ уште ги држат фамилиите и семејствата директно или индиректно, значи се добар фактор и во смисла на социјална кохезија и како гласачко тело) и вести и „дебати“ (социјален инженеринг) им одговараат на тие што не водат (a.k.a политичарите) Од една страна нѐ „забавуваат“ од друга страна „не индоктринираат“. Ова секако им одговара и на сопствениците на медиумите и на сопствениците кои се рекламираат, и на политичарите, и тоа се претвора во затворен круг. Се разбира дека може да се воведе покултурна и подлабока програма, се разбира дека законите може да се сменат за „домашната продукција“ но, нема интерес. Зошто би? „Пензионерите“ гледаат турски серии, „младите “ гледаат Нетфликс или користат торенти и социјални медиуми. Едните се против другите, ама имплицитно се меѓузависни. И ова динамика им одговара на „раководителите“. Додека го користат/злоупотребуваат овој културен/интергеренациски антагонизам и луѓето се јадат меѓу себе „види ги пензионерите“ , „види ги младите“. тие се обединуваат (економски, политички, па и фамилијарно, меѓусебно се мажат/женат...). Нашата култура е сепак, по секој стандард традиционална, живееме во проширени семејства, во антрополошка смисла, а не сме финансиски моќни за да бидеме сосема независни и нуклеусни семејства. Оттука, многу фрустрација и судири.

    Во не-традицооналните медиуми (социјални медиуми), нештата се уште побрутални: Домашните портали и подкастери се „борат“ со странските и со традиционалните медиуми. Во тој свет клучно е ВНИМАНИЕТО. Во капитализмот вниманието е господ. Во океан од стимули цела поента е нешто да те „зграпчи“ и пред гледачот да биде свесен за тоа. Илјада студии за бихејвиорална економија, невронауки, се искористени. Софистицирани алгоритми се направи за гледачот да му се дава она што сака да го види, да живее во својот „меур“, да живее во „ехо комора“, каде парелелно живее со сличните со него и да мисли дека светот е баш таков... Затоа вниманието се пократко, задоволството од гледањето се поинтензивно, вестите пошокатни (за да го зграпчат вниманието од типот „денес умре тој и тој“; „пак убија човек “, „жената го закла мажот на спиење“ „невенчаниот сопруг ја држел против сила пет дена жената“, „Таа го покажа меѓуножјето“, „Видете го задникот на онаа“), приказите на поедноставени, трпението помало, медиумите се хранат од негативни емоции, ги умножуваат и тоа само додава дополнително на антагонистичките односи... Сѐ ова придонесува кон поголема хоризонталност, упростување, бинаризација, црно/бело разбирање на светот, губење на нијансите... Тука некаде се и машки женските модели, како последица... Наместо мажите и жените да имаат поздрави односи, и да култивираат разбирање, комуникација, заедничко решавање проблеми има тенденција на раздвојување и оддалечување, мажите се мажи, жените се жени...,а, сите се жртви и сите страдаат и сите мислат дека се во право, зошто сѐ повеќе живеат во својот „меур“. И поради промашените хибридни модели, и поради интергенерациската меѓузависност, и поради финансиската ранливост... И ова создава констатен антагонизам.

    **

    Токму затоа, нема да учествувам, да се надоврзам на она погоре, на (1) генерализации (сите искуства се конкретни, или се мрежа од конкретни искуства, иако луѓето природно им доаѓа да генерализираат) (2) апстракција (повикување на општи апстрактни именки (патриотизам, запад, исток, македончето, странците, женскиот род, итн.) (3) бинаризација (мажи/жени, стрејт/lgbtq+, млади/бумери, ние/вие, јас/светот, итн) или општи трендови (светот пропаѓа, секаде е подобро, тури ѝ пепел на земјава, итн, итн.)

    Многу е поинтересно, за мене барем, е да се види зошто нештата се такви какви што се, кои се механизмите што ги предизвикуваат, како едно нешто се поврзува со друго, зошто конкретна личност има одредено мислење и одредено однесување, како да се разбере позадината, како да се поврзе целината, итн.

    п.с. Намерно е долг постов. Еве, ги охрабрувам и другите да пишуваат долго и аргументирано. Јас ќе ги читам.
     
    На see.emily.play, Albertos, M&M и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.747
    Допаѓања:
    13.627
    Пол:
    Женски
    Треба колективна свест за живеење во зграда, не може да живееш во центар на главен град, во зграда со над 50 станови, и во 12 на полноќ да урлаш по маж ти.. Па каква сака нека е причината за караница, цела зграда не смее да трпи поради вас..
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    3.420
    Пол:
    Женски
    Мене ми е поразително што немам запознаено маж во Мк што го рекол ова: Што е со маживе? А од сите тие што сум ги запознала си го имале повеќе или помалку тој boys club mind state, да си се бранат едни со други. И баш убаво кажано, колку што се обидуваат да се издвојат од чопорот, стануваат дел од него со фамозното: Ама и жените...бла бла бла Искрено прв пат кога запознав маж што нема boys club менталитет, маж што е феминист во секоја смисла на збор и дело, си помислив: овој е Еднорог :D Ама ок, најверојатно јас сум налетувала на вакви тригернати (а и почесто токсични) мажиња. My bad luck. Затоа си се венчав со "Еднорогов" што не е македонец. That's my good luck:)
     
    На CoverGirl10, FriendOfDorothy, RainBow и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    3.267
    Пол:
    Машки

    Јас сум феминист. Но, не мислам дека додавање антагонизам во и онака кревките односи меѓу мажите и жените, и морам да потенцирам, било од страна на мажи или жени, е феминизам или придонесува кон разбирање меѓу половите, а сме „смислени“ да живееме заедно, зашто не можеме поинаку.

    **

    Фала ти што си ме читал. „Акцентот“ беше ставен (или изгледа дека е ставен) на мажите конкретно таму, затоа што мажите беа „генерализирани“ и тоа не мислам дека решава што било. Дури напротив. Ако гледам споредбено во, многу други постови, несразмерно повеќе (ова сепак е пред сѐ женски форум) во јавниот дел од форумов поддржувам жени, сум притиснал „ми се допаѓа“ на жени кои поддржувале други жени кои имале потешкотии со проблематично однесување на мажи, а и сум се допишувал низ пораки со жени (девојки) нашироко и надолго, кога имале проблеми со мажи, со надеж дека ќе им го дадам вистинскиот совет.
     
    Последна измена: 2 февруари 2025
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.194
    Пол:
    Женски
    Наместо да го пропагирате клишево за заеднички живот и *разбирање меѓу половите* може едноставно да кажете, да така е, кај огромен дел од машката популација владее неодговорност, импулсивност и непромисленост, далеку повеќе отколку кај жените. Нели под претпоставка дека вие не сте такви, ама штом не сте ваљда не ви е тешко да ја воочите таа статистика. Што е тука толку тешко?

    На крај краева, баш мажите први се да кажат дека ,,женските деца побрзо созреваат" кога се работи за некое хехенце, ама кога треба да признаат системско проблематично однесување, тогаш нее, генерализации биле, антагонизам било. |(
     
    На sweet-cherry, Srckata28, Ugly Duckling и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    3.267
    Пол:
    Машки
    Не го пропагираме, ние не сме Борг, јас го пропагирам. Не живеам во колективен ум. Не сум одговорем за „мнозинството“, како ни ти за другите девојки/жени. Со статистика најлесно се лаже.

    **

    Станало клише затоа што многу пати се повторило. Работата е што правиме со тие клишеа.

    **

    Точно. Девојките созреваат побрзо, но, до извесен степен, потоа нивото е исто. Биологија.
     
    На M&M и eliesaab им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.342
    Допаѓања:
    190.179
    ВаУ. Го прочитав долгиот пост:sweat:. Се ми е јасно, и за телевизиите (страшна ерозија и на говорниот јазик забележав, под влијание на синхронизации, страшни акценти) и за механизмите на поларизација., Ама мене ме интересираат решенија, не само зошто е како што е, има ли решенија всушност?
    Подолго време се вртиме околу темава на поларизација и никако да се отвори посебна тема, само тинејџерско препукување тек-тук, мажите вакви, жените онакви. А може и се отворила тема, ама сум ја превидела:smirk:. Ај провери, кажи, би го продолжила муабетов таму.

    Дали некој сеуште знае што е Борг :D?
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    3.267
    Пол:
    Машки


    Решенијата. Комуникација, комуникација и комуникација, во три збора. :)

    Може да отвориме нова тема, ако не постои, добра идеја. Би било поконструктивно.

    Се извинувам. Еве за тие што не се Треки... https://memory-alpha.fandom.com/wiki/Borg
     
    На Biljarkata и M&M им се допаѓа ова.
  19. vans001

    vans001 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2025
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    52
    Што е бе со авионскиве несреќи :worried: за една недела треба да летам не ми треба ова :doh:
     
  20. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.434
    Допаѓања:
    22.165
    Пол:
    Машки
    Комуникација може да има до бесконечност, ама дали има разбирачка или нешто што велиме "златна средина" ? :)