Полнач од телефон не давам пошо ми ја виткате жицата и ја тегнете. Си го чепкате телефонот. Не, не сум себична.
Што им се врти во глава на овие што возат кола и истовремено го снимаат патот пред нив со телефонот за на стори со некоја песна во позадина што боди в мозок. Абе не сте фраери/ки, умноболни сте и опасност за околината. Барем мислете прво за вашиот себичен газ кога не мислите за другите, дека можите да се акните некаде на место да останите.
Да се надоврзам на ова погоре Не коментирам за правописов и стилов, туку поентата. Колку јака ни е младинава, и кого све идолизира, секоја чест Секоја чест и на постарите што величат вакви кретени.. И шо се палат на нив
Епа може и ти на него му се "свиѓаш" или твоја објава му се "засвиѓала. Шо ви је бре деца не може човек нзс да ви најде. Ем да ти го стават ем да не ти влезе. Поговорка е ова цензура не ми треба.
Ти благодарам "госпоѓица десно" сакав да дознаам кој е Раде не знаев од кај да почнам. Си мислев да не излезам надвор од колосек, демоде и слично, како можам да си дозволам Раде Штикли да не го знам а тој бил толку популарен и децава го идолизираат. Ништо чудно, тоа е нивниот свет, секс дрога и рокенрол. Без рокенрол, тие се Теа Таирович генерација на пропаст. Тик тоци и сушење мозок па кршење кичми и фрлање од згради.
Како не си го знаела ти до сеа? Значи многу имаш пропуштено.. Бар убав ли ти е вака на слики? Јак бил го кажуваат, прејак, појак нема Далеку стигаме сите ние само вака
Не стигнав да го видам, па ти не прати слики. Многу сум пропуштила значи, ретко сум на форум, треба почесто да доаѓам да се апдејтувам, утре во друштво ќе испаднам аутсајдер.
Линкот од Братот ете го, па на инста ќе го заследиш И фоловерсите му се имале зголемено ради жениве од форумот Значи вреди чоекот
Немој сесре шекеро дваеска од шо е сладок. Од утре сум на инсулин не смеам да го заследам, а кој ќе оди по него, не е безбедно да го следам, не сум мањак плус куршуми фрчат од сите страни.
Продлолжуваат да го заебаваат оние мафијшите што сакаат да го убијат или Сашо Дуковски му е адвокат, друго нема.
Сеуште не ми е јасно кој си игра со дојавиве за бомби и како уште не знаеме кој се јавува бе?! Да не постоевме како држава, ќе не измислеа, жими се.
Сакам да им честитам на надежните идни судии и јавни обвинители-осма генерација на академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев! -Генерација осум,совесно и мудро да си ја вршите должноста. Бидете чесни,професионални и независни! Судете со интегритет! Оправдајте ја довербата пред народот во чие име и ќе носите одлуки. Имате бројни примери за како не треба,а вие бидете пример за како е исправно. Седете криво ама СУДЕТЕ ПРАВО! Во секое жито има и какол да се надеваме дека житото ќе преовладува.
Ние сме една од ретките, можеби и единствената нација која директно оди кон самоуништување. Имаме златно кирилично писмо, ние сме го создале, ние сме го описмениле цел словенски народ и пак латиницата ни е некако многу подрага. Не велам не, и мене ми се случува во чат со друштво или една обична месинџер или инстаграм порака да ја напишам на латиница, побрзо ми е, ама ја да фатам статус на фејсбук или објава на инстаграм на латиница да ја пишувам или како овај новиов портал хајп мк што дури и веб страната му е цела на латиница, ми е многу далеку од памет. Очигледно целта на овај хајпот му е да не модернизира и и ние како србите да си ги заборавиме корените и да пишуваме исклучиво латиница. Во Србија овој проблем е одамнешен и ретко ќе најдеш србин кирилица да ти пишува, сите до еден пишуваат латиница за таму некој хрват од југозападна пичковица да го разбере. Кај нас сите до еден се патриоти, а прво најважниот критериум не го исполнуваат, Македонија и Македонец без кирилицата се никој и ништо. Пишувањето латиница не е кул!
Повеќе години сите пејачи/ки своите песни само на латиница ги објавуваат на јутуб (ај разбирам неписменине иселеници од Австралија да ги најдат, ама сепак можеш и на кирилица)
Не е до дијаспората работата, да видиш ти грците како си поштуваат и Германија и Америка и Австралија да се си пишуваат со грчко писмо, нашиве иселеници ги мрзи две минути да почепкаат да си симнат кирилична поддршка.
Искрено, премногу ми боди очи латиница кога се пишува, особено на форумов или некои статуси подолги, дури и коментари. Јас ни со друштво не пишувам латиница, буквално само за на англиски пишување ми служи латиницата на тастатурава. Русите на пример секаде пишуваат кирилица, јас не сум видела Русин некаде да коментира на латиница, пример се за ценење на своето. А ние овде глумиме како не знаеме да спуштиме кирилична поддршка на тастатурата што е два клика работа. Сами си го уништуваме нашето преубаво кирилично писмо. (Инаку мене ми е побрзо да пишувам на кирилица на телефонот, бидејќи ми излегуваат предлози на зборови и често само ги кликам )