Таксистиве не знам кој филм го глеедат значи во мал град за 2мин во кола земаат 120-130ден. Мене ми е лудо, дали сакат само еднаш годишно да возат или секој ден?! Ако им е малку тогаш нека им ги качат платите, шо има народот да те плаќа? Исто ко маркетиве се напрајле Друго ако ти бараш 100ка старт возење не треба да возиш КРНТИЈА, не треба да смрдиш на лук како и цела кола, лето треба ладно зима топло в кола, треба да издаваш фискални сметки, да пуштиш таксиметар! Е*ем маму вашу ако не ти се исплаќа не работи мене не ми паѓат исто од небо парите
Ма не е народот толку прост колку шо проста раја и општествен шлајм се има насобрано на едно место... А и можда е не знам. А за пи*каст, е пи*каст си е... Пс. Је*еш што "сакаш и поштуеш" си го добиваш она што го заслужуваш и дозволуеш.
Јас не сакам да возам ако знам дека ќе пијам алкохол, дури и 1-2 чаши, па секогаш излегувам навечер со такси. И секогаш сум со истиот заклучок, јас пијана побезбедно ќе возев (хипотетички, не би возела), отколку таксистот што ме префрлал. Секогаш над дозволена брзина, знаело и да мириса на алкохол во возилото, колата се распаѓа, возачот упорно ми прави глупи муабети, и на крај ќе ми наплати 300-400 денари за 2-3км. Секоја чест на исклучоци (wizi, beeride се океј), ама повеќето се ужас.
Океј се овие од beeride, брзо стигаат? Ќе морам покасно навечер со такси да се враќам, ама ме мава параноја дека претходно не сум се возела особено сама.
Некни такси во Битола ми зеде 120 денари во еден правец за растојание за кое само до пред нецела година имав плаќано 80. Овие повеќе се избудалија од маркетиве се чини. А тоа што велиш, барем услугата да е топ за тие пари, а не кола во распаѓање. Искрено едвај чекам да си купам моја кола и да не се замарам повеќе со нив, ама па некогаш за викенд ќе излезиш ќе сакаш алкохол да пиеш и мораш пак со такси, а па за викенд навечер да ги добиеш на телефон воопшто е како на лотарија.
Тие таксистите во то кочијата од кола си вадат цени како што им одговара. Во Прилеп значи ем се прескапи, ем идиоти по понашање, ем откако че излезиш од таксито мораш да ги фрлиш за перење алиштата, смрдат корнат и маслосани в крај. Значи 150 денари пред година дена ко одев Битолата ме кошташе 150 денари Прилеп - Битола, а откај мене до автобуска да викниш такси 130 денари. А да бидиме искрени не е разлика од еден крај на друг. Не се реални. И врв на сето ова еднаш влегов во такси со храна убаво спакована - скара беше. Влегувам внатре седиштата искинати ко со волци да се борел внатре, ми прај кисела фаца пази да не накапиш ми вели... Си помислив во ум да му речам да ми дај 3 лајци кутлачи прашак за алиштава шо ги извалкав шо седнав во кочијава твоја..
Обично со свое возило одам, но испадна ситуација само шо поскапија сега по некој ден се пикам во такси и ми кажва со полна уста таксистот дека поскапиле дали сум знаел, му велам да знам, продолжи да вози и да гнети од бурекот а во кеса до него и неколку кифли оставени, колата крш, мирисот внатре комунална хигиена, му прам крена стандардот брат а (дека гнети од бурекот го заебавам) и овој окезен ми врти со глата лево десно демек да да добро е, ахх си велам да слезам само да не го гледам ужасов поќе...
Колку било посебно убаво коа ќе си ја најдеш твојата сродна душичкааа Неописливо Не знаев дека било вака Ви посакувам на сите, доколку ја немате пронајдено Рај бе, рај Зашто порано не те најдов? Зашто толку време ми требаше, и се премислував?? Ајде, битно си мој
Ви текнува кога како мали игравме топка во маало и секад имаше едно дете што ќе донесе топка и ќе кажува како ќе се игра, и ако не е по негово си ја земаше топката и си одеше дома.. Епа јас бев тоа дете..
Што е со програмиве на тв, кај и да сврти човек само за болести се рекламираат лекови, ајде тоа ок, ама сител, канал, алфа, болести само, бог да чува, бетер од турскине серии.
Ако почнеш да гледаш ќе оболиш, гледам во последно време и на некој сајтови истото се сличува кликаш на сајтот и после цел сајт е лекови и болести и тоа со слики па додека да го најдеш постот стрес ќе се наполниш…
Секое сабајле ги вртат најмногу тие реклами за да им го соберат кешот на пензионерите, бидејќи тие гледаат тв тоа време.
Имаш право, ама и поручек почнаа, баш баба ми неколку пати порачува и самата кажува дека нема некој ефект и уште порачува