Точно е дека генерализациите често се проблематични, али истовремено се и неопходни за да можеме да комуницираме комплицирани идеи. На пример, кога зборуваме за младите денес, во некоја мера, мора да генерализираме за да доловиме трендови. Прашањето е каде е границата меѓу корисна генерализација и опасна стереотипизација. Во контекст на дискусијата од погоре, асолутно никој не зборуваше за мажите како целина, туку за однесувањето кое е забележано низ статистиката. Вистина е дека мажите почесто преземаат ризици во сообраќајот и имаат поголема стапка на несреќи. Ова не е напад врз нив, туку реалност која бара анализа за подобрување на безбедноста. Ако навлегуваме во детали, причината не е само биолошка, туку е и резултат на комплексни социјални, културни и психолошки фактори. Мажите често се охрабрувани да бидат храбри, самоуверени и склони кон ризик, додека жените се воспитуваат да бидат претпазливи. Овие разлики, секако дека влијаат и на возачкото однесување. Фокусот не треба да биде на вина, туку на решенија. Признавањето на ваквите обрасци, овозможува поефикасни стратегии, подобро сообраќајно образование, таргетирани безбедносни кампањи и приспособени мерки што ќе го намалат ризикот за сите. Големите системски проблеми се есенцијални и многу важни, точно. Но игнорирањето на секојдневните фактори како безбедноста во сообраќајот значи пропуштање на можност за реална промена. Историски, женските права (право на глас, образование, работа, сопственост) се добиени преку активизам кој често бил доживуван како антагонизам, но само од оние кои сакале да задржат статус кво. Ако зборувањето за нееднаквостите меѓу мажите и жените се доживува како напад, тогаш проблемот не е во феминизмот, туку во отпорот кон промени. Евентуално во погрешна перцепција, секоја критика да биде разбрана како напад, наместо како обид за подобрување на општествените односи. Одлична анализа на медиумското и општествено влијание врз луѓето! Сериозно го мислам ова. Али, дали сега да ти кажам дека генерализираш? Сакам да кажам, се враќаме повторно на тоа дека генерализацијата е некогаш неопходна. Имаш доста валидни точки во текстот, но истовремено и субјективни интерпретации, претпоставки и генерализации. Иначе, секој историски период има свои механизми за контрола и манипулација. Денешната разлика е во брзината и обемот на дистрибуција на информации. 45 ниво на фортнајт е типична анегдотска критика на модерното време. Многу млади имаат практични вештини, но ги изразуваат во различен контекст (преку онлајн туторијали, проекти, кодирање, вештини кои не биле релевантни во претходните генерации). Нивната хибридна социјализација навистина создава разлики во навиките, но тоа не значи дека се неспособни за практични вештини. Едноставно, нивните приоритети и начини на учење се различни. Дигиталната култура нуди многу позитивни можности, како пристап до информации, учење и нови начини на комуникација. Не сите пензионери гледаат турски серии, исто како што не сите млади користат само Нетфликс и торенти. Ова не е генерализација, ова е стереотип. Турските серии и домашната продукција се дел од комерцијалната стратегија на медиумите, али идејата дека тоа го бара народот, не е апсолутна, туку е и резултат на пазарни услови и евтини алтернативи за исполнување на законските регулативи. Политичката и медиумска манипулација преку сензационализам е реален проблем, особено со алгоритамските ехо комори што ја зајакнуваат поделбата во општеството. Меѓутоа, динамиката меѓу генерациите и половите не може да се сведе само на медиумски инженеринг, тука играат улога и економски, културни и социјални фактори. И да, родовиот антагонизам постои, но е резултат на повеќе фактори, не само на медиумите.
Во третата каде што јас како Македонец би сексал некоја Норвежанка и каде што двата би биле гласни и насмеани во исто време.
Прочитај го мислењето за Македонија и Норвешка на членот кој го цитирал. Вели дека Македонците само се дерат и предизвикуваат страдања, а Норвежаните само се смеат и на секого му го мислат само најдоброто. Што не е точно. Што е глупаво и навредливо мислење. Како да му е испран мозокот или не гледал вести за насилни инциденти во Норвешка. Во секој народ има и добри и лоши луѓе. Нели има тема Глупаво Прашање и Глупав Одговор. Епа и за вакво глупаво мислење да размислиш како ќе му треснеш дека му е глупаво трескање. На ваков член или ќе му вратиш директно или индиректно преку сарказам или хумор. Секој бира како да врати. Некогаш наместо да се суди треба да се застане. Да се анализира. Некогаш тонот е јасен и од употребеното емоџи. Братот често бира да цитира со употреба на вториот начин.
СДК - Чекам да дојде 15:30 и да се случи колапс на американската берза. Во тек е трговска војна.. Какви морони го водат светот !
Никогаш во животот не би сакала да бидам обвинител, буквално сите ќе те мразат, секаде ќе имаш непријатели, не би можел да одиш до маалска продавница да си купиш цигари без обезбедување, ни ти ни твоето семејство.. И двајца различни обвинители никад нема да донесат иста одлука за ист предмет бидејќи тоа се заснова и дел на лично гледиште на обвинителот на предметот, неговата подмитливост и сл., мада кога ќе си помислам, за мене е баш таа професија, бидејќи секогаш сум реална, а реалноста некогаш боли.
Сакам да кажам, остарев на форумов, се зачленив далечната 2018 за да прашам за државна матура некое прашање, и останав..
Абе ти ме зезаш или чекаш на тајм. мк да кажат? Цените на плинот никогаш повисоки, ама регулаторна во мк ќе поефтини горива
Вчера искешираа 2 миљарди од крипто. Денеска купуваат биткоин ко луди. Доларот скоро го стигна еврото. Логично е нафтата и плинот да се качени малку ама не гледам на нафта да има некоја драстична промена. Лнг не пратам, никогаш не сум прател. Од тарифиве на трамп се очекуваше да има пад на цел маркет ама ете се премислил. Падна нвида точно докај шо ти нацртав некни на графикот и тргна нагоре. Сеа за сеа се е во лер, со овие тарифите шо ги става многу фирми нема да можат репроматеријали да набават, ќе им падне продуктивноста ќе има луѓе без работа, може тоа му е целта за да крати даноци, и да почне да принта пари.. Моментално е неизвеснос и е супер, ако мислиш дека сега е лошо, да не ти кажувам како може да биде. Ќе пратиме ситуација
Па Европа на лнг вози- таман во провалија. И знам како може да биде, натаму одиме. Сдк- забавното е ко ќе учиш историја по втор пат во животот, со дете, а паралелно гледаш надвор -историјата се повторува. Се според книга. Добро, волкот може е сега мечка, ради мизансцен , ама небитно- приказната е иста. Јеботе описменех, ништо не научивме.