Ее значи ќе се најде некој и ќе ти го расипе денотт.. Неможам да ги разберам.. ако си ти нервозен не ми ја префрлај нервозата...
Од ко кренаа лани пензиите појачаа и овие со минутажата на реклами за да ги исцедат до последна пара.
Се прашувам што значи кога ќе ти лајкне инста стори од тебе дечко (што си го заследила претходно) кој не го познаваш.. Многу ми е детско и безвезе не знам како да го сфатам воопшто.
Нема поголема болка и тага од таа која ја доживува родител кога ќе му почине детето, тие луѓе после тоа не живеат, како живи мртовци се..
Ми се свиѓаше стилот на објави, инспиративен профил за мене (не става лични слики), паблик профил е, од таа причина еве ако го разбрав прашањето.
Денеска ја изнавозив колата колку цел месец шо не сум ја возел. Ајде уште Битола да појдам на сликање наредна неделаааа, одамна не сум ја видел Битолата убав град со убај лујџе.
Што е со луѓе што идат во теретана за да одат на трака цел саат, демек кардио ама надвор од теретана од 2 чекори се заморуваат? Недајбоже по скали да треба да се качат.
Еве јас сум една од нив. 40 мин. на трака сум минимум. Е сега има разлика од одење на рамно (без incline) и одење на 15ка incline. Јас одам најчесто на 12 (многу е битно да не се држиш за справата додека одиш). И стварно се праам жива вода. Е јас па тие што одат без incline не ги разбирам. Многу сакам да одам пешки надвор ама стварно од воздухов нос ме пече.. И на трака сум ко по угорница нели тоа е поентата на incline-от. Некад вежбам навечер во 8/9 а немам услови да зеам Водно да го качувам тој период не е ни безбедно тогаш, па трака во теретана е совршена замена. Уствари, се пронајдов у мислењево само до твојата прва запирка..
Кој рекол дека сопствен бизнис е лесна работа, лажел! Со секакви болни исфрустрирани човечиња се занимавам уште рано сабајле. Значи едуцирајте се, лечете се, има начини, не пумпајте и други луѓе со вашата неукост и фрустрација.
Уфф, само шо станав и уште очите ги немам одлепено и читам твојот коментар, глеам Битола пише и прочитав ---Денес ја измолзив кравата....
Секогаш ќе ми биде мило кога ќе сретнам случајно или договорено колега од факултет, со тие луѓе заедно учевме, се смеевме, се жалевме едни на други пред испити, станавме луѓе, а сега скоро сите се на различни страни од светот.. Кој би рекол дека и на мене еден ден ќе ми недостасува некој..
Сакам да прашам дали сте дошле во ситуација да ви се се*е од некој муабет? Не муабет за превртување очи оти благо е тоа, туку баш онака да ви се се*е?
Не знам, ама еве имам другарка трипати неделно иде така, по саат време оди на трака ама надвор кога ѝ викам да пешачиме, аа нозете ја болеле. Затоа не ги сфаќам ваквите.