Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.596
    Допаѓања:
    63.115
    Пол:
    Женски
    Аааа, ова било од тој сарказам што уствари треба да ни го објаснат ко на глупи.

    [​IMG]
     
    На Srckata28, Tinaaa, Angie1432 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.796
    Пол:
    Женски
    A шо е унаги, знаеш? :D
     
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.908
    Допаѓања:
    23.746
    Едно нешто што многу ми е жал кај многу луѓе е што ги ценат другите по тоа кои се, а не какви се.
    Од родена мајка и татко и брат и сестра и додај по желба ќе трпат најдолни понижувања, насилство, навреди ама абе една е мајка/фамилија. А за дечкото/девојката што душата ќе си ја даде за нив, нема да му се најдат во лошо оти "не ми е маж/жена". Недајбоже за фамилијата нивна да им се најдете, абе што ми се они на мене, не ме пораснале, ее од вчера ги знам, сеа ќе им помагам, ја не губам време на небитни.
    Оќе, оставете дома некој да ве прави подолу од гомно, пошто многу се цените себе да не губите време на луѓе што не ви се ништо.:l:
    И така со години се лажат себеси за емоциите, за кого сакаат, за кој треба да им е важен во животот. А за што? Ни сами не знаат. Оти ги родиле само.
     
    Последна измена: 3 февруари 2025
    На hermosa, eliesaab, Miss666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.596
    Допаѓања:
    63.115
    Пол:
    Женски
    Како не знам, salmon skin roll :D
     
    На thinkerbell, Feniksgirl и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  5. Tomasa

    Tomasa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2023
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    825
    Пол:
    Женски
    Не ми се јасни.. Пријателите на братт ми кои цело време едни та исти нон стоп ми праќаат срциња на чет и реагираат на секое можно стори..
    А уште по нејасни ми се пријателите на бившиот кои што ми пишуваат со намера да излезат со мене..
    Каде е почитта? Совест, осет...
     
    На mickey18 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    3.267
    Пол:
    Машки
    Прво, фала ти што издвои време да составиш аргументација. Генералниот впечаток, ми е е дека речиси за сѐ се согласуваме. Тоа што ти го кажуваш го разбирам како (ре)формулирање на тоа што јас го изразив низ неколкуте мои коментари. Но, би сакал да се надоврзам на твоето за „дебатата“ да биде уште на едно ниво погоре. И ќе го коментирам тоа што си го напишала, дел по дел, како пример како едно допишување на ваков форум би требало да изгледа. Верувам во давање позитивни примери и модели (пример од кој поголем број луѓе би имале корист) низ конкретни постапки. Постапка во случајот е начинот на изразување и аргументација.



    Се согласувам, нема когнитивно суштество (дури и вирус, животно, или В.И. агент) што не генерализира. Има различни нивоа и со различни цели. Инаку, генерализациите се клучни за луѓето за да учат на основа на стекнатото искуство. Дали тоа ќе оди во позитивна насока или негативна зависи од актерите на таа генерализација. Со други зборови, важно е ШТО ПРАВИШ со генерализациите. Во невронауките постојат две когнитивни нивоа. Едното е имплицитно (систем 1, несвесно ниво) и другото експлицитно (систем 2, свесно ниво). Луѓето имаат контрола на второто ниво, сите останати немаат (В.И. до сега барем, животни, итн), немаат ни тие на имплицитното ниво. Многу широка теорија, ако сакаш ќе обезбедам референци, да не ги заморувам луѓето овде со референци (статии, книги). Јас мислев на експлицитното ниво на генерализација, кое е злоупотребено.

    Луѓето во дебатите, овде и не само, генерално „жонглираат“ со двете за да направат поента и често да ги злоупотребат. Ако треба конкретно да се изразам, тоа што јас го нарекувам генерализација е претерано злоупотребено генерализирање на експлицитното ниво, еве да бидам попрецизен. И тоа се злоупотребува на многу начини... Конкретно на форумов се користи неоснована статистика (како показател на некаква оправданост, главно луѓето не се разбираат од статистика - со чест на исклучоци со некои сум се допишувал - многу сериозна, комплексна и интересна наука, ниту пак од основи на методологија на истражување и ја лепат арбитрарно „статистиката“ ), потоа имаме „колективно психологија“ на групирање кои што води кон confirmation bias (си го потврдувам тоа што претходно сум го мислел вртејќи ги нештата како што ми одговараат со тоа што се силам со „моите“ против „другите“ за себеси да си додадам вредност на сметка на другите), агресивност (преку сарказам или директно навредување и омаловажување) без нудење некаква солидна аргументација, давања мислења на основа на своето искуство, без и притоа да се заинтересираат за конкретните проблеми, преку поставување на отворени и конкретни прашања на другиот, недостасток на човечка емпатија, налепување на своите проблеми на другите луѓе за да се занимаваат со себе (и да си разрешат некои сопствени минати трауми), а не со човекот кому му треба некаков совет, итн. Така се злоупотребуваат генерализации. На тоа мислев.


    Би се надоврзал и рекол дека дека корисна генерализација е таа каде генерализацијата е во насока на додавање нови решенија во една релација, заедница, општества, мислам на решенија кои функционираат и кои доведуваат до поголема благосостојба на животите на луѓето. Тоа е основната граница за која ти се прашуваш, тестот за корисноста. Во таа смисла, сум апсолутен прагматичар, демократски прагматичар.




    Јас прочитав многу напади за мажите во целина на форумов , за нивната „токсична машкост“ (термин кој го подразбира кој како сака и го имплементира кој како сака) и во врска со сообраќајот и по однос на многу други проблеми. Овде сум многу долго време. Можеби сме гледале на друга страна. Колку е реалност, не знам. Статистика е цел ѓавол, а деталите се важни. Јас се интересирам за епистемологија на статистика, па може да продлабочиме, ако сакаш.



    Се согласувам со ова целосно.



    Апсолутно, со ова се согласувам многу. Одлично кажано, во контекст на конкретен проблем. Ова и јас сум можел да го напишам. Но, ова многу малку го гледам на форумов и во таа насока беше мојата реакција.



    Како и сите човечки постигнувања, и на мажи и на жени. Дополнително, и мажите учествувале во имплементација на женските права. Исто така, треба да се знае дека има неколку бранови во феминизмот низ различни временски епохи. Многу често гледам дека се прави некаков амалгам од сите феминистички движења и секој си зема што сака, но, треба да се прецизира... Сега живееме во четвртиот каде е клучен интерсекционализмот (обединување на повеќе типови нееднаквости и ограничување на ресурси), и многу „феминистки“ (иако не го сакам овој збор) зборуваат дека во нив треба да бидат вклучени и правата на мажите.



    Јас ЛИЧНО, можам само да зборувам во свое име, зборувањето за нееднаквостите не ги сметам за напад. Дури и инстистирам за тоа да се зборува. Треба да се зборува за нив, иако мислам дека (не)еднаквостите се само дел од цела мрежа на проблеми, не се сведува сѐ на еднаквост, па и права и слободи. Се согласувам дека сите промени кон подобро повлекуваат отпор. Ова не важи само за четвртиот бран на феминизам. Зборува за сите движења кон подобрување на благосостојбата на општеството во целина. Јас се сметам себеси за феминист (не, само, се разбира), но морам да кажам дека под феминизам НЕ подразбирам злоупотреба на трендови, помодност, и претерани генерализации на штета на хармоничните односи, разбирање и на мажите и жените, и додавање антагонизам на постоечкиот антагонизам. Човечкиот род е биолошка целина, мажите и жените се компатибилни и се потребни едни на други. Сѐ што ќе оди во прилог на подобар живот на поздраво партнерството, разбирање меѓу половите (родовите), поддржувам.



    Фала за комплиментот. Секако дека имам субјективни интерпретации, јас сум субјект, не сум колектив, иако припаѓам, интерсекционално и на колективи, но, не сум ИСТ со нив. Не сум ни збир на идентитети кои произлегуваа од припаѓањето на тие колективи/мрежи од луѓе. Не сум ни агрегација на статистички податоци. Кога не би бил субјект не би ни дебатирал ниту пак би се интересирал за тоа што мислат другите.



    Верувам дека во времето на ловци-собирачи немало таков тип на манипулација и контрола, да.


    **

    Се согласувам до некаде со второто Не е само анегдотска забелешка, имам соодветно образование и истражувачко искуство. Имам пристап до искуства на луѓе во образованоето и има огромно влошување на основните човечки когнитивни способности. Дај боже, 45 ниво на фортнајт само да се додаваше како плаг-ин на другите вештини, што другите генерации веќе ги совладале...Има млади со практични вештини, мислам дека реков, НЕКОИ и инсистирав на ова. Човечкиот когнитивен апарат е конечен. Вниманието е намалено, учењето на основа на искуството на другите е намалено, и хоризонтално и вертикално. интергенерациското пренесување на знаење, секаквото повикување на авторитети е исто така многу намалено, и ова повлекува група на други негативни феномени. Нешто да се проблематизира не е секогаш во позитивна насока, за жал...Новите медиуми во сооднос со тековната глобална економнско-политичка состојба не е иста со мрежата од односи кога се појавила телевизијата, или персоналниот компјутер, или се појавила фотографијата, мамузите, или парната машина...


    И еве да го повторам твоето за погорниот пример за сообраќајот. Треба да се констатираат и овие проблеми за да се тргне со некакви решенија.


    Се разбира, да не се разбереме погрешно ова не е вина на „младите“, на „децата“, или „родителите, „професорите“, на еден фактор, учесник земен одделно.И ова го потенцирав неколку пати. Цела мрежа на фактори, некои од нив емергентни, што никој не може да ги претпостави во која насока ќе одат.



    Се согласувам. Овде се надоврзував на претходниот член, кој ги спомна турските серии, јас сакав да ги поврзам нештата во целина, за да покажам дека нештата се вмрежени и заемно поврзани. И ова беше некаков арбитрарен избор, со генерелизации, се разбира. Сакав да покажам дека треба да се гледа ЦЕЛИНАТА. За сосема длабока и издржана анализа треба многу повеќе. Апсолутно и за второто, има многу фактори кои ПРЕД СЀ не се должат на медиумите. Мислам дека јас зборував за спрегата на интерес меѓу сопствениците на телевизии, рекламните агенции, фирмите, политичарите кои наметнуваат извесна програма, имено „турски серии“ ... Тоа се економско-политички услови кои се пак дел од глобален систем. Тоа на повеќе наврати го потенцирав.

    „Тоа дека го бара„ „народот“, го спомнав како искористен изговор од страна на телевизиите, со мала иронија.


    Апсолутно. Претпоставувам се надоврзуваш на мене. Ни јас не го тврдев спротивното. И погоре, исто, не мислам дека сѐ се должи САМО на медиумите, повторувам.


    Убава вечер
     
    Последна измена: 3 февруари 2025
    На Lianna Anna и Milaaaaaaaaaa им се допаѓа ова.
  7. mickey18

    mickey18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Машки
    Ако ти смета зошто не ги избришеш од пријатели, или не му кажеш на брат ти дека ти смета тоа?
     
    На Billy Idol, eliesaab, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.421
    Допаѓања:
    16.840
    Нема поверен пријател од кучето.
    Веќе го сфатив тоа.

    На дотична особа и кажав се за една работа и кога дојде за мене, а бе само ми вртеше муабети, па како не знае, па како ќе ми кажел ако има отворени позиции.. Па немало сега. Па се само да не кажи дека е вработен.

    Прееска, имаше едно куче, го погалив и идеше до дома мене еј!
     
    На Tomasa, hermosa, NPN и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.552
    Допаѓања:
    14.482
    Па дали сумњаше ти у ова?? Се подразбира дека така е. :l:

    Туку, замисли луѓево да беа ко нив, кучињата, замисли само..
     
    На Bratot, eliesaab, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  10. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    13.196
    Пол:
    Женски
    Ме потсети сега кога имав едно маалско куче од мала ја зачував, ја ранев, се грижев за неа, и кога потпорасна сама ме одбрани од чопор кучиња. :l: Да не беше таа кучињата ќе ме изгризаа за доручек, беа поголеми од мене. Душа најмила беше Лала. :l:
     
    На Bratot, Mrs. right, FriendOfDorothy и 2 други им се допаѓа ова.
  11. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    3.420
    Пол:
    Женски
    Кејт а ти да не си љубоморна на Норвежанките, за тоа каков маж би ќариле 8) :D
     
    На Angie1432, KateKane и GirlLove им се допаѓа ова.
  12. HappyMe123

    HappyMe123 Нов член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2025
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Машки
    Бидејќи сме на женски форум, ајде да направиме една споредба помеѓу жените во Македонија и Норвешка.

    1. Колку проценти од жените во Македонија и Норвешка трпат секојдневно психолошко, вербално, физичко и сексуално насилство? На улица, во дискотека, во автобус, на работа, во сериозна врска, во брак.

    2. Како реагира полицијата во Македонија и Норвешка при пријава за сторено насилство врз жените од страна на мажите?

    3. Каде жените се чувствуваат побезбедни? Во Македонија или во Норвешка.

    Се надевам сега сум многу јасен.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.596
    Допаѓања:
    63.115
    Пол:
    Женски
    Доста бе па ти, не ме издавај ;(:D
     
    На BlackAndWhiteSwan му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.552
    Допаѓања:
    14.482
    Измив коса со гел за туширање(не ми е првпат) :| но косата никад поубаво не ми мирисала овојпат, :inlove: а и вака добро е измиена :?:

    Добро, гел за туширање и регенератор малку. Го осеќам мирисот на гелот :inlove:
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.421
    Допаѓања:
    16.840
    Ставање стори, почна да ми станува излишно.

    Нека измислат нешто ново...
     
    На mickey18 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    1.793
    Пол:
    Машки
    Му даде ли нешто барем да касне на кутрото, тоа те е препознало дека си добар човек и затоа ти е правило друштво до дома.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.222
    Допаѓања:
    5.084
    Пол:
    Машки
    И покрај толку прекрасни песни ко:





    https://youtu.be/dsf3hAmiPrk
    https://youtu.be/0mp7nmwXLTA
    ние пак слушаме цеца, јелена розга и аца лукас. Сами си ја упропастивме државава што не им даваме можност на младите таленти и наместо нив да ги промовираме ние на стори на инстаграм ставаме песна од ацо пејович.
     
    На Tomasa, M&M, Adidas888 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.858
    Допаѓања:
    163.434
    Кога ќе се каже доминантна жена има два начини:
    1. Доминантна со култура, став, однесување, почит, жена кавалер, отворена за дискусија, асертивна во секој поглед
    2. Доминантна од што никој не ја поднесува и и попуштаат за мир во куќа за да избегнат тантрум и хистерија

    Изберете сами која ќе бидете, иако доминираат доминантните под бр.2.
     
    На Estranged, Tomasa, Tinaaa и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.433
    Допаѓања:
    22.154
    Пол:
    Машки
    Јас цело тело и гла мијам со шампон со кој без проблем тепиците и колата ја мијам, шо е толку страшно? :D
     
    На Realist1 и DS10 им се допаѓа ова.
  20. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.421
    Допаѓања:
    16.840
    Шо е финтава ако се знаеш со некој?!

    А бе земав (не знам што таму) од кај (прекар) а бе ептееен си живееме...

    (facepalm)

    Wow!

    Чуече, ма што збориш?

    Јас со него /нејзе вака, така.

    Па, кој како му рекол на газдата што он /онаа ја знае.

    Па рекла казала муабети,

    Уште се чудам како на 40 години уште се фраерски муабетиве.

    Или па кој колку може да пие, па ле колку испиле в кафана коа седнале, па колкава сметка.

    Па, и газдата на не знам што седел откриши него,па му рекол здраво, па се поздравиле, па па.

    Аман само нервози со вас :sweat:;( :D
     
    На Tomasa, Mumoftwo30, Cutiepie1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.